Следете не

Македонија

Секоја чест! ЛУКОИЛ Македонија доделува гориво на институциите кои се справуваат со Коронавирусот

Објавено пред

на

Во овие тешки услови од кои сме погодени сите, ЛУКОИЛ Македонија како дел од групацијата ЈАД ЛУКОИЛ, следејќи ги начелата за општествено и одговорно делување на својата групација, го дава својот придонес кон што поефикасно справување со ситуацијата со обезбедување на гориво онаму каде што е најпотребно.
ЛУКОИЛ Македонија донесе одлука да додели гориво во вкупна количина од 15.000 литри на институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот: Министерство за здравство, Центар за јавно здравје, Институт за јавно здравје и Црвен крст на Македонија.
„2020 година со сигурност сите ќе ја запаметиме како исклучително тешка година. Човештвото во моментов се справува со можеби еден од најтешките предизвици во поновата историја.
Владите преземаат мерки за справување со епидемијата, како и за намалување на штетите од потенцијална економската криза. Голем дел од бизнис секторот прави сè што е во негова моќ со цел да помогне, да ги поддржи институциите како и сите оние кои во оваа исклучителна ситуација им е потребна помош. Една стара руска мудрост вели ‘немај илјада рубљи, имај илјада пријатели’. А вистинските пријателите се тука во тешките времиња.
Искрено се надевам дека со доделувањето на гориво за институциите на системот и Црвениот крст ќе придонесеме во нивното успешно функционирање и обезбедување здравствена и друга помош за граѓаните во овој тежок период“, вели г-дин Андреј M. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
Институциите ќе добијат картички за гориво издадени од ЛУКОИЛ Македонија кои ќе можат да се искористат на бензинските станици на ЛУКОИЛ низ државата во претстојниот тежок период.
ЛУКОИЛ Македонија ја користи оваа прилика уште еднаш да им порача на македонските граѓани да ги следат насоките од Министерството за здравство за заштита и превенција од коронавирусот и им упатува желба за добро здравје.
Во исто време, ЛУКОИЛ Македонија се заблагодарува за пожртвуваноста на целиот медицински персонал, волонтерите, но и сите оние кои се директно вклучени во борбата за справување со COVID-19.
Стои во интегралниот текст на реномираниот бренд за горива во Македонија – Лукоил Македонија

Македонија

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

Објавено пред

на

ФОТО: Никола Наумоски @nikolanajk1

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.

Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Објавено пред

на

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.

Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Прочитај повеќе...

Македонија

Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Објавено пред

на

©LukoilMacedonia

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.

– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.

БС Драчево

БС Драчево

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза6 минути

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет8 минути

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди15 минути

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија3 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин11 часа

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија20 часа

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle1 ден

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин1 ден

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

Храна1 ден

Рецепт за највкусна чоколадна торта: Тајната е во овие три неочекувани состојки

Секој љубител на чоколадни торти знае дека правењето на совршено мека, сочна и вкусна торта е уметност. Но, што ако...

НАЈЧИТАНИ