Македонија
Македонец со 18 лажни идентитети предводел банда во Германија, ќе биде депортиран во Македонија
Македонски државјанин предводел петчлена банда што „оперирала“ по Германија. Уапсени се во трговски центар во Дортмунд, по што полицајците откриле дека водачот на криминалната група имал 18 лажни идентитети.
Арамиите им паднале во очи на инспекторите кога оставиле куфер во аголот од трговскиот центар. Веднаш потоа украле гардероба и чевли во вредност од илјада евра и ги ставиле во подготвениот куфер.
Но, полицајците веќе ги чекале крадците на излезот од објектот. Потоа било истражено дека три дена претходно слична акција реализирале и во Минстер.
-Додека биле во полициски притвор, откриени се нови детали. Најстариот од групата на петмината мажи (од 21 до 53 години) – Македонецот, користел 19 различни идентитети, од кои само еден вистински. Кај себе имал возачка дозвола издадена во Швајцарија, како и фалсификувана лична карта. По апсењето, Македонецот е пренесен во затвор во Падерборн, од каде ќе биде депортиран во Македонија. Другите ќе бидат пуштени, пишуваат регионалните медиуми.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Кичево18 часа
(ФОТО) Прекрасен ден со најмилите деца од Кичево, кои денес гласно го прославија „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за недела (28 април)
-
Кичево11 часа
(ВИДЕО) Погледнете ја оваа убавина од денешната поворка за Лазарева сабота
-
Култура1 ден
Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“
-
Култура32 минути
Денеска е голем празник „Цветници“, за многу години да е!
-
Спорт1 ден
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите
-
Социјални мрежи1 ден
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите