Спорт
Македонската кадетска репрезентација триумфираше против БиХ
Триумф над БиХ за опстанок во елитата
Македонската кадетска репрезентација успеа да се издигне по поразот од Русија. Избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ го добија дуелот за опстанок во А Дивизија, ја совладаа БиХ со 76-64 (19-20, 14-14, 30-14, 13-18).
Андреј Митревски одново одушеви и со 25 поени беше најефикасен во македонскиот состав. Двоцифрен учинок запишаа уште и Резарт Мемед (15) и Филип Наков (10).
Следува еден ден пауза, па дуел со Словенија кој ќе го одреди нашиот конечен пласман на ЕП.
Спорт
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
Во “Хилтон” денес се одржа вонредното собрание на ФФМ, каде единствен кандидат беше г-дин Масар Омерагиќ, со мандат до 2025 година, кога ќе се одржи Редовно годишно собрание.
– Врвните фудбалски имиња ќе бидат повторно дел, систем за подобрување на младинските категории, женскиот фудбал. Ветувам чесност, транспарентност, максимална, ќе се заложам за фудбал, за јавноста истакна Омерагиќ.
Од тука, нашиот медиум упатува срдечни честитки, за поголеми успеси и плодна работа!
Спорт
Македонската футсал селекција одигра нерешено против Андора на домашен терен
Футсал А репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Андора на домашен терен во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Нашата најдобра футсал репрезентацијата во спортската сала „Јане Сандански” не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено против аутсајдерот во нашата група.
Првиот погодок на денешната средба го постигна Петровиќ во 33. минута и ја доведе Македонија во позитива. Футсалецот погоди по асистенција на Рамадан, но радоста траеше кратко.
Противникот веднаш возврати и преку Жозеп Сегура го изедначи резултатот. Македонија во претходното коло се соочи со фаворитот во групата, Холандија и на гостински терен забележа пораз со 4:2, известува Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Вчера во ФФМ се одржа работилница за финансиски критериуми во клупско лиценцирање
Вчера во „Куќата на фудбалот“ се одржа работилница за финансиските критериуми во процесот на клупско лиценцирање, која беше организирана со цел да ги информира и едуцира сите вклучени субјекти во процесот на лиценцирање на клубови.
Работилницата се одржа во присуство на финансиски директори, сметководители и ревизори кои се дел од клубовите кои аплицираат за лиценца.
Целта на работилницата беше да се обезбедат детални информации и практични насоки за тоа како клубовите можат да ги исполнат финансиските критериуми потребни за успешна апликација за клупска лиценца. Присутните имаа можност да ги разгледаат најновите прописи и регулативи кои се однесуваат на финансиската стабилност, транспарентност и одржливост на клубовите.
Теми на работилницата беа:
Основи на финансиските критериуми за клупско лиценцирање:
Преглед на клучните финансиски стандарди што клубовите мора да ги исполнат, како што се ликвидност, профитабилност и одржлива финансиска структура
.Прописи за финансиски извештаи и документи:
Детален преглед на финансиските документи што се бараат при апликацијата за лиценца, вклучувајќи годишни извештаи, ревизии и други релевантни извештаи.
Преглед на најчести финансиски грешки и проблеми:
Анализа на најчестите грешки кои се појавуваат при подготовката на финансиските извештаи и како тие можат да се избегнат.
Презентација на системи за ревизија и контрола:
Како клубовите можат да воведат подобри процеси за финансиска контрола и ревизија за да ги задоволат барањата на лиценцирањето.
Работилницата се состоеше од теоретски дел, каде што учесниците беа запознаени со законските рамки и правилници, при што присутните имаа можност да дискутираат на овие теми. Оваа интерактивна форма овозможи поблиска комуникација помеѓу учесниците и експертите, што значително ја подобри размената на искуства и знаења.
Работилницата беше од големо значење за учесниците, кои добија практични совети и препораки за подобрување на финансиското управување во клубовите. Присутните се согласија дека најголемиот предизвик за клубовите е да ги исполнат финансиските критериуми, особено во периоди на економски предизвици.
Одделението за лиценцирање при ФФМ најави дека работилници од овој тип ќе продолжат и во иднина, со цел да се овозможи поддршка на клубовите кои аплицираат за клупска лиценца и размена на знаења и искуства, за јавноста истакнаа од Фудалската федерација на Македонија
-
Временска прогноза13 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Автомобили14 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Хороскоп10 минути
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Спорт12 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Магазин11 часа
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација
-
Социјални мрежи1 ден
„ТикТок“ станува недостапен во Албанија, владата ја затвори социјалната мрежа на најмалку една година