Следете не

Спорт

Македонската футсал репрезентација во петок гостува против Србија, три дена подоцна ќе одиграме реванш во Скопје

Avatar

Објавено пред

на

Македонската футсал репрезентација во петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе го одиграме возвратниот дуел со Србија.

Нашата најдобра футсал селекција освои бод на воведните два меча. Загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија.

Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски. Во конкуренција за настап се следните играчи:

Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи);

Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами);

Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија); 

– Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство.

Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување, изјави селекторот Васко Скендеровски.

Спорт

ФФМ почна со агендата, денес набави 15.000 фудбалски топки за сите лиги

Avatar

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија ќе им донира и веќе е започната распределбата на вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на ФФМ (1 МФЛ, 2 МФЛ, Трети лиги, младински конкуренции и Женска фудбалска лига).

Две илјади фудбалски топки ќе се распределат за клубовите од 1 и 2 МФЛ, 11.700 илјади топки се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи, младински конкуренции и детски лиги, додека 1300 фудбалски топки ќе добијат клубовите кои се натпреваруваат во женските лиги.

Набавката на досега најголемиот број на фудбалски топки по сите стандарди на ФИФА произведени и со дизајн за ФФМ, Управниот одбор на Федерацијата ја најави кон крајот на минатата година, а во текот на следната седмица клубовите веќе ќе можат да ги користат за тренинзи и натпревари.

Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија уште еднаш ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Нашата репрезентација до 19 години одигра нерешено со Црна Гора во вториот контролен меч

Avatar

Објавено пред

на

Избраниците на селекторот Влатко Гроздановски одлично го започнаа натпреварот, беа подобар противник и пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол во првите 30 минути од средбата. Во 36’ добрата игра нашата репрезентација ја круниса со погодок и водство од 1:0. Стрелец на голот за Македонија беше Бехар Фета.

Во продолжението Црна Гора притисна, нашите фудбалери се повлекоа и сето тоа резултираше со погодок во нашата мрежа. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Виктор Џукановиќ во 80’. Воедно тоа беше и конечниот резултат на оваа средба. Во 87’ Aнтонио Мирков пропушти голема прилика да и донесе победа на нашата селекција. За потсетување дека и на овој натпревар младата репрезентација на Македонија беше ослабната со неиграњето на неколку стандардни првотимци.

МАКЕДОНИЈА: 12. Гоце Јовчев, 3. Грегори Давков, 4. Реџепи Самет, 4. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев, 18 Мартин Талаков, 20 Џемил Јахији;

Резервни фудбалери: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 8. Христијан Јосифовски, 13. Јован Богдановски, 14. Гордијан Христовски, 15. Александар Коцев, 16. Решат Рамадани, 17. Антонио Мирков, 19 Али Али;

Селектор: Влатко Гроздановски;

 

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската футсал репрезентација вечерва со директен пренос на МРТ3 игра против Романија

Avatar

Објавено пред

на

Македонската футсал репрезентација вечерва во 18:00 часот (директен пренос на МРТ 3) против Романија во Темишвар (ги затвора квалификациите за пласман на Европското првенство.
„Ќе одиграме натпревар без притисок. Шансите за ЕП ги загубивме на последниот меч против БиХ во Скопје по несреќениот и неправеден пораз од 2:3. На овој натпревар, исто така, ќе бидеме драстично ослабени заради неиграњето на неколкумина стандардни првотимци (Даниел Де Соуза, Леовски, Глигоров, Мицевски, Зибери), како и фактот дека ќе недостасуваат во однос на дуелот со БиХ и капитенот Ранготов, првиот голман Петровски и Сулејмани“.
– „Ова е шанса за некои помлади играчи да ги покажат своите квалитети во еден натпревар без резултатско значење за нас, посебно што голем дел од нив прв пат го облекуваат репрезентативниот дрес. Мораме веќе да создаваме нова репрезентација за следниот циклус, што беше и моја примарна цел“.
„Романија ќе биде комплетна, секако дека е голем фаворит со нивниот квартет Бразилци, но зошто да не се обидеме растеретени да направиме ново изненадување и да го продолжиме континуитетот на добри игри во овие квалификации. Да не заборавиме дека до минатото коло бевме во сериозна игра за пласман на ЕП и само немањето среќа во последните 15-на секунди против БиХ не оддалечи од шансата за пласман на големо натпреварување“.
„Можам да ветам дека сите играчи кои се тука во Темишвар со нетрпение очекуваат да го дадат својот максимум и сигурен сум дека нема да ги разочараме љубителите на спортот во нашата земја“ – изјави селекторот на македонската футсал репрезентација Васко Скендеровски
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 4 часа

На денешен ден – 17 април

1492 година – Кристофоро Коломбо доби согласност и пари од шпанскиот крал Фердинанд V и кралицата Изабел за истражување на...

ХороскопПред 5 часа

Дневен Хороскоп ( 17 април ) сабота

ОВЕН Генерално сте задоволни со деловната ситуација, денешниот ден ви е многу поволен. Ве очекува исклучително интересно познанство. Ќе се...

ТехнологијаПред 6 часа

Популарниот Google „Earth“ ги изненади своите корисници со нова функција

Google „Earth“ денес додаде карактеристика „тајмлапс“ што овозможува увид во тоа како климатските промени, урбанизацијата и уништувањето на шумите влијаеја...

АвтомобилиПред 7 часа

„Maybach“ добива конкуренција од планираниот редизајн на Ауди А8

Ознаката „Horch“ треба да се врати како дел од планираниот редизајн на Ауди А8, и би се користел за најексклузивната...

КичевоПред 8 часа

Во недела во дворот на црквата св.Петар и Павле се организира хуманитарна акција за донирање храна и намирници за сиромашни граѓани

Се наближува големиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение и додека сите ние го празнуваме со богати трпези има семејства...

ЗанимливостиПред 10 часа

7 причини зошто луѓето од Јапонија јадат клекнати на под

Додека седите опуштено на маса и јадете, можеби ви е пријатно, но тоа не е нужно најдобро за вашето здравје....

МакедонијаПред 12 часа

Денес 908 нови и 31 починати од Ковид. Во Кичево 2321 регистрирани до сега, активни се 317

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 367,...

МакедонијаПред 12 часа

Поставени знаци за сообраќаен режим на наплатна Петровец и Миладиновци, како и изведба на градежни работи пат А1 – Романовце

Во периодот од 16.4.2021 г. (петок) до 17.4.2021 г. (сабота) ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А1 – наплатна...

КичевоПред 15 часа

Жител на Кичево бил нападнат од куче скитник, додека ТППЕ изгаси нов пожар во кичевско

Портпаролот на СВР Охрид г-дин Стефан Димоски ја извести јавноста дека вчера Нќна 15.04.2021 во 11:25 часот, Ш.Р. (43) од...

СпортПред 15 часа

ФФМ почна со агендата, денес набави 15.000 фудбалски топки за сите лиги

Фудбалската федерација на Македонија ќе им донира и веќе е започната распределбата на вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO...

НАЈЧИТАНИ