Следете не

Видео

Човеков менува 1 сијаличка за 6 месеци, а зема 20.000$ – но?

Објавено пред

на

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) Експлодирала ракета od „Starship“, се огласи и Илон Маск

Објавено пред

на

Новата ракета на компанијата SpaceX на американскиот милијардер Илон Маск експлодираше денеска при првиот пробен лет.

Ракетата Starship требаше да биде лансирана во орбитата на Земјата, но се урна во Пацификот, во близина на Хаваи, пишува АП.

Се додава дека во денешната експлозија нема повредени. Ова беше втор обид за лансирање, бидејќи претходниот беше откажан поради замрзнат вентил, наведува агенцијата.

Компанијата претходно најави дека ракетата треба да се користи за испраќање луѓе и товар на Месечината, а потоа и на Марс.

Маск зборуваше за неуспешното лансирање на ракетата Starship, велејќи дека за неколку месеци ќе се направи обид за ново лансирање.

„Честитки до тимот на SpaceX за возбудливото пробно лансирање на ракетата Starship! Научи многу за следното пробно лансирање за неколку месеци“, напиша Маск на Твитер.

Ракетата долга 120 метри експлодирала неколку минути по полетувањето, пишува Би-Би-Си и ги цитира оценките на инженерите кои тврдат дека лансирањето, без разлика на експлозијата, било успешно и дека собраните податоци ќе ги прегледаат за време на работата на следната тест лансирање.

Британскиот јавен сервис вели дека работите тргнале наопаку во моментот кога требало да се одвои бустерот, по што дошло до експлозија. Ѕвездениот брод требаше да биде лансиран во орбитата на Земјата, но се урнал во Пацификот, во близина на Хаваите, пишува АП и наведува дека во денешната експлозија нема повредени.

Ова беше втор обид за лансирање, бидејќи претходниот беше откажан поради замрзнат вентил, наведува агенцијата. Компанијата претходно најави дека ракетата треба да се користи за испраќање луѓе и товар на Месечината, а потоа и на Марс.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Видео

Како да се исчисти пеглата, односно изгорените наслаги?! Едноставно е! (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Како да се исчисти пеглата, односно изгорените наслаги кои се насобрале со текот на времето?! Едноставно е! Навистина, за само една секунда, сите изгореници исчезнаа, а плочата го врати својот поранешен сјај.

Нема човек на кој не му се залепило пегла на ткаенината, оставајќи дамки од изгорен материјал на рамната површина.

Многу луѓе се обидуваат да најдат лек кој ќе ги отстрани изгорените делови, а никогаш не би помислиле дека тоа може да се направи само со помош на таблети кои веројатно веќе ги имате дома.

Имено, еден татко демонстрирал магичен трик за чистење пегла на Тик Ток.

Навистина, за само една секунда, сите изгореници исчезнаа, а плочата го врати својот поранешен сјај.

Да, овој трик сигурно ќе ве воодушеви, бидејќи пеглата можете да ја исчистите со таблета парацетамол.

Видеото прикажува детална процедура, а доколку ја следите, можете да заштедите многу пари, кои инаку би ги потрошиле за купување нова пегла.

Прв чекор: Добро загрејте ја пеглата

Чекор два: Фатете ја таблетата со пинцета и нежно втријте го на загреаната даска за пеглање.

Трет чекор: Кога ќе ја намачкате пеглата со парацетамол, избришете ја со стара крпа и ќе видите како остануваат нечистотиите на крпата.

Видеото погледнете го ТУКА.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза7 часа

Оваа седмица продолжува периодот на под просечни температури за септември со чести врнежи од дожд и грмежи

Циклонската активност која не зафати уште од изминатата седмица, продолжува и во текот на оваа, и истата ќе условува да...

Спорт8 часа

Младата репрезентација на Македонија до 15 години со триумф го отвори УЕФА турнирот во Молдавија, додека женската репрезентација второ место на турнир во Италија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ерменија во рамките на првиот натпревар од Уефа...

Македонија8 часа

Од ноќеска солидно намалување на цените на сите нафтени деривати

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Автомобили9 часа

Tesla ќе го произведува моделот Y со шест седишта во Кина

Tesla планира да произведе варијанта со шест седишта на својот најпродаван електричен автомобил Model Y во Кина, објави Ројтерс, цитирајќи...

Автомобили9 часа

Калифорниската полиција купи Tesla Cybertruck за 150.000 долари

Полициската станица во Калифорнија стана една од првите што купи Tesla Cybertruck, трошејќи 150.000 долари за него, вклучително и 20.000...

Магазин9 часа

Британскиот регулатор го предупредува Google

Британскиот регулатор соопшти дека Google ја злоупотребува својата позиција во рекламната технологија. Британската антимонополска агенција го предупреди Google на казни...

Магазин9 часа

Еве кој модел на iPhone 16 беше најпродаван првиот викенд

Заснована на неговата анализа за променливите времиња на испорака на официјалната веб-страница на Apple за нарачки во САД, аналитичарот Минг-чи...

Магазин9 часа

Samsung Galaxy S25 Ultra: потенок, полесен и со заоблен дизајн

Неофицијалните рендери го покажуваат потенок и полесен дизајн на Galaxy S25 Ultra со заоблени рабови, со очекувани надградби на Samsung...

Автомобили9 часа

Наједноставен и најевтин начин за одржување на ланец за мотоцикл

Пред Интернет, одржувањето на ланец за мотоцикли не беше проблем. Што се случи? Ланец и запчаници се најчестото финално решение...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за понеделник (16 септември)

ОВЕН Ќе бидете доста активни и подготвени да се ослободите од какви било обврски за кои инаку немате волја. Искористете...

НАЈЧИТАНИ