Временска прогноза
Метеоаларм: Сончево и топло, но викендов можни врнежи од дожд
До крајот на денешниот ден, како и утре времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.
Веќе во сабота облачноста ќе се зголемува а од недела ќе има повремен локален дожд, но некој интензивни врнежи барем засега не се очекуваат и врнежите ќе бидат од локален карактер (што значи нема да ги има насекаде).
Максималните дневни температури од недела ќе бележат тенденција на мал пад (за 3 до 4 степени) и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин24 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?