Следете не

Занимливости

„Мртви“ луѓе кои оживеале: „Тато жеден сум, дај ми чаша вода“ – МИСТЕРИЈА

Објавено пред

на

Некои луѓе по грешка се прогласени за мртви. Подоцна кога “оживеале” нивните семејства и пријатели доживеале вистински шок.
Мислеле дека е зомби
Еси Дунбар имала 32 години кога во 1915 година е прогласена за мртва. Таа имала епилептичен напад. Телото го ставиле во ковчег и погребот требало да биде во 11 часот наредниот ден. Тие ќе ја погребале и порано, но ја чекале нејзината сестра да дојде од соседниот град.
Кога сестрата стигнала, тие го отвориле ковчегот. Еси и се насмеала на својата сестра. Тројцата мажи кои биле покрај ковчегот од став се обиделе да побегнат. Тие паднале во гробот, а еден од нив скршил три ребра.
И неколку години подоцна луѓето биле уверени дека Еси е зомби. Таа починала во 1955 година.
Се рабудила во ковчегот
Маргарет “Маги” Диксон била обесена на 2 Септември 1721 година бидејќи се обидувала да ја сокрие бременоста. Жената од Единбург повеќе не живеела со својот сопруг и се вработила во една гостилница. Таму започнала афера со синот на сопствениот. Останала бремена, но ја криела бременоста бидејќи несакала да ја загуби работата. Таа родила многу слабо бебе кое починало неколку дена после раѓањето.
Маргарет неможела да го погреба бебето бидејќи нејзината бременост морало да остане тајна. Мртвото бебе го фрлила во реката. Телото на бебето е пронајдено и жената е осидена на бесење. Откако ја обесиле, нејзиното тело го ставиле во ковчег. Таа се разбудила на патот кон гробиштата/
Нејзиното “воскреснување” жителите го сфатиле како Божја порака. Тие сметале дека Бог и простил и и дал втора шанса. Таа му се вратила на сопругот и имале уште деца.
Докторот ја прогласил мртва
Елеонор Маркхам е прогласена мртва во 1894 година во своето село во Америка. Таа се жалела на проблеми со срцето, две недели пред нејзината смрт. Докторот ја прогласил за мртва на 8 јули и два дена подоцна ја ставиле во ковчег.
Таа се разбудила кога ковчегот го носеле кон возилото со кое требало да биде пренесен до гробиштата. Го отвориле ковчегот и Елеонот почнала да вика бидејќи за малку жива ќе ја закопале. Докторот кој ја прогласил за мртва кажал дека ќе ја поправи грешката. Подоцна таа тврдела дека цело време била свесна и дека слушала што збореле другите.
Се подготвувале да го запалата неговото тело
Сандеп (23) е момче од Индија кое оживеало во моментот пред да го запалат неговото тело. Во 2016 година него го каснала отровна змија, па мислеле дека е мртов. Кога сватиле дека е жив, го однеле за да го лекуваат, но тој починал
Момчето од Индија собирало дрва во шумата кога го каснала змија. Сите мислеле дека е мртов па се подготвувале да го запалат неговото тело. Тогаш тој почнал да вика од болка и сфатиле дека е жив. Наместо да го однесат во болница, го однеле кај истиот човек кој го прогласил за мртов.
Ниту вториот пат тој не успеал да го спаси. На крајот завршил во болница каде што неможеле да направат ништо повеќе за него освен да го прогласат за мртов.
Оживеал и барал вода
Келвис Сантос (2) престанал да диши во болницата во Белем во северен Бразил, за време на лекувањето на воспаленито на белите дрободи во 2012 година. Прогласен е за мртов и семејството го земало неговото тело. Семејството цела ноќ останало покрај телото кое лежело во отворен ковчег. Еден час пред погребот, детето изговорило “Тато може ли да добијам малку вода”
Таткото на детето, Антонио Сантос кажува како сите почнале да викаат.
“Неможевме да им веруваме на сопствените очи. Мислевме дека се случи чудо и дека нашето дете е живо. Но тој само легна назад како и претходно. Неможевме да го разбудиме. Беше мртов” кажува таткото.
Веднаш го однеле во болница, но докторите потврдиле дека не дава знаци на живот.
“Ме уверуваа дека е починат и не ми обајснија што видов и слушнав пред малку”кажува Антонио.
Семејството одлучило да го погреба наредниот ден со надеж дека повторно ќе оживее. Уверен дека синот е жртва на докторите, Антонио го пријавил случајот.
Локалните власти потврдиле дека момчето е примено во болница во критична состојба и дека е прогласено за мртво поради престанок на дишењето.
Ја закопале жива
Џејмс и Октавија Хатчер од Кентаки во јануари 1891 година го загубиле својот единствен син. Октавија паднала во депресија. Наскоро паднала во кома и прогласена е за мртва на 2 Мај. Тие веднаш ја погребале. Неколку дена подоцна нејзиниот сопруг забележал дека неколку луѓе во градот кои биле во кома се разбудиле и оздравеле. Џејмс почнал да се сомнева дека можеби жива ја закопале неговата жена.
Затоа одлучиле да го ископаат нејзиниот гроб. Но закасниле. По тоа што го виделе заклучиле дека Октавија се разбудила во ковчегот и се обидувала да излезе од него. Жителите кажуваат дека слушнале звуци и плачење кои доаѓале од гробот на Октавија.
Џемјс се исплашил дека и тој може жив да биде закопан па побарал за него да биде направен ковчег од кој ќе може да излезе ако се разбуди.

Занимливости

Новиот универзум е тука, зад аголот е откриена ѕвезда три пати потопла од Сонцето

Објавено пред

на

ФОТО: илустрација

Новооткриената млада ѕвезда „ФУ Орионис“ е оддалечена околу 1.360 светлосни години од Земјата и е три пати потопла од површината на Сонцето, покажуваат податоците од телескопот Хабл. Всушност, областа каде што дискот што формира планета ја допира површината на новата ѕвезда FU Orionis достигнува 16.000 келвини, што е три пати потопло од површината на Сонцето. Астрономот Адолфо Карваљо од Институтот „Калтек“, заедно со своите колеги, верува дека областа околу ѕвездата е изненадувачки жешка.

– „Бидејќи прстенот од материјалот што брзо се врти околу ѕвездата всушност се трие на нејзината површина и создава потреси кои сјаат сто пати посилно од самата ѕвезда“, објаснува тој.

Судирот на млада ѕвезда и космички материјал создава многу непријатна средина која е премногу експлозивна и спречува планети, како што се Земјата или Марс, да се формираат околу неа.

„Капестите планети исчезнуваат или согоруваат во таква космичка печка“, вели Карваљо. Брилијантна, но чудна млада ѕвезда

Променливата ѕвезда „FU Orionis“ е една од најбизарните новоформирани ѕвезди. Како и повеќето други млади ѕвезди, таа е опкружена со блескав диск од гас и прашина што ќе почне да се „кондензира“ со текот на времето и од кој ќе се формираат нови планети, пренесува 021.rs

Прочитај повеќе...

Занимливости

Искористете го силниот момент на Биткоин и започнете да заработувате дневен профит

Објавено пред

на

Со оглед на неодамнешниот пораст на биткоинот, платформата „BCHMiner“ претставува атрактивна можност за оние кои сакаат да заработат преку т.н. клауд мајнинг (рударење со криптовалути).

Во оваа статија на „BCHMiner“, се објаснува како да започнете да ја користите платформата „BCHMiner“ и да заработите пасивен приход преку дневни награди.

Придобивки од користење на „BCH miners“

  • Традиционалното ископување биткоин е високо конкурентно и бара сложена експертиза; „BCHMiner“ има ниски трошоци, висока ефикасност и високи приноси.
  • „BCH Miner mining“ наградите се дарежливи и многу луѓе почнуваат да заработуваат пари секој ден.
  • Платформата „BCHMiner“ нуди флексибилни планови за да можете да започнете со мала инвестиција.
  • Лесно за употреба, како и поставувањето на акаунтот и избор на договор за хашрејт. Процесот ќе започне автоматски.
  • Добијте ја вашата прва добивка во рок од 24 часа.

Ова го олеснува и го прави поисплатливо реинвестирањето на профитот, помагајќи да го зголемите вашиот приход со текот на времето.

Како да започнете со „BCH Miner“

Чекор 1: Изберете доверлив провајдер за клауд мајнинг.

„BCHMiner“ е сигурна платформа за тоа.

  • Репутација на компанијата: Основана во Њупорт, ОК во 2016 година, таа работи стабилно веќе 8 години.
  • Способност за клауд рударење: Обезбедување ефикасни договори за компјутерска моќ за да се генерираат профитабилни профити.
  • Опции за договор: Компанијата нуди флексибилни планови кои се движат од краткорочни до долгорочни договори.
  • Надоместоци и давачки: Нема такси за услуги, такси за повлекување или други такси.

Чекор 2: Регистрирајте се и поставете ја вашата сметка (акаунт)

  • Треба да регистрирате сметка во „BCHMining“ и ќе добиете 10 долари веднаш по отворањето на сметката.
  • Договор за бесплатна компјутерска моќ: Можете да заработите 0,5 долари со најавување секој ден.
  • Изберете план за рударење: платформата има различни договори за компјутерска моќ за избор на формата, а придобивките што ги носат се исто така различни.
  • Поставете паричник: ќе ви треба паричник за криптовалути за да ја добиете вашата заработка.

Чекор 3: Дополнете ја вашата сметка за рударење

Платформата прифаќа плаќања во криптовалути: USDT, USDC, BTC, ETH, BCH, LTC и многу повеќе. Изберете го начинот на плаќање кој најмногу ви одговара и депонирајте ја потребната сума за избраниот рударење план. Откако вашата сметка е финансирана, можете да започнете со „mining Bitcoins“.

Чекор 4: Започнете со рударење и следете ја вашата заработка

Откако ќе се финансира вашата сметка, вашиот процес на „BCHMiner“ ќе започне автоматски. Можете да ја следите вашата заработка преку контролната табла на платформата, каде што ќе ја видите стапката на хаш, наградите за рударење и опциите за повлекување. Имајте на ум дека заработката зависи од планот на вашиот договор.

Симнете ја мобилната апликација

Придобивки од користење на „BCH miners“:

  1. Лесно да се стартува: Регистрирајте се за да добиете награда од 10 долари и најавувајте се секој ден за да добивате награда од 0,5 долари.
  2. Највисока безбедност: Платформата гарантира безбедност на средствата 24/7.
  3. Нов хардвер: Користете го најновиот хардвер за рударење кри
  4. технологија од Bitmain, Canaan Creative и NVIDIA.
  5. Договори: Разновидни опции за договор за задоволување на различни потреби.

Заштеда на трошоци: Корисниците не треба да купуваат опрема или да трошат трошоци за одржување.

  1. Брзи плаќања: Сите барања за повлекување се обработуваат во рок од пет минути.
  2. Безбедност: Повеќето средства се чуваат офлајн во ладни паричници за дополнителна безбедност.
  3. Придружна програма: упатете ги пријателите и добијте бонус од 3% до 5%.

Иднината на рударите на „BCH“

Како што повеќе луѓе се свртуваат кон „BCH Miner“, клауд мајнингот најверојатно ќе стане попопуларно бидејќи рударите на биткоини бараат пасивни можности за приход. BCH Miner постојано иновира и се развива за да ја зголеми ефикасноста и профитабилноста на клауд мајнерите. Покрај тоа, додека пазарот на криптовалути продолжува да се шири, BCH Miner ве поканува да се придружите на оние кои лесно можат да заработат пасивен приход.

За да дознаете повеќе, посетете ја официјалната веб-страница “BCHMiner”: https://www.bchminer.com/

Преземете ја апликацијата: https://bchmimer.info/download/

Прочитај повеќе...

Занимливости

Планетата „Земја“ се разделува од астероидот кој во последните месеци се нарекуваше „мини месечина“, истата вселенска карпа ќе се „олупи“ утре

Објавено пред

на

Планетата Земја се разделува со астероид кој во последните два месеци се нарекува „мини месечина“. Безопасната вселенска карпа ќе се „олупи“ утре, совладана од посилното влечење на гравитацијата на Сонцето, но повторно ќе се приближи во јануари следната година, објави АП.

НАСА потоа ќе користи радарска антена за да го набљудува астероидот долг 10 метри. Тоа треба да го продлабочи разбирањето на научниците за објектот познат како 2024 PT5, најверојатно карпа издувана од Месечината од астероид кој удира.

Иако технички не е месечина, НАСА нагласува дека никогаш не била заробена од гравитацијата на Земјата и дека била целосно во орбитата. Тоа е „интересен објект“ кој вреди да се проучува.

Браќата астрофизичари Раул и Карлос де ла Фуенте Маркос од Универзитетот Комлутенсе во Мадрид идентификуваа „однесување на мини месечината“. Моментално оддалечен повеќе од 3,5 милиони километри, објектот е премногу мал и слаб за да се види без моќен телескоп.

Во јануари ќе помине на 1,8 милиони километри од Земјата, одржувајќи безбедно растојание пред да „вози“ понатаму во Сончевиот систем додека орбитира околу Сонцето, за да се врати до 2055 година.

Сегашните податоци сугерираат дека за време на неговата посета во 2055 година, астероидот кој орбитира околу сонцето повторно ќе направи привремена и делумна орбита околу Земјата.

Извор: euronews.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија57 минути

Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово

АМСМ предмалку соопшти дека воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци: Дебар – Маврово Охрид...

Македонија2 часа

ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци...

Автомобили3 часа

Најбезбедни автомобили во Европа: Листата за 2024 година

Во текот на 2024 година, EuroNCAP спроведе безбедносни тестови за вкупно 41 автомобил, од кои повеќето добија високи оценки за...

Магазин3 часа

Apple Watch ќе добие 5G поврзување

Apple планира значителна надградба на своите Apple Watch модели со воведување на 5G конекција, со што ќе се оттргне од...

Магазин3 часа

YouTube ја интегрира вештачката интелигенција за автоматско синхронизирање

YouTube воведе нова функција за автоматско синхронизирање на гласови со помош на вештачка интелигенција (ВИ), со што ќе овозможи превод...

Магазин3 часа

Албанија го забрани TikTok на една година

Албанскиот премиер, Еди Рама, потврди дека неговата земја ќе воведе едногодишна забрана за TikTok, почнувајќи од 2025 година. Одлуката, според...

Магазин3 часа

Instagram воведе нова функција: Закажување пораки и празнични ефекти

Instagram воведе функција што ќе им се допадне на корисниците: можност за закажување пораки. Оваа новина ја откри експертот за...

Автомобили3 часа

Каде да се постават синџирите за снег на возила со погон на четири тркала?

Поставувањето на синџири за снег на автомобили со погон на сите тркала не е едноставно прашање поради различностите меѓу системите....

Временска прогноза6 часа

Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…

Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска...

Временска прогноза14 часа

Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи

Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска...

НАЈЧИТАНИ