Магазин
МОДЕРНА КУЈНА: Тиквички и домати за вечера (ФОТО)
Ова е лесен и едноставен рецепт за подготвување, а вкусен е што ќе сакате пак да го направите
Честопати знаме да го скокнеме ручекот поради преголемите обврски, па тој се претвара во облик на вечера. Или кога гладта ќе ве совлада во доцните часови сакате да јадете нешто што не е многу калорично. Во последно време се појавија модерни рецепти кои можат да ја разубават вашата трпеза.
Ова е нашиот предлог за денес. Тиквички и домати потпечени во рерна. Рецептот не е скап, а и брзо се подготвува. Еве ги потребните сосотојки:
6 мали тиквички
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук ситно исецкано
Сол и бибер по потреба
1 шолја сос од домати
1 ½ шолја изрендана моцарела
1/3 шолја изрендан пармезан
Кобасица по желба исецкана на кругчиња
2 лажици свежо оригано исецкано
Начинот на подготовка е следен:
Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете хартија за печење на тавче. Тиквичките пресечете ги на половина по должина. Во еден сад измешајте го маслиновото масло со лукот и потоа со четка поминете лесно на горната страна на сите тиквички. Посолете и ставете бибер по желба. Потоа додадете малку сос од домати. Врз него рамномерно наредете ја моцарелата и потоа и пармезанот. На врвот наредете ги кругчињата кобасица и печете ги во загреана рерна од 12 до 18 минути. Извадете ги зависно од тоа какви сакате да бидат меки или крцкави.
Кога ќе ги извадите посипете ги со свежо насецкано оригано и служете ги топли.
Вака треба да изгледа вашиот рецепт од прилика:
Наздравје!
Технологија
nVIDIA отвора центри за податоци во Виетнам, а со договорот за соработка купен бил и здравствениот стартап „WinBrain“
Nvidia отвора центри за податоци во Виетнам. Nvidia и виетнамската влада заеднички основаат центри за истражување и развој на вештачка интелигенција и центар за податоци за вештачка интелигенција во таа земја. Потпишан е меморандум за заедничка соработка. По низа состаноци, Виетнам и Nvidia успеаја да се договорат и да ја формираат рамката на заедничка соработка.
Nvidia објави и дека го купила здравствениот стартап „WinBrain“, но дека ова купување не е поврзано со договорот за заедничка соработка.
Засега не се познати финансиските детали од овој договор, ниту пак деталите за планираната градба. Единствено што е претставено во јавноста е дека центрите за податоци и истражување ќе се напојуваат со чиста енергија. Бидејќи Виетнам нема многу развиена инфраструктура поврзана со користење на обновливи извори на енергија, се шпекулира дека Nvidia значително ќе инвестира во развојот на оваа форма на енергија.
Владата на Виетнам посочи дека благодарение на ваквите договори земјата ќе може да се најде на пазарот на иднината – микрочипови, пренесува Ројтерс.
Мобилни уреди
Дали Apple ќе се одлучи за новиот модел „iPhone Air“ кој практично би бил по тенок во дизајн
Следната година Apple планира да направи промени во телефонската линија. Според досегашните информации, Apple наводно ќе го замени iPhone Plus со моделот iPhone 17 Air, кој би требало да биде многу тенок уред и би можел да има само една камера на задната страна.
Новите извештаи сугерираат дека iPhone 17 Air сега влезе во процес на масовно производство. Тоа е првиот чекор на патот кон производството и вклучува соработка помеѓу Apple и добавувачите за обработка на изводливоста на дизајнот и методите на производство кои ќе бидат потребни за склопување на уредот.
Исто така, потребно е да се осигура дека планираниот производствен пристап е исто така практичен. Во оваа фаза сè уште може да се појават мали промени во дизајнот. После тоа, има мало тест производство за да се осигура дека сè оди според планот.
Засега, сè уште е рано iPhone 17 Air да стане реалност. Ова речиси дефинитивно значи дека Apple се откажа од моделот os Plus за следната година и останува да се види како ќе се движи Air на пазарот.
Извор: b92.net
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (16 декември)
ОВЕН
Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага по нова врска, можеби ќе запознаете токму денес нова личност. Водете сметка за здравата исхрана.
БИК
Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи кон партнерот и неговата искреност кон вас. Одлично се чувствувате.
БЛИЗНАЦИ
Ќе ви се укаже можност да остварите дополнителни приходи, но се двоумите дали да ја прифатите бидејќи сте загрижени околу многубројните обврски кои доаѓаат со неа. Во еден момент можеби ќе почувствувате силно чувство на осаменост. Немате проблеми со здравјето.
РАК
Доколку сега покажете максимална посветеност, наредниот период ќе во донесе напредок во кариерата каков што не сте очекувале. Многу ви пречи неспособноста на вашиот партнер да прави компромис. Помали проблеми со грлото.
ЛАВ
Денешниот ден ви носи многу предизвици и препреки во остварувањето на целите. Не заборавајте дека само со трпение може да ги надминете. Во вашето блиско опкружување постои личност која е вљубена во вас. Потребен ви е одмор.
ДЕВИЦА
Периодот на стагнација во кој бевте досега конечно завршува и уште денес ќе чувствувате голем ентузијазам да го дадете својот максимум. Саканата личност ве повреди многу и не можете да и простите. Можни се проблеми со видот.
ВАГА
Доколку сте планирале напредок на работното место, сега е вистинско време да се посветите на неговото остварување. Воодушевени сте од подготвеноста на саканата личност за нејзиниот труд и посветување на вашата врска. Добро се чувствувате и здравјето е солидно.
ШКОРПИЈА
Денешниот ден ќе ви донесе комплицирана ситуација за чиј резултат ќе одлучи некој ваш претпоставен или соработник. Ве очекува интересен разговор со личноста која ви се допаѓа. Добро ќе ви дојде некоја рекреација во природа.
СТРЕЛЕЦ
Полека се сложуваат сите коцки и сфаќате дека досегашните искуства ви послужиле на некој начин. Имате чувство дека саканата личност крие нешто од вас, но се плашите да си го признаете тоа. Проблеми со здравјето поради стрес.
ЈАРЕЦ
Денес и мал пад на концентрацијата или немарност може да има долготрајни последици. Внимавајте добро на секоја ваша постапка. Можна е кавга поради различните ставови со партнерот во врска со некое важно прашање. Склони сте кон настинки.
ВОДОЛИЈА
Ги избегнувате обврските бидејќи чувствувате дека немате сила на сите полиња да го дадете својот максимум. Би сакале да остварите некоја нова врска, но не можете да најдете личност која ви одговара. Мал пад на имунитет.
РИБИ
Сѐ појасно ви е дека условите на моменталното работно место се многу неповолни за вас и подготвени сте да побарате подобра перспектива. Денешниот ден ви носи некаква бурна расправа со партнерот. Водете сметка за стомакот.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија1 ден
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Свет2 дена
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија1 ден
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“
-
Македонија1 ден
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Кичево3 часа
(ФОТО) Дечиња од реканскиот крај викендов го посетија кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“, каде одблиску се запознаа со Божиќните активностите и богослужбите
-
Магазин1 ден
Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2