Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија на EMEA*, денеска најавува три нови меѓународни линии од Скопје. Новите дестинации ги вклучуваат Барселона, Лион и Штутгарт, зголемувајќи ги опциите за патување за патниците во Македонија. Основните цени започнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Новата линија од Скопје до Барселона е достапна од 31,99 евра. Билетите за новите дестинации од Скопје се веќе достапни на официјалната веб-страница на Wizz Air и преку мобилната апликација на компанијата.
Како најголема авиокомпанија во Македонија, Wizz Air ја потврдува својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар. Со додавањето на овие три нови линии, авиокомпанијата има за цел да ја диверзифицира својата мрежа, задоволувајќи ги потребите за патување на македонците, а истовремено обезбедувајќи опции за влезен туризам.
Новите линии од Барселона и Лион почнуваат со операции од мај 2025 година, нудејќи им на патниците возбудливи можности да ги истражуваат енергичните европски градови по пристапни цени за претстојното лето. За Штутгарт директните летови почнуваат од септември 2025 година.
НОВИТЕ ЛИНИИ:
Барселона: Раздвижен град познат по својата уникатна архитектура, богата историја и живописна култура. Резервациите се отворени денес, летовите ќе започнат на 3 мај 2025 година и ќе бидат достапни во вторник и сабота.
Лион: Познат по својата кулинарска извонредност и историско значење, Лион е дестинација што мора да ја посетат и љубителите на храна и љубителите на културата. Резервациите се отворени од денес, а летовите ќе има во вторник, четврток и сабота. Летовите ќе започнат на 1 мај 2025 година.
Штутгарт: Познат по својата автомобилска индустрија и прекрасните паркови, Штутгарт нуди спој на модерност и традиција. Летовите ќе започнат на 29 септември 2025 година, три пати неделно, во понеделник, среда и петок.
„Овие нови рути од Скопје ја истакнуваат нашата посветеност да понудиме удобни и достапни опции за патување за нашите патници“, изјави Роланд Тишнер, управен директор на Wizz Air Унгарија. „Возбудени сме што ќе ја диверзифицираме нашата мрежа и ќе го поврземе Скопје со популарни дестинации како Барселона, Лион и Штутгарт. Овие нови линии ќе им овозможат на патниците да истражуваат нови возбудливи локации и да се впуштат во незаборавни авантури, истовремено нудејќи им можност на европските туристи да ги откријат убавините на Северна Македонија.”
Wizz Air е горд што нуди мрежа од 32 рути од Скопје, што ја подобрува поврзаноста и опциите за патување и за локалните жители и за посетителите. Со поттикнување на растот на работните места и поттикнување на туризмот, Wizz Air ја покажува својата посветеност во поддршката на развојот на туристичката индустрија во Северна Македонија и нејзиниот целокупен економски развој.
„Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.