Случувања
МВР: Притвор за шест лица, расчистено убиството во Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи- ОВР Прилеп на 15.10.2020 поднесе кривична пријава против Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23) поради основано сомнение дека сториле кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и кривично дело „тешка телесна повреда“ по чл. 131 од КЗ. На 14.10.2020 околу 20.30 часот на ул.
Дебарца во близина на куќата на А.С. најнапред настанала расправија меѓу С.Б. и М.Л. поради навреди упатени од М.Л. кон сопругата на С.Б., по што се приклучиле и Е.Б., брат на С.Б., како и роднините на М.Л. (С.А., М.А., С.А., Д.А.Џ.Л. и С.К.). Притоа со повреди од остар предмет се здобил Е.Б. (31) и бил пренесен во градската болница.
Потоа неговиот брат С.Т. ги известил роднините Т.Б., А.Б., Е.Б. и А.Б., по што пред куќата на Џ.Л. настанала физичка пресметка, при што Т.Б. се здобил со повреди на главата, од кои набрзо починал. По преземени мерки од полициски службеници, биле приведени Ш.А. (35), М.Л. (39), С.К. (20), М.А.(26), Џ.Л.(54), С.А. (23), а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор.
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Временска прогноза
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде многу променливо со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). На повеќе места ќе има развој и на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер, електирчни пранзења и со појава на град.
И во Скопскиот регион продолжуваат повремените врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (можни се поинтензивни Атмосферски пороцеси, во вид на невреме).
Да напоменам дека само дека за време на овој викенд на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје максималната температура овој викенд ќе се искачи до околу 16/17 степени.
Поради очекуваните поинтензивни Атмосферски процеси викендов, апелирам на поголема внимателност и тоа поради можните локални поплавувања, но и поради елекричните празнења кои се очекуваат, вели Славчо Попоски
Скопје
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (29 март)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (28 март)
-
Магазин1 ден
„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј
-
Скопје1 ден
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје
-
Кичево3 часа
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!
-
Македонија2 дена
Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред
-
Временска прогноза2 дена
Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег
-
Кичево1 ден
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“