Култура
На денешен ден: Во 1905 г. во селото Цер, Кичевско, во борба против Турците загинал (се самоубил заедно со 11 негови соборци) Христо Узунов

1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I „Молчеливиот“ од Оранж (познат како Вилијем Орански) кој од 1579 година бил прв државен поглавар на Протестантската република на Обединетата провинција на Холандија. Во борбата против Шпанија, која на Холанѓаните силно им го наметнувала римокатолицизмот, бил заповедник на холандската револуционерна војска. Во јули 1584 бил убиен од Балтазар Жерар по налог на шпанскиот крал Филип II.
1731.- Умрел англискиот писател Даниел Дефо, кој објавил повеќе од 250 дела, но светска слава му донесол романот „Робинсон Крусо“. Други негови познати дела се „Мол Фландерс“, „Полковник Џек“ и „Роксана“.
1854.- Врховниот суд на САД донесол пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструирал машината за шиење и во потрага за покровител отишол во Англија, каде директорот на патувачкиот театар „Сингер“ и други луѓе го измамиле и почнале да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го добил по судски пат и секојдневно примал по 4.000 долари за лиценцата.
1856.- Роден е францускиот маршал Анри Филип Петен, херој од Првата светска војна и победник над Германците кај Верден, кој во Втората светска војна застанал на чело на владата во Виши. Соработувал со германските окупаторски власти и поради тоа по доаѓањето на Де Головите трупи бил осуден на смрт, но заради поранешните успеси, казната му била заменета со доживотна робија.
1877.- Рускиот цар Александар II му објавил војна на Османлиското царство бидејќи одбил да го исполни Лондонскиот договор. Војната во која Русија тежнеела да излезе на Босфорот и во Херцеговина завршила во декември истата година со руското освојување на Плевна, но Турците ги спасила британската флота која била закотвена во Дарданелите, по што Александар II морал да се повлече.
1904.- Роден е американскиот сликар од холандско потекло Вилхелм де Кунинг, втемелувач на апстрактниот експресионизам кој во четириесеттите години од 20. век битно влијаел на преобразбата на сликарството во САД.
1905.- Роден е американскиот писател Роберт Пен Ворен. Дела: „Сите луѓе кралеви“, „Ноќен јавач“, „Пештера“, „Единаесет песни на исто место“, „Инкарнација“, „Избрани песни“, „Разбирање на прозата“, „Разбирање на поезијата“,„Демократија и поезија“.
1905.- Во селото Цер, Кичевско, во борба против турската војска загинал (се самоубил заедно до единаесетмината негови соборци) Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Се школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896). Лежел во битолскиот Централен затвор Катилане (1898 и 1902–1903). Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание бил член на Горското началство (Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско. Загинал со четата опколен од турска војска.
Роден бил во Охрид, на 22 февруари 1878 година.
1918.- Во Даблин избило востанието на Ирците со кое била прогласена слободна Ирска Република, но британските трупи за само една недела го задушиле востанието и спровеле силна одмазда. Водачите на востанието биле стрелани.
1934.- Родена е американската филмска актерка Ширли Меклејн, брилијантна комичарка. Напишала повеќе книги со автобиографски карактер. Филмови: „Неволји со Хари“, „Апартман“, „Слатката Ирма“, „Добро утро мистер Гудбар“, „Артисти и модели“, „Некои дотрчаа“, „Време на нежност“ (Оскар).
1942.- Родена е американската актерка и пејачка Барбара Стрејсенд. Нејзини најпознати филмови се „Смешна девојка“, „Девојката која ја сакав“, „Ѕвездата е родена“, „Јентл“ и „Огледалото има две лица“.
1945.- Американската Армија во Втората светска војна го ослободила германскиот нацистички концентрационен логор Дахау.
1949.- Во Скопје се одржало првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа бил формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го добил името „Кирил и Методиј“, а од 12 ноември 1992 година – „Свети Кирил и Методиј“.
1950.- Создадена била државата Јордан со спојување на кралствата на Трансјорданија и Палестина под јорданска окупација.
1967.- Советскиот космонаут од руско потекло Владимир Михајлович Комаров загинал при приземјувањето на вселенскиот брод „Сојуз 1“ поради грешки во падобранскиот систем. Тоа бил неговиот втор вселенски лет. На 12 и 13 октомври 1964 година бил командант на вселенскиот брод „Васход“.
1970.- Лансиран бил првиот кинески вештачки сателит.
1971.- Советските космонаути успеале да се спојат со леталото кое било без човечки екипаж што претходело на изградбата на првата вселенска лабораторија во орбитата околу Земјата.
1984.- Во Њујорк умрел Харолд Арлен, американски композитор, автор на голем број популарни песни меѓу кои најпозната е „Над виножитото“, која во филмот „Волшебникот од ОЗ“ ја пее Џуди Гарланд. Тој компонирал повеќе од 500 песни од кои многу биле специјално напишани за филмови и за претстави на Бродвеј. Во 1939 година, тој добил „Оскар“ за музиката во филмот „Волшебникот од ОЗ“.
1990.- Источна и Западна Германија го одредиле 2 јули како датум за економско обединување, како вовед во целосно обединување на двете германски држави на 3 октомври 1990 година.
1993.- Умре Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден бил во селото Блатец, Виничко, на 17 мај 1924 година.
1995.- Владата на Република Македонија донесла одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.
2003.- Во Багдад се предал Тарик Азиз, поранешен заменик-премиер на Ирак, кој бил 43-ти на списокот на САД на 55 најбарани припадници на соборениот режим на Садам Хусеин.
2004.- Кипарските Грци на референдум со мнозинство од 75,8 отсто од гласовите се изјасниле против планот на Обединетите нации за обединување на Кипар, а на паралелниот референдум кипарските Турци го поддржале со 64,9 гласови.
2005.- Умрел поранешниот израелски претседател Езер Вајцман, кој имал клучна улога во постигнувањето на мировниот договор меѓу еврејската држава и Египет во 1979 година.
2008.- Умрел Тристрам Кери, англиски композитор, творец на електронската музика. По студиите на Оксфорд емигрирал во Австралија каде го основал музичкото електронско студио по примерот на тоа од 1967 година кое го основал во Музичкиот кралски колеџ во Лондон.
2011.- Индискиот духовен лидер Саи Баба, еден од најпознатите гуруа во Индија, починал во болница на 85-годишна возраст поради проблеми со срцето. Милиони поддржувачи на Саи Баба ширум светот веруваат дека тој имал натприродна моќ, како што се можностите да прави предмети од воздух, да се сеќава на претходните животи и да лекува смртоносни болести. Тој тврдел дека е реинкарнација на поранешниот духовен лидер Саи Баба од Ширди, кој починал во 1918 година. Неговата организација финансирала здравствени и образовни проекти во Индија, вклучувајќи болници и клиники кои тврделе дека можат да лекуваат болести кои медицината не може да ги излекува.
2011.- На Националната арена „Филип Втори“ во Скопје биле пуштени во употреба целосно реконструираните северна, источна и западна трибина. Постоечката јужна трибина која исто така била опфатена со реконструкцијата е изградена во 1978 година, а камен-темелникот за изградба на останатите трибини бил поставен во 2009 година.
2014.- На 93 години во Вроцлав починал Тадеуш Ружевич, еден од најголемите современи полски поети, добитник на бројни меѓународни книжевни награди, меѓу кои и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1987 година. Позначајни книги поезија на Ружевич се „Црвената ракавица“, „Времето што поминува“, „Зелената роза“, „Лице“, „Третото лице“, „Собрани песни“ и други. Ружевич бил и еден од најголемите драмски писатели и еден од клучните претставници на полскиот „театар на апсурдот“. Напишал 12 драми, од кои најпознати се „Картотека“, „Старицата седи чекајќи“ и „Стапица“. Тадеуш Ружевич бил роден на 9 септември 1921 година во Радомско, во близината на Лоѓ.
Култура
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.
Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.
На многаја и благаја лета, Владико наш свет, Епископ Партениј!
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од Бигорскиот Манастир ТУКА
Култура
Кичевското архиерејско намесништво со известување по повод Задушница

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 21.02.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.
Другиот ден, на самиот ден Задушница, 22.02.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6, 7 и 8 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се најновите парцели).
Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен).
Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.
Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост како за починатиот, така и за растење во нашите добродетели. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим 14,17).
Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!
Вечен им спомен!
Соопштение од Кичевска Парохија
Култура
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза11 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија13 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди11 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети