Следете не

Храна

На денешната трпеза направете чоколаден мозаик кој ќе ве освои од првиот залак

Објавено пред

на

Ќе ве освои при првиот залак.

Состојки:

200гр. бело чоколадо

200гр. млечно чоколадо

400гр. кисела павлака (20% млечна маст)

2дл. слатка павлака

10гр. желатин

1дл. вода

½ лажичка кафе

100гр. бисквити

Подготовка:

Ставете го желатинот во ладна вода за да набабри. Во два сада стопете ги белото и темното чоколадо, секое со 1 дл слатка павлака.  Во стопеното чоколадо додадете желатин и добро мешајте за да се стопи желатинот. Во топлото чоколадо додадете по 200 гр. павлака. Додадете кафе во темниот дел. Дното на  калапот наредете го со бисквити потопени во млеко.

Истурете (смесата ќе биде доста ретка) наизменично од белата и темната смеса. Чувајте го неколку часа во фрижидер за да се  зацврсти.

Магазин

Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?

Објавено пред

на

Иако денес киселото млеко лесно се наоѓа во продавниците, вкусот на домашното кисело млеко не враќа во детството. Процесот на подготовка е едноставен, бара минимално време, а резултатот е природен, вкусен и здрав производ кој не може да се спореди со индустриските варијанти.

Освен што има богат и кремаст вкус, киселото млеко е одличен извор на протеини и пробиотици, кои го подобруваат варењето на храната и ја одржуваат балансот на цревната микрофлора.

Состојки:

  • 3 литри млеко (по можност со 3,8% маснотии)
  • 1 лажичка шеќер
  • 350 г кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Во млекото додадете шеќер и оставете го да зоврие.
  2. Потоа исклучете го огнот и оставете го малку да се излади. Оптималната температура е ако можете да го држите прстот во млекото 10 секунди без да ве пече. Некои баби ја проверувале температурата и со лактот – ако не е премногу жешко, значи дека е подготвено.
  3. Одвојте околу 300 мл топло млеко во посебен сад и додајте ја павлаката. Измешајте добро додека не добиете мазна смеса.
  4. Истурете ја оваа смеса во остатокот од топлото млеко и убаво измешајте со лажица.
  5. Префрлете го млекото во сад во кој ќе се закисели. Најдобро е да користите глинена тегла, но може и друг сад.
  6. Покријте го садот со кујнска крпа и оставете го преку ноќ на собна температура.
  7. Следното утро, ставете го киселото млеко во фрижидер и оставете го 24 часа пред да го консумирате.

Совет:

Некогаш мајките додаваа кора од леб во млекото за да помогнат во згуснувањето. Доколку користите млеко со помала масленост, ова е одличен начин да добиете погуста текстура.

Со овој рецепт, ќе подготвите вкусно, природно и здраво домашно кисело млеко, исто како што правеле нашите баби!

Извор: RadioSA

Прочитај повеќе...

Храна

(ВИДЕО) Мудар начин како да ја воочите разликата помеѓу природна и вештачка храна

Објавено пред

на

Ова е начинот да забелижите која храна е природна а која вештачка, имено вештачката или ГМО храна е поубава, позаоблена, посјајна, со еднаква големина и изглед, со сјајна боја, без модринки и оштетени делови, без знаци за гниење…

Вештачкото месо, исто така, изгледа добро. Но, доколку обрнете внимание на црниот дроб и бубрезите ќе забележите дека тоа е лажна храна. Имено, ако бубрезите или црниот дроб од некои животни ви делуваат болно, не го купувајте тоа месо бидејќи тие животни најверојатно се хранети со ГМО сточна храна.

На кратко, вештачката храна содржи пестициди и хемиски вештачки ѓубрива, содржи генетски модифицрани организми и сл.

Што мислите, ја чувствуваат ли луѓето разликата меѓу обичната и органската храна?

Прочитај повеќе...

Магазин

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Објавено пред

на

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да уживате во топло кафе или чај, овие колачиња се полни со вкус и топлина. Со едноставен рецепт и неколку основни состојки, можете да создадете уникатен десерт кој ќе ги изненади сите!

Состојки:

  • 3 белки
  • 250 гр мелени ореви
  • 250 гр шеќер во прав
  • 1 лажица цеден лимон
  • 250 гр сечкани ореви

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200°C.
  2. Изматете ги белките: Почнете да ги матите белките додека не станат чврсти. Постепено додавајте шеќер во прав, по една лажица, и продолжете со матење околу 10 минути.
  3. Додавање на лимон: Додадете една лажица исцеден лимон и продолжете да матите уште половина минута.
  4. Измешајте со ореви: Додадете 250 гр мелени ореви и нежно измешајте со рака.
  5. Обликувајте колачиња: Обликувајте топчиња од смесата и секое валкајте го во сечкани ореви. Потоа обликувајте ролат и свиткајте го во полумесечина.
  6. Печете: Наросете уште малку сечкани ореви на врвот и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Намалете ја температурата на 150°C и печете ги оревите околу 35 минути.

Со ова едноставно, но вкусно колаче, ќе имате совршен десерт кој одлично оди со кафе или чај, и ќе ги воодушеви вашите пријатели и семејство.

Извор: Alo

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle25 минути

Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!

Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога сакате да подготвите вкусен оброк, но месото е сè уште замрзнато? Наместо...

Lifestyle28 минути

Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек

Започнете го денот со појадок богат со протеини и влакна! Овесна каша, грчки јогурт, грејпфрут, банани и јајца се вистинскиот...

Lifestyle32 минути

Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?

Зелениот чај нуди бројни здравствени придобивки, но само ако се подготвува правилно и се пие во соодветни количини. Зошто зелениот...

Магазин35 минути

Google Maps ќе чита Screenshots: Нова функција што го олеснува планирањето на патувањата

Google Maps наскоро ќе добие нова функција која ќе им овозможи на корисниците полесно да ги организираат своите патувања со...

Магазин39 минути

WhatsApp за iPhone добива поддршка како стандардна апликација за повици и пораки

За првпат, корисниците на iPhone ќе можат да го постават WhatsApp како стандардна апликација за повикување и испраќање пораки. Оваа...

Магазин41 минута

YouTube Premium воведува споделување видеа без реклами со пријателите

YouTube Premium ја претстави новата функција што им овозможува на корисниците да споделуваат до 10 видеа без реклами со пријателите...

Временска прогноза3 часа

Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија  и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (29 март)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт14 часа

Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од...

Скопје20 часа

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на...

НАЈЧИТАНИ