Случувања
Шокантно видео: На Евра му е досадно без фудбал, па се глупира!

Некогашниот најдобар лев бек во светот, Патрис Евра денес вниманието го привлекува на сосема поинаков начин.
На Евра очигледно му е досадно без фудбал, па често снима „интересни“ клипови со кои го привлекува вниманието на социјалните мрежи.
Меѓутоа со последното видео предизвика многу контроверзи, па многумина го нарекоа дури и „психијатриски случај“.
Ова не може да се опише со зборови, мора да го погледнете!
🦃 Patrice Evra's Instagram has hit a new level of weird…
(📱 Insta: patrice.evra) pic.twitter.com/qmLlHbKOtX
— The Sportsman (@TheSportsman) November 21, 2018
Хроника
Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!

Да се молиме Панчо да издржи! Неговата состојба е под будно око на специјалистите во болницата “Систина” каде пред неколку часа беше префрлен на интензивна нега.
– Пред нешто повеќе од еден час на социјалните мрежи Ребека која важи за негова блиска личност, истакна информација за влошена здравствена состојба на Владимир. Она што се знае е дека Трахеата била оштетена, поради вдишување топол дим, така што популарниот пејач е приклучен на апарати.
Да се молиме за нашиот Панчо, да му се подобри неговата здравствена состојба! 🙏
Временска прогноза
Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.
Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.
Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.
И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.
Македонија
Предмалку се огласи Министерството за здравство со важни информации

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира Кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи.
Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување на соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.
Во текот на денешниот ден, згрижени се над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата на следниов начин:
• Клинички центар – 20 пациенти
• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти
• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент
• Клиничка болница Штип – 20 пациенти
• Општа болница Кочани – 7 пациенти
• Клиника за токсикологија – 2 пациенти
Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:
• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.
• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.
• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.
• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.
• Република Хрватска и Романија: Очекува се во текот на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.
• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.
Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.
Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.
За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван Проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.
Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка, стои во нивното официјално соопштение.
-
Македонија10 часа
ИТНО да се известат семејствата на Методија Цонев и Стефанија Златановска што побрзо да пристигнат во скопската болница „8-ми Септември“
-
Хроника13 часа
Тага и горчина, Костадинов ја потврди лошата вест за членот од бендот на ДНК
-
Хроника16 часа
(ВИДЕО) Директорка на кочанската болница: „Дел од починатите се малолетни, без лична карта, нивната идентификација е тешка“
-
Хроника11 часа
Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК помеѓу загинатите, се спасил но се вратил да спасува девојчиња!
-
Хроника2 часа
Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!
-
Македонија4 часа
Предмалку се огласи Министерството за здравство со важни информации
-
Хроника12 часа
Андреј Лазаров од ФК Шкупи загина во несреќата, вчера играше против ФК Пелистер, страшно!
-
Хроника8 часа
Уште една млада фудбалска надеж од Штип жртва на пожарот во Кочани!