Балкан
На повидок нов бран на Ковид-19 според епидемиолошката слика во Србија, епидемиологот Предраг Кон предупреди за актуелната состојба

Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани 426.487 случаи на коронавирус, а 4.277 лица починале како резултат на болеста. Тестирани се 2.797.273.
Според последниот пресек, уште 16 лица починаа за 19 часа од ковид во Србија. Потврдени се 2.467 нови случаи на инфекција со коронавирус, од 13.063 тестирани.
Има 3.451 пациент во болниците низ целата земја, од кои 142 се на апарати за дишење.
Од 2.467 нови случаи, 765 се регистрирани повторно во Белград, а други два града забележаа трицифрен број на нови случаи на коронавирус.
Уште 200 нови случаи на коронавирус беа регистрирани во Нови Сад, додека 116 нови случаи беа регистрирани во Ниш.
Србија премина еден милион вакцинирани – досега биле вакцинирани 1.002.949 граѓани, вклучително и оние кои ја примиле втората доза на вакцината.
Епидемиологот и член на кризниот штаб г-дин Предраг Кон предупреди дека ако продолжи влошувањето на епидемиолошката состојба, ќе мора да се засилат мерките, со цел да се спречи нов бран на коронавирус.
Епидемиологот исто така на Фејсбук истакна дека влошувањето на епидемиолошката состојба не може да се игнорира, особено во Белград.
/rtv.rs
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија

Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
Балкан
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.
– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
Балкан
(ВИДЕО) Исчезнати цели семејства по катастрофалните поплави во БиХ, се трага од утро до мрак

Босна и Херцеговина неделава ја погодија големи поплави во кои загинаа најмалку 18 лица, а неколку десетици се водат како исчезнати, а причинета е и голема материјална штета. Исто така продолжува и потрагата по исчезнатите. Според официјалните податоци, 16 лица загинале во поплави и одрони. Најтешко е во Јабланица. Исчезнаа цели семејства.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, утринава во пет часот ги испрати спасувачките екипи на МУП во Босна и Херцеговина, кои беа испратени по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, истакна дека БиХ го активирала механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дека тимови за одговор пристигнуваат во таа земја, понудена е и помош во форма на инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Работата на спасувачката екипа ја отежнува и дождот, а тие работат од утро до мрак.
Извор: rts.rs / insajder video
-
Македонија2 дена
Љупче Спироски од Кичево избран за нов началник на „РЦ Запад“, истакнат професионалец во својата работа
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (29 март)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (28 март)
-
Магазин20 часа
„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј
-
Скопје20 часа
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје
-
Временска прогноза2 дена
Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег
-
Кичево1 ден
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред