Следете не

Временска прогноза

Најава: Кон средина од денот врнежите продолжуваат. Какво време не очекува од Понеделник?

Објавено пред

на

Времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град. УВ=6 Т-мин. од 8 до 16 а т-макс. од 22 до 28 степени. 

Во понеделник ќе биде особено нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Процесите ќе бидат поинтензивни на запад кај нас и на југ, каде што ќе има и почеста појава на град.

Во вторник и среда ќе биде малку посвежо со повремени врнежи од дожд претежно во попладневните часови, а условите за нестабилност ќе бидат помали.

Временска прогноза

Според најновите метео алатки, се очекува доста поладна зима во јануари и февруари

Објавено пред

на

Ладната “Ла Ниња” веќе го донесе првиот озбилен снег во регионот и во Македонија, засега во Македонија најмногу снег има на планинските и на Скијачките места, а во делови од регионот снежната покривка надминува  и половина метар, а на планините  снежната покривка достигнува до метар и половина.

Сепак, според она што го следам, уште поголема зима ни се заканува во јануари и во февруари, односно особено во втората половина од истата.

Големи се условите во следните два месеци за ново големо снежно невреме на Балканот, како и во Македонија. Според она што може во моментов да го кажам може да очекуваме многу поладно време од она кое го имаме сега. Со оглед на тоа дека млазната струја е доста активна оваа зима, често ќе имаме многу ладни продори од север, со тоа големи се шансите да се соочиме  и со поекстремно ниски температури на воздухот.

Веќе Балканот ја чувствува зимата како кога зимите биле како во минатото, односно во далечните деведесетти години, вели Славчо Попоски

ДОПОЛНИТЕЛНО НАПОМЕНА: Полека се остварува мојата сезонска прогноза околу оваа зима која ја објавив, а во нејзе гласеше дека големи се шансите да имаме снежно невреме на Балканот, а  тоа веќе се случи во многу делови од регионот и во Македонија, кај нас особено на повисоките и планинските места, каде обилните снежни врнежи создадоа многу проблеми.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Најава за нова снежна покривка, до денес во Маврово имаме најмногу снег

Објавено пред

на

Денешниот ден (среда) донесе снег во повеќето градови низ Македонија, а на Скијачките центри снежната покривка е до околу, па и над половина метар. Во Маврово имаме највисока снежна покривка од речиси 60 сантиметри, околу 50 сантиметри снежна покривка имаме на Попова Шапка, од градовите највисока снежна покривка денес беше измерена во Крушево 22 сантиметри, во Тетово 10 сантиметри, 4 сантиметри во Прилеп, 3 сантиметри во Битола, и 2 сантиметри во Претор и во Крива Паланка.

Понатаму, односно во следните часови, и секако како што претходно најавивме, до петок во Македонија ќе имаме поовремени локални врнежи од снег, додека во југоисточните предели и во Повардарието врнежите ќе бидат претежно од дожд. Ќе има понатамошно зголемување на снежната покривка. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Во Скопје  и околината исто така ќе има повремени послаби врнежи од дожд и снег, а снег особено се очекува во повисоките предели од котлината, како и на околните планини. И во Скопскиот региот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе бидат под нулата, а дневните температури на многу места ќе бидат за неколку степени над нулата, а во некои градови, особено оние повисоките тие ќе се движат околу нулата, а на планинските  места и на Скијачките центри тие постојано ќе бидат под нулата, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…

Објавено пред

на

Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска циркулација во текот на денешниот ден понеделник брзо ќе се поместува кон централен Јадран и Јонско Море влијаејки на времето во регионот.

Првиот влажен бран ќе се почувствува во утрово, односно во утринските часови во западните и северозападни делови од Македонија каде со очекуваат нови врнежи од снег а во пониските предели од дожд. Инаку скоро цела територија на Република Македонија ќе биде под снег до крајот на новата работна недела, се вели во соопштението.

Во попладневните часови врнежите ќе интензивираат (особено во Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија) така да не се исклучува и појавата на снег во одделни пониски места, предмалку за јавноста извести Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за петок (27 декември)

ОВЕН Ќе бидете склони да се за inубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и...

Македонија7 часа

МВР истакна нова дигитална услуга, ќе може да се издава уверение за државјанство онлајн, односно преку националниот портал за „услуги/uslugi“

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку...

Lifestyle14 часа

Една недела вода со лимон: Придобивките што не ги очекувавте

Докторката Патриша Варакало од порталот Thehealthy.com одлучила да направи експеримент и да пие вода со лимон секој ден една недела....

Култура14 часа

Читателите одлучија: „Сам дома“ е најдобриот божиќен филм на сите времиња

Божиќните празници се идеално време за уживање во омилените филмски класици. Дури и ако сме ги гледале десетици пати, тие...

Lifestyle14 часа

Чаеви што го олеснуваат дишењето и ја зголемуваат виталноста

Неколку видови чаеви можат да го олеснат дишењето и да ги заштитат белите дробови од штетните ефекти на загадувањето. Овие...

Lifestyle14 часа

Кога е премногу ладно за прошетка со кучето?

Со доаѓањето на студените зимски денови, сопствениците на кучиња често се прашуваат колку ниски температури можат да издржат нивните крзнени...

Lifestyle14 часа

Пет работи во домот што можат да го загрозат здравјето

Иако домот го сметаме за безбедно место, постојат работи кои несвесно можат да му наштетат на нашето здравје. Д-р Џулија...

Lifestyle14 часа

Без валкани садови: Дали сте го пробале овој рецепт за палачинки со шише? (ВИДЕО)

Сакате палачинки, но се плашите од нередот и валканите садови што остануваат по подготовката? Имаме решение за вас – палачинки...

Lifestyle14 часа

Прочитајте ги декларациите: 10 состојки опасни по здравјето

Често не обрнуваме внимание на листата на состојки на прехранбените производи, а уште помалку знаеме што значат многу од имињата....

Lifestyle14 часа

Сите ја сакаме оваа храна, но таа е главен виновник за високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, не е само непријатност. Тој е сериозен здравствен проблем кој значително го зголемува...

НАЈЧИТАНИ