Спорт
Тој е најбрзиот човек на светот во трчање наназад – еве го рекордот кој го постави (ВИДЕО)
Арон Јодер е најбрзиот човек во трчање наназад. Рекордот го постави со изминати 1,6 километри за 5 минути и 54 секунди.
„Кога трчам наназад се чувствувам како да летам. Овој вид на трчање ми дава поинаква перспектива при преминувањето на патиштата и должината на остатокот од мојот пат“, вели Јодер.
Со трчање се занимава веќе 20 години и се натпреварувал во најразлични дисциплини на трчање. Како 20-годишник се натпреварувал за стипендија за колеџ, а потоа поради сериозна повреда на коленото речиси се откажал од својот сон
„Лекарот ми рече да престанам да трчам, но не сакав да го сторам тоа. Знаев дека морам да направам промени“, раскажува Јодер.
Открива дека дисциплината трчање наназад, всушност, се вика „ретро трчање“ и додава дека истата има минимално или речиси никакво влијание врз неговото колено.
„Трчањето наназад одлично влијае на моето повредено колено, не чувствувам апсолутно ништо и поради тоа уживам во оваа необична дисциплина“, објаснува Арон.
Според студијата од 2011 година која ја објави Националниот центар за биотехнолошки информации, луѓето кои трчаат наназад користат многу повеќе мускули на нозете од оние кои се занимаваат со класичното трчање. Поради тоа, на тој начин може да согорите околу 30 насто повеќе енергија и калории ако наназад трчате со исто темпо како нормален тркач. New York Times пишува дека истражување направено во 2016 година покажало оти долгогодишните тркачи кои во период од пет недели нормалните тренинзи ги замениле со трчање наназад, станале 2,5 пати поефикасни при искористувањето на кислородот за време на вежбањето.
Интересно е што Јодер не е сам во оваа уникатна дисциплина. Тој открива дека постојат илјадници луѓе кои трчаат во овој стил и потсетува дека на последните светски натпреварувања во трчање наназад константно учествуваат повеќе од 20 земји кои ги претставуваат над 200 тркачи.
Спорт
ФК Кичево денес освои службено 3 бодови, за гостинската екипа играа повозрасни играчи
На денешниот натпревар помеѓу екипите на „ФК Кичево“ и „Топ Гол“ во рамките на 10-то коло од Регионалната Пелагониско-Езерска лига за генерации 2010/11 заврши со резултат 3:0 за нашите момчиња од Кичево, службено добиен меч со причина.
Имено, како што истакнаа од управата на клубот, по извршување на идентификација на двете екипи од страна на судиите и делегатот утврдени се нерегуларности во гостинската екипа на „Топ Гол“ за официјално 3 играчи, по проверката не биле во записник, а учествувале на натпреварот, така што по проверка во „Comet/Комет“ системот на ФФМ утврдено е дека биле родени во 2009 година и се повозрасни.
– „ФК Кичево“ најостро го осудува ваквиот тип на нерегуларности, кои се долго време причина за губење на убавината на оваа игра, а сведоци сме на вакви настани секој фудбалски викенд во сите детски лиги низ фудбалските терени во Македонија. Фудбалот е игра која треба да сплотува и да ги учи децата на вистински вредности, а вакви настани можат само да ги оддалечат од тоа, истакна челниците на кичевскиот клуб.
– За таа цел, преку соопштението, апелираат и бараат брза реакција од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Грујоски главен во Струмица, Ставрев ќе суди во Скопје – ова се судиите кои ќе ја делат правдата во 15-то коло во првата македонска фудбалска лига в недела
Фудбалската федерација на Македонија ги истакна судиите кои ќе го судат 15-тото коло во првата македонска фудбалска лига во недела. На „Младост“ во Струмица каде ќе се сретнат „АП Брера и Струга-Трим Лум“ главен судија ќе биде еден од најдобрите домашни судии, кичевчанецот Александар Грујоски, неговиот „имењак“ познатиот Ставрев Александар ќе го суди мечот „ФК Работнички и ФК Беса“ на националната арена „Тодор Проески“
Во продолжение останатите судии кои ќе ја делат правдата на фудбалските терени:
Сите натпревари започнуваат од 13:00 часот, додека Пелистер – Шкендија одигруваат под рефлектори од 17:00 часот
Марјан Младеновски – КФГ ГОСТИВАР АД – ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци
Игор Иванов – ФК ВОСКА СПОРТ АД – ФК ВАРДАР АД
Јован Качевски – ФК ШКУПИ-1927 АД – ФК СИЛЕКС АД
Димитар Пилешков – ФК ПЕЛИСТЕР АД – ФК ШКЕНДИЈА АД
„Мечевите може да ги следите во живо преку јутјуб ТУКА, платформата на Фудбалската федерација на Македонија“
Спорт
Косовската репрезентација ја чека високи казни поради напуштање на теренот против Романија, тие и покрај поканата на судијата – одбиле да се вратат на терен
Репрезентацијата на Косово може да претрпи огромни последици поради напуштањето на теренот на натпреварот против Романија во Букурешт (0:0). Тие не се вратија ниту откако беа поканети од судијата и делегатите.
Некои романски медиуми открија дека играчите ќе добијат високи казни.
– Ексклузивни извори од УЕФА потврдија дека фудбалерите на Косово ќе бидат казнети со парични казни и суспензии за нивните гестови и провокации што доведоа до хаос во Букурешт. За потсетување, натпреварот беше прекинат од Косово, на три минути до крајот.
Резултатот беше 0:0 кога го напуштија теренот – објавија романските медиуми.
-
Спорт21 час
ФК Кичево денес освои службено 3 бодови, за гостинската екипа играа повозрасни играчи
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (23 ноември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (24 ноември)
-
Временска прогноза2 дена
Ладниот бран се поблиску до нашата држава, ова се последните метео вести
-
Временска прогноза19 часа
Силниот ветер го очисти небото, температурите паѓаат до -10°C
-
Автомобили2 дена
(ВИДЕО) Audi го претстави својот нов продукт, станува збор за моделот „Q6 e-tron Sportback“
-
Македонија17 часа
ЦУК истакна информации за штети од вчерашното невреме во Македонија