Спорт
Нашата фудбалска селекција до 19 години започнува против Франција на гости, додека на домашен терен ги пречекуваме соседите Србија

УЕФА со извлекување го одреди распоредот на натпревари за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство за репрезентации до 21 година.
Македонската репрезентација е во група со Франција, Србија, Украина, Фарски острови и Ерменија. Избраниците на селекторот Благоја Милевски квалификацискиот циклус ќе го започнат со гостување кај првиот фаворит во групата, селекцијата на Франција (02. септември 2021.), а првиот домашен натпревар го играме против Србија (7. септември 2021.).
02.09.2021 Франција – Македонија
07.09.2021 Македонија – Србија
07.10.2021 Фарски острови – Македонија
12.10.2021 Еремнија – Македонија
11.11.2021 Македонија – Украина
16.11.2021 Македонија – Франција
24.03.2021 Србија – Македонија
29.03.2022 Македонија – Фарски острови
01.06.2022 Македонија – Ерменија
07.06.2022 Украина – Македонија
Спорт
ФФМ со реакција: Закажаното Собрание на ОФС Охрид не е според Статутот на сојузот

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.
Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година.
Како што велат во интегралното соопштение на Фудбалската федерација, одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.
Извор: ФФМ
Спорт
Судијата погрешил за поновениот пенал на мечот Вардар – Шкендија, одлучи ФФМ судиската организација и комисија

Судиската организација и комисија на Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение по добиениот писмен допис од страна на ФК Шкендија, и како што наведуваат во текстот истиот гласи вака:
– Пред да го добиеме истиот ние како судиска организација и како комисија за делегирање на судии, а во координација со официјалните лица на натпреварите направивме анализа на одиграните натпревари, а посебен фокус е ставен кон дуелот Вардар – Шкендија (1:2).
Ние како надлежни тела на ФФМ, како судиска организација сме, исто така, сериозно загрижени за Ваквиот однос од Ваша страна. Фудбалот е спорт во кој треба стручните лица да ги решаваат спорните моменти, а не тоа да се прави со тенденциозни и намерни критики без притоа да се остави на надлежните органи да се справат со анализа на натпреварите.
Со овој допис, а по консултација со официјалните лица на споменатиот натпревар се донесени следните заклучоци.
Во прилог целосниот текст погледнете го на официјалниот натпис ТУКА
Спорт
Женската репрезентација на Македонија в петок ја дочекува селекцијата на Косово во Лигата на Нации, Андонова поради повреда без ангажман на овој меч

Македонската женска „А“ репрезентација на Македонија на 21-ти февруари на домашен терен, со почеток од 14:00 часот ја дочекува селекцијата на Косово во рамките на стартот на новото издание на Лигата на Нации.
Нашата женска селекција се наоѓа во групата 6 од сегментот „Ц“ заедно со селекциите на Косово и Летонија. Селекторот на Македонија, Александар Андов за претстојната пресметка со Косово се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Берна Кабакчи Карсон Њумен, САД
Викторија Панчурува Тиверија Брера
Кристина Павлоска Топ Гол
ОДБРАНА:
Ана Милчевска Ланчхути, Грузија
Ане Бошевска Тиверија Брера
Павлинка Николовска Тиверија Брера
Елена Панеска Олимпија, Словенија
Бојана Петкова Полонија Срода, Полска
Сара Коларовска Скопје 2014
Викторија Недева Тиверија Брера
Александра Јовановска Љуботен
СРЕДЕН РЕД:
Хава Мустафа Љуботен
Александра Марковска Љуботен
Симона Ребека Меијер Макаби Кишронод Хадера, Израел
Ленче Андрееска Уние Кадин , Турција
Икмете Лимани Швеинфурт 05, Германија
НАПАД:
Јилза Максути Уние Кадин, Турција
Гентијана Рочи Купс, Финска
Лора Сулејмани ГПСО 92, Франција
Јована Павловска Легија, Полска
Марјана Нацева Борусија Дортмунд, Германија
Билјана Панева Тиверија Брера
Поради повреда, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Александар Андов за дуелот против Косово.
Инаку нашите фудбалерки денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје официјално ги започнаа подготовките за претстојните предизвици од новиот циклус на „Лига на нации”, известија од Фудбалската Федерација на Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Култура1 ден
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Автомобили2 дена
Овие половни автомобили значително поскапеа – дали возите еден од нив?
-
Македонија1 ден
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Свет2 дена
Научниците предупредуваат: Глобалното топење на глечерите се забрзува
-
Македонија3 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Магазин10 часа
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети