Кичево
Нашиот заштитник на градот храмот „Св. Петар и Павле“ прегрнат од цветната убавина во розова боја

Цветната розевина која последните неколку дена е присутна на улицата Маршал Тито во Кичево, плени со својата убавина и автентичност. Нема граѓанин кој поминува по оваа улица а да не се загледа во преубавите цветови на ова растение од далечниот исток.
Но, ако постарите ги набљудуваа расцветаните цреши и се сладат од нивните цветови, помладите задолжително се фотографираат или прават самослик, како потсетување на оваа единствена убавина, која во текот на пролетта ја краси оваа улица и градот. Се чини како цветната розевина да го прегрнала и црковниот храм „Свети Петар и Павле“, за што најдобра потврда се фотографиите кои секојдневно стигнуваат до нашиот медиум.
– Последните десетина години со големо нетрпение го чекаме вториот дел на месец април, кога на главната улица во нашиот град цветаат јапонските цреши, во чија убавина и раскош секојдневно уживаме и со посебно задоволство ги завршуваме утринските прошетки, импресионирани од неповторливата убавина на овие растенија. По малку сме несреќни кога ќе започнат цветовите да паѓаат и на нивно место да се појавуваат зелените лисја. И така секоја година и секоја пролет, ја поминуваме во исчекување на цветањето на преубавите цреши по потекло од „земјата на изгрејсонцето“ – воодушевено истакнуваат Коле, Драган и Перо, жители од најблиската населба Подварош.
Текст: Зоран Антоски
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија2 дена
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Автомобили2 дена
Овие половни автомобили значително поскапеа – дали возите еден од нив?
-
Македонија14 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Свет2 дена
Научниците предупредуваат: Глобалното топење на глечерите се забрзува
-
Магазин21 час
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети