Македонија
Нема град во нашата држава во кој нема активни случаи на Ковид-19, над 100 во Кичево, вкупно 7,408 случаи, ова е листата по градови..
Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, заедно со бројката од потврдените 561 заразени вчера.
По градови редоследнот изгледа вака:
Скопје – 3.562, од кои најголем дел се од Аеродром (699), Карпош (547) и Центар (519). Над 400 заразени во моментов во Скопје има во Гази Баба (450) и Кисела Вода (417). Зад нив е Ѓорче Петров со 286 активни случаи, и Чаир и Бутел со 166 односно 152 активно заразени лица.
Во другите градови, најмногу заразени има во Струмица(434), Тетово (408), Куманово (331), Прилеп (316), Кочани (212), Штип (201).
Битола, Велес, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Делчево и Кичево имаат над 100 заразени со коранавирус, а останатите се со двоцифрени бројки. Во моментов нема град без активен случај.
Според последните податоци на Министерството за здравство, во последните 24 часа се заразиле 561 лице, оздравени се 197 пациенти, а починале 22 лица на возраст од 35 до 88 години.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919.
/инфо
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево17 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Спорт2 дена
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин14 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери