Случувања
НЕСРЕЌА во Пехчево: Се симнал од трактор, па во еден момент тракторот почнал да движи и ги прегазил

На 28.04.2019 година во 00,10 часот од Здравствениот дом Пехчево било пријавено дека кај нив било донесено лице Г.Р.(37) од с.Умлена–Пехчево со повреди. Имено, според пријавеното, откако Г.Р. го паркирал тракторот во неговиот двор, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил.
Потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди.
Се работи на расчистување на настанот.
Извор: МВР
Временска прогноза
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.
По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени. Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.
Свет
(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на покривот, возачот преживеал и е во стабилна состојба.
– „Сè се случи како во забавена снимка. „Го видов автомобилот како паѓа и само се обидував што побезболно да ја поминам целата ситуација“, изјави за американските медиуми Кајман Јунг, возачот чија камера го сними ова.
Можеби најстрашниот момент, покрај самата несреќа, беше кога возач на Honda Civic за влакно избегна катастрофа.
„Мило ми е што се испадна најдобро што е можно. „Тој автомобил можеше да слета на секого, додаде Јунг. Двајцата возачи од мојата лева страна беа многу поблиску до него. Тие треба да се чувствуваат како да добиле на лотарија“, рече тој.
Извор: vesti-online.com
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза10 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија12 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди10 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети