Случувања
(ВИДЕО) Невесто бре, се утепа ли?

Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Кичево
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната улога на жената во општеството.
За време на овој посебен ден, изразувајќи благодарност и љубов, но и почит речиси сите подаруваат цвеќиња како вообичаен и значаен гест. Како препорака, ви ги презентираме најубавите цвеќиња кои денес пристигнаа кај нашите партнери „АТВА Маркети“.
Изберете го најубавото цвеќе и изненадете ги најблиските!
„АТВА Маркет“ на добро познатите локации ширум град Кичево, подари цвеќе за среќа!
Македонија
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Кичево21 час
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Македонија1 ден
Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари
-
Магазин1 ден
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!
-
Култура17 часа
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието
-
Македонија7 часа
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами