Македонија
Денеска е Св. свештеномаченик Автоном
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 септември.
Денеска е Св. свештеномаченик Автоном.
За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија, се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос. Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил. Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабожци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабожците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот. Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Никола вон Флуе.
Роден е во 1416 година, на планината Флуе во Швајцарија. Живеел пустински живот. Најголема необичност во неговиот живот е тоа што во текот на своите 19 ипол години живеел без храна, освен што се крепел со светата причест. Тој факт историски бил докажан. Тој пост бил испитан и утврден од страна на црковните и граѓанските власти. Луѓето кои доаѓале за совет во пустината каде што тој живеел, почнале да го слават како светец. Свети Никола фон Флуе умрел во 1487 година.
Македонија
Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение
Во пресрет на најсветите мигови на Христовото Воскресение, и најголемата радост која му се случува на човечкиот род, свештената Бигорска обител испраќа апел до сите верни што вечерва ќе земат удел во Пасхалната богослужба, да се воздржат од користење на мобилни телефони за време на службата. Сликањето со мобилни телефони го уништува молитвениот амбиент и ја одзема духовната димензија на богослужбата, претворајќи ја во евтина атракција, подобна на световните настани и манифестации. Затоа во тој контекст, би ви биле благодарни доколку и самите ја согледате штетноста на оваа, во последно време доста актуелна навика и во иднина ја отфрлите. На тој начин и вие ќе имате поголема полза од богослужбата, а и на верните околу вас ќе им овозможите со поголем мир молитвено да учествуваат во неа.
Уште еднаш апелираме да се почитува светоста на богослужбата, да не се фотографира со мобилни телефони, затоа што манастирот си има свои официјални фотографи и сите ќе имате можност подоцна да видите фотографии од тие благодатни моменти, што не би ги ни доживеале доколку во рацете држите мобилни. Надевајќи се дека ќе го почитувате овој апел, на сите ви посакуваме Добра Пасха
Известуваат од Бигорскиот Манастир во пресрет на најсветиот празник
Македонија
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.
Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка.
– Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
1-ви мај е меѓународен празник кој се слави ширум светот. Во многу земји се поистоветува со денот на трудот кој произлезе од традициите на работничкото движење, иако славењето на први мај има длабоки корени во древните пагански празници посветени на природата.
Празникот на трудот кој се празнува на првиот ден од мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на работничките права, всушност е ден на кој се оддава почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго.
Во Македонија Први мај е државен празник, како и во повеќе земји во светот. Се до 2006 година Први мај се празнуваше два дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Вообичаено кај нас, овој ден се користи за излети во природа. Скоро секој град има свои традиционални излетнички места, а тоа се најчесто зелени прекрасни ливади покрај вода каде населението ја пали традиционалната скара и со песна и игра го поминува денот на трудот.
Слично како и кај нас така и во други европски држави овој ден се прославува во природа покрај логорски оган на кој се спрема скара или некое друго јадење. Во некои земји во Северна и Централна Европа, во природа се излегува ноќта спроти Први мај (Валпургина ноќ) и се прославува плодноста, при што се пие и пее долго во ноќта покрај запалените огнови.
За разлика од ваквото празнување, кое има корени во паганското чествување на природата, во некои држави работничките синдикати организираат масовни протести на кои се истакнуваат нови барања за подобрување на работничките права при што често пати има и судири со полицијата.
Кај нас тоа е само симболично, што е одраз на традициите и културата на славање на овој празник како и на нивото на зрелоста на синдикалната организација.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 мај)
-
Македонија10 часа
Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение
-
Хороскоп6 часа
Празничен Хороскоп за недела (5 мај)
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“
-
Култура2 дена
Денеска е голем ден, „Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..
-
Култура5 часа
Радувајте се! Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!
-
Технологија2 дена
Сте се запрашале како функционираат сензорите за отисокот на прст, односно „fingerprints“, еве неколку типа на скенери за отпечатоци..
-
Култура16 часа
„Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста, последни подготовки пред најголемиот празник „Велигден“