Случувања
(ВИДЕО) Невесто бре, се утепа ли?
Македонија
РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство
Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата.
Оттаму за јавноста нагласија дека за директор на РЕК Осломеј е назначен Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот, додека на директорска позиција во Осломеј е именуван и кичевчанецот Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.
За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, а досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола.
Од компанијата информираат дека „в.д. директор на подружницата ТЕЦ Неготино е Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната.
Извор: 4news.mk
Кичево
(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’
Денеска министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски заедно со Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски ги посетија припадниците во касарната ,,Чеде Филиповски – Даме’’ во Кичево, каде што е лоциран 1. пешадиски баталјон.
За време на посетата министерот беше брифиран за мисијата, задачите, одговорностите и предизвиците на единицата како и за ангажманот на припадниците на овој баталјон во мировни мисии, вежби и поддршка на други институции.
– Од касарната во Кичево министерот порача дека идниот период ќе се заложи за вложување во капацитетите на 1. пешадиски баталјон, за јавноста известува Министерството за одбрана преку нивните социјални медиуми.
Македонија
Стружанец заработи кривична пријава поради предизвикување пожар
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с.Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К, известуваат од МВР.
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (19 септември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 септември)
-
Македонија1 час
РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство
-
Кичево4 часа
(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’
-
Lifestyle8 часа
Експертите потврдија: Ова е официјално најздравиот зеленчук во светот
-
Магазин1 ден
Дали користите инкогнито? Може да ви се случи оваа чудна ситуација
-
Спорт1 ден
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години запиша уште една победа во одлична игра на предводниците на Исени
-
Магазин1 ден
Купувате лаптоп – еве зошто треба да размислите за користени модели