Следете не

Музика

Благодарност и до кичевчанец: „Некст тајм“ со најава за големата промоција на „Нешто ќе те питам бабо“

Објавено пред

на

„Некст тајм“ ја најавија промоцијата на својот следен проект што ќе ги наследи ремек-делата „Ја излези Ѓурѓо“ и „Слушам кај шумат шумите“, за кои добија само пофалби од македонската, но и од регионалната публика. Овој пат станува збор за темата „Нешто ќе те питам бабо“, зад која повторно застанува истиот тим, односно за аранжманот се погрижи маестралниот Никола Мицевски, а за екранизацијата режисерот Огнен Шапковски.

„Со гордост ви најавуваме промоција за нов видеозапис, за уште една македонска народна песна ’Нешто ќе те питам бабо’. Веруваме дека и по третпат ќе ве направиме горди и ќе ја зачуваме македонската песна заедно“, порачаа браќата Мартин и Стефан Филиповски најавувајќи ја промоцијата што ќе се одржи в понеделник, 25 март 2019 г., во Драмскиот театар во Скопје со почеток од 20.00 часот. Влезот е слободен за сите љубители и поддржувачи на македонската музика и на „Некст тајм“.

Како особена благодарност за својот придонес во проектот на овие млади момчиња своја заслуга зеде и нашиот кичевчанец и пријател Филип Митрески-Панчо..

Браво!

Музика

(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.

„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“

дел од моќните стихови на песната. 

Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.

Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:

Прочитај повеќе...

Музика

Во сабота во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево прв концерт на Христијан Трајаноски под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“

Објавено пред

на

©porta.mk

Во сабота на 8-ми јуни со почеток од 12:00 часот во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира официјален концерт под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“ во покровителство на Христијан Трајаноски.

Гости и соработници на концертот кои ќе бидат дел се:

  • КУД Бисер
  • ВИС Амајлија
  • Лука Лазарески (пиано)
  • Филип Михајлоски (канон)
  • Мирослав Мирчески
  • Методија Столески
  • Дарко Стојаноски
  • Михајло Данилоски
  • Драган Вељаноски
  • Кичевскиот оркестар за народна музика

Порта.мк како медиумски покровител ве кани да дојдете, да присуствувате и заеднички да уживаме во убавата македонска музика, проследена со најубавото македонско оро и песна!

 

Прочитај повеќе...

Музика

За сите љубители на класична музика, утре бидете дел од концертот на млади пијанисти во Кичево, по повод Меѓународниот ден на детето

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани, ја имаме таа чест да ве информираме, воедно и во името на организаторите на овој прекрасен настан, да Ве поканиме сите вас кои сте љубители на класичната музика на концерт на млади пијанисти. Нека вашето драгоцено време биде одредено овој пат за звуците на пијаното, прославувајќи го Меѓународниот ден на детето.

Утре, сабота – 1-јуни со почеток од 17:00 часот во НЦУК „Кочо Рацин“ заедно со проф. м-р Кристина Костадиноска

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили2 часа

Најпродаваниот нов автомобил во Европа станува електричен

Потврда од врвот на компанијата потврдува дека следната генерација на популарниот компактен модел, Dacia Sandero, кој беше најпродаван автомобил во...

Lifestyle2 часа

Направете шампон од мед и уживајте во здрава и бујна коса

Во светот на природната убавина, медот се издвојува како клучна состојка за нега на косата. Неговите навлажнувачки својства го прават...

Lifestyle2 часа

Чај од ѓумбир: Ефикасен природен лек за болки во грлото и упорна кашлица

Чајот од ѓумбир е еден од најдобрите природни лекови и може да биде одличен сојузник во борбата против постојаните вируси...

Lifestyle2 часа

Петте најдобри европски скијачки центри

Европа е дом на некои од најубавите скијачки центри во светот, кои не само што нудат одлични снежни патеки, туку...

Lifestyle2 часа

Како да препознаете вистински мед? Четири сигурни тестови за откривање на квалитетот

Препознавањето на вистинскиот мед е важно за да бидете сигурни дека консумирате чист, природен и хранлив производ. Со оглед на...

Извор: Samsung Извор: Samsung
Магазин2 часа

Современите паметни телефони веќе не зависат од заштитни фолии за екранот

Благодарение на напредната технологија за производство на стакло и робусниот дизајн, заштитните фолии за екраните на паметните телефони стануваат сè...

Lifestyle2 часа

Петте најнездрави намирници за појадок, според гастроентеролог

Појадокот е еден од најважните оброци во денот, но изборот на намирници е клучен за долгорочното здравје. Американскиот гастроентеролог д-р...

Lifestyle2 часа

Девет несакани ефекти од прекумерен внес на кофеин

Кофеинот, кога се консумира во умерени количини, е генерално безбеден и има бројни придобивки, како подобрување на расположението, метаболизмот и...

Магазин2 часа

Како да ја играте тајната мини-игра на Google инспирирана од Squid Game

Google уште еднаш ги изненади корисниците со културно релевантно „Easter Egg“ изненадување. Овој пат, се работи за тајна мини-игра инспирирана...

Автомобили2 часа

Клучна година за електричните возила: Инвестиции, предизвици и иднина

Електричните возила (EV) се наоѓаат на крстопат во 2024 година, со мешани резултати и очекувања за значајни промени во индустријата....

НАЈЧИТАНИ