Следете не

Временска прогноза

Какво време не очекува цел Ноември!

Објавено пред

на

Пред нас е сушен и натпросечно топол ноември

Под влијание на антициклон, и во наредниот период во државава времето ќе биде стабилно, суво и натпросечно топло преку денот додека наутро ќе биде студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини..

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Со ова веќе се потврдуваат и месечните прогнози кои беа издадени за месец ноември во кои беше укажано дека пред нас е сушен и натпросечно топол ноември, но ваквите неповолни временски услови многу лошо ќе се одразат врз земјоделието.

Временска прогноза

Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица

Објавено пред

на

Во текот на новата седмица која е пред нас, особено пак од средината на истата па во деновите потоа, нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса од југ и во поле на висок воздушен притисок (Антициклон). Во ваква ситуација времето ќе биде сончево, повремено со сосема мала  и локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Скопје и околината во текот на новата седмица не очекува стабилно, суво, сончево и многу потопло време, особено од среда.

Што се однесува до температурите, тие преку ден значително ќе пораснат како што и претходно кажав и максималните дневни температури од среда па во деновите потоа ќе се искачуваат во интервалот дури од 15 до 22/23 степени. Во Скопје пак температурата ќе се искачи до околу 20/21 степен.

Да напоменам дека утрата ќе бидат поладни, но не премногу, па така наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат за некој степен под нулата, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Вакво време не очекува во текот на утрешниот ден

Објавено пред

на

За време на овој викенд продолжува многу променливото време во нашата Република Македонија. Веќе утре (недела 2 март) поради спуштање на поладен воздух од север, на планините со висина од над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, кој особено долж Повардатието повремено ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Поради понатамошното спуштање на ладниот бран од север, утре (недела 2 март) особено во северозападните, северните  и во североисточните предели од нашата Република Македонија, снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така повремен снег ќе има  и во повисоките населени места во овие делови од нашата Македонија.

Што се однесува до температурите на воздухот, тие денес (сабота 1 март) ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека утре (недела 2 март) тие ќе бидат значително пониски и максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 11 степени.

Да напоменам, дека со овој продор на ладен воздух од север, во Скопје ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе преминат во повремени послаби врнежи од снег. И во Скопје утре (недела 2 март) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, а максимумот на температурата ќе се искачи до околу 9 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите

Објавено пред

на

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе услови пообилни врнежи кои во градовите ќе бидат претежно од дожд, додека на повисоките места и на планините (до околу 1000 метри надморска височина) врнежите ќе бидат од снег.

Снежната граница, особено во северните и во северозападните предели се очекува да се спушти и под 1000 метри, па така, појава на повремен снег во овие предели ќе има и во дел од повисоките населени места. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста послаби врнежи од снег во недела на 2 март да има  и во дел од повисоките предели од котлината. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во недела на 2 март позначителнои ќе опаднат  и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин2 минути

Instagram додава нови функции за DM

Instagram значително ја надградува функцијата за Директни пораки (DM) со нови можности, како закажано испраќање пораки, прикачување важни пораки и...

Магазин3 минути

Amazon ја исклучува својата апликација за Android

Amazon најави дека ќе ја исклучи својата Appstore апликација за Android на 20 август 2025 година. По овој датум, апликациите...

Магазин4 минути

Google Chrome додава Circle to Search за iPhone

Google воведува нови гестови за пребарување на iPhone, овозможувајќи им на корисниците да означат што било на својот екран за...

Магазин5 минути

Откриен новиот Apple iPhone 17 Air – најтенкиот iPhone досега

Apple оваа година подготвува iPhone 17 Air, ултра тенок модел кој ќе биде потенок од сите претходни iPhone уреди. Колку...

Магазин7 минути

TikTok и Reddit под нова истрага: Приватноста и податоците на децата повторно под прашање?

Организацијата за заштита на приватноста на Обединетото Кралство (ICO) спроведува истрага за TikTok, Reddit и Imgur, испитувајќи како овие платформи...

Магазин8 минути

Тим Кук навестува нов MacBook за оваа недела

Потврдени се претходните гласини дека новиот MacBook ќе биде претставен во март. Тим Кук, извршен директор на Apple, објави видео...

Македонија2 часа

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за вторник (4 март)

Овен Се занимавате со ситници кои не ви одат од рака. Морате да се подготвите за посилно  темпо на работа,...

Култура13 часа

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа,...

Кичево16 часа

(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“

Секоја година, на 8-ми март, целиот свет го слави „Меѓународниот Ден на жената“. Еден вид признание и чест за фундаменталната...

НАЈЧИТАНИ