Македонија
Нови 25 случаи со Коронавирус, сите од Куманово

Нови 25 случаи на заболени од коронавирус се регистрирани во изминатото деноноќие во Куманово. Сега вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 168 пациенти .
Министерството за здравство информира дека денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два негативни теста на Ковид-19 се испишани 3 оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови.
Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 284
Куманово – 168
Дебар – 49
Штип-21
Прилеп –50
Тетово – 31
Струга – 33
Велес – 18
Битола –8
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –6
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 19
Пробиштип – 1
Од 496 тестирање, преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања на Ковид-19.
Македонија
Честитка по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
/Порта.мк
Македонија
Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против Г.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 25.02.2025 во службена просторија во ОВР Свети Николе, пријавениот Г.Т., полициски службеник во Полициската станица Свети Николе, во присуство на други полициски службеници, агресивно се однесувал и се заканувал на К.М. – командир на Полициската станица Свети Николе. Имено, на наведениот датум, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, преку командирот К.М., како негов претпоставен, преземале мерки во врска со претставка од граѓани против Г.Т. за непрофесионално и недолично постапување при изготвување на записници за констатирани прекршоци од областа на сообраќајот.
Откако дошол во канцеларијата на командирот, пријавениот го обвинил него дека е иницијатор на претставката и почнал да му се заканува.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка пријавениот да биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка, информира МВР за јавноста.
Македонија
Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден во 08.00 часот во ОВР Прилеп, 54 – годишен сопственик на угостителски објект во Прилеп пријавил дека со физички напад и закани, С.Р. и А.Т., двајцата од Прилеп, му изнудиле пари кои ги земал приведениот Р.Р., татко на С.Р..
Имено, на 20.03.2025, С.Р. и А.Т. дошле во неговиот угостителски објект, физички го нападнале и со закана барале од него месечно да им дава 400 евра за да му го обезбедуваат објектот. Најпрвин ги одбил, но после тоа, тие уште неколку пати доаѓале во објектот, му се заканувале и му барале пари, при што С.Р. му рекол дека парите ќе ги зема неговиот татко Р.Р.. На 24.03.2025 тој се договорил со Р.Р. дека ќе му ги даде парите на 26.03.2025, а откако ги зел парите, Р.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
После тоа, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претреси во домовите на тројцата, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Од страна на судија на претходна постапка на Р.Р. му била определена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во казнено – поправна установа за издржување на мерката.
Исто така, мерка притвор од 30 дена во отсуство била одредена и на С.Р. и А.Т, информира МВР за јавноста.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (30 март)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Lifestyle2 дена
Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!
-
Lifestyle2 дена
Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек
-
Спорт15 часа
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Lifestyle2 дена
Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?
-
Магазин2 дена
Google Maps ќе чита Screenshots: Нова функција што го олеснува планирањето на патувањата