Балкан
НОВИ МЕРКИ ВО СИЛА 1.499 новозаразени во Словенија

Според неофицијалните податоци на Телевизија Словенија, во таа земја во последните 24 часа се потврдени 1.499 нови случаи на коронавирус, засновани на 5.756 тестирани примероци.
Ова значи дека 26 проценти од испитаниците се позитивни.
Во таа земја се во сила нови мерки од полноќ, кои вклучуваат забрана за движење меѓу општините, што ќе важи на територијата на целата земја.
Забраната, која ќе биде во сила седум дена, постепено ќе се олеснува во оние региони кои најуспешно ќе се борат против пандемијата на коронарниот вирус.
Балкан
Поради снежно невреме хаос на Балканот, кај нас топло, ова се деталите..

Под влијание на циклонска активност и на серија влажни воздушни бранови, во текот на оваа седмица во Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите повремено и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 25 л/м2 воден талог). Снег ќе врне само на високите планини а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите и понатам у ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во најтоплите југоисточни предели температурите се очекува да се искачат до околу 19 степени.
Во Скопје и околината во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 16 и 18 степени.
Нешто пониски температури кај нас, но сепак и понатаму релативно високи ќе имаме од средината на оваа седмица.
НАПОМЕНА: Овие денови над нашата територија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена а дождот кој се очекува ќе биде помешан со истата.
Инаку регионот, посебно Хрватска и делови од Далмација се под влијание на СИЛНО СНЕЖНО НЕВРЕМЕ. Снежната покривка во делови од Лика достигнува дури до околу еден метар. Има и една човечка жртва поради невремето.
Автор: Славчо Попоски.
Балкан
(ВИДЕО) Како Маршал Тито ја дочекал последната Нова година од неговиот живот, 1980-та година

Неприкосновениот владетел на некогашна СФРЈ Јосип Броз Тито бил човек кој уживал во луксуз. Доказ за таквите тврдења е и снимката од дочекот на новата 1980 година. Иако тогаш бил болен и стар, Тито сепак се појавил на дочекот кој бил организиран во новосадскиот хотел „Парк“.
Дека Тито тогаш бил болен и немоќен, докажува и снимката од прославата, на која не станувал од столот. Неговите пријатели му честитале среќна нова година и му посакале се најдобро.
Погледнете како му ја честитале 1980 година во која Тито го напуштил овој свет.
Балкан
Силен земјотрес предмалку ја стресе Босна и Херцеговина, ова се последните информации

Предмалку силен земјотрес стресе во Босна и Херцеговина. Имено од информациите на ЕМСЦ истиот е регистриран со магнитута 4,4, лоциран 38 километри од Мостар во близина на Студенци.
Читателите известуваат дека земјотресот бил почувствуван и во Сараево, Зеница, Јабланица и Мостар, така што за сега нема информации за евентуални штети, инаку земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора и Хрватска.
Повеќе информации наскоро…
-
Кичево13 часа
Тешка сообраќајка предмалку била случена на излез од град Кичево према Македонски Брод
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (21 март)
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево настанал пожар во зграда, каде за среќа нема повредени, интервенирала ТППЕ
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за среда (22 март)
-
Кичево10 часа
(ФОТО) Дечињата од кичевското ООУ Др „Владимир Полежиноски“ со цветни бомби ја најавија пролетта
-
Македонија2 дена
Од ноќеска нова намалена цена на горивата, кај авто-плинот сè уште нема промени..
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Сејдини и Масев ги пречекаа Адеми и Ристовски, кои од вечерва се приклучуваат на А тимот за првиот предизвик в четврток
-
Временска прогноза1 ден
Продор на влажен воздушен бран од запад утре ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд во Македонија!