Следете не

Временска прогноза

Сепак нови промени: Ќе почекаме за сонце и топло време, повторно следат дождови

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со засилен ветер и град.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно засилување на ветерот.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има краткотраен дожд и грмежи.

Додека пак во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Временска прогноза

Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло

Објавено пред

на

Кога сме веќе во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), и кое ќе продолжи до крајот на седмицава, и сето ова ќе биде придружено со значително поголема влажност во воздухот. Во ваква ситуација по котлините и понатаму ќе има појава на густа магла и токму на овие места ќе биде многу поладно, појава на густа магла понатаму ќе продолжи да има  и во Скопската котлина. Ќе биде претежно тивко и променливо облачно.

Во петок ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се задржат за некој степен над или околу нулата, а во котлините со магла тие ќе бидат пониски и ќе се спуштаат под нулата, а многу поладно за разлика од другите места, односно повисоките, планинските места и Скијачките центри ќе биде токму во котлините со густа магла и ниска облачност и преку ден.

Што се однесува до максималните дневни температури, тие ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуват во интервалот од 8 до 16 степени, во Скопје таа постојано ќе биде до околу или под 10 степени, а наутро таа ќе се спушта до близу или околу нула степени.

Да напоменам дека кога котлините се поладни од високите места  и планините, тоа се нарекува температурна инверзија, која се очекува да продолжи во Македонија и во следните денови, вели Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините

Објавено пред

на

Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако ќе се спушти од север. Во склоп со овој влажен бран од југозапад, ќе има послаби врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд или повремено од дожд и снег, додека на повисоките, планинските места, како и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег.

Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините ќе продолжи да има магла и намалена видливост, особено густа магла ќе има во ноќните  и во утринските часови.

Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд,  а поради маглата која се очекува во ниските предели од котлината, можна е појава и на замрзнат дожд, но како што напоменав од локален и многу слаб интензитет.

Што се однесува до температурите, тие утре (вторник) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, во Скопје до околу -2 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степениж, во Скопје максималната температура утре (вторник) ќе се искачи до околу 4 степени, информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Ниските температури ќе попуштат, од следната седмица значително потопол воздух и пораст на температурите

Објавено пред

на

Барем од она што можам сега да го кажам, следниот викенд, односно на 25  и на 26 јануари кон Македонија ќе продре значително потопол воздух од југ и од југозапад, па токму ова ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кои на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, па дури и над 15 степени.

Сепак и покрај ова, температурната инверзија ќе се задржи и во новата седмица во Македонија, односно ќе има денови кога на планините и на Скијачките центри ќе биде потопло, од колку по котлините каде ќе има многу пониски температури до околу, па и под нулата, како и појава на густа магла и ниска облачност, особено во ноќните  и во утринските часови.

Ќе остане претежно тивко времето и без ветер.

Исто така, новата седмица ни носи и повеќе облачност, па и услови за повремени послаби врнежи од дожд, а на планините над 1300, 1400 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег, особено во вторник, предмалку истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

На гранична линија со Грција приведен 23-годишник од Бангладеш, фатен бил со група од осум мигранти од Непал

На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични...

Автомобили5 часа

Најпродаваниот нов автомобил во Европа станува електричен

Потврда од врвот на компанијата потврдува дека следната генерација на популарниот компактен модел, Dacia Sandero, кој беше најпродаван автомобил во...

Lifestyle5 часа

Направете шампон од мед и уживајте во здрава и бујна коса

Во светот на природната убавина, медот се издвојува како клучна состојка за нега на косата. Неговите навлажнувачки својства го прават...

Lifestyle6 часа

Чај од ѓумбир: Ефикасен природен лек за болки во грлото и упорна кашлица

Чајот од ѓумбир е еден од најдобрите природни лекови и може да биде одличен сојузник во борбата против постојаните вируси...

Lifestyle6 часа

Петте најдобри европски скијачки центри

Европа е дом на некои од најубавите скијачки центри во светот, кои не само што нудат одлични снежни патеки, туку...

Lifestyle6 часа

Како да препознаете вистински мед? Четири сигурни тестови за откривање на квалитетот

Препознавањето на вистинскиот мед е важно за да бидете сигурни дека консумирате чист, природен и хранлив производ. Со оглед на...

Извор: Samsung Извор: Samsung
Магазин6 часа

Современите паметни телефони веќе не зависат од заштитни фолии за екранот

Благодарение на напредната технологија за производство на стакло и робусниот дизајн, заштитните фолии за екраните на паметните телефони стануваат сè...

Lifestyle6 часа

Петте најнездрави намирници за појадок, според гастроентеролог

Појадокот е еден од најважните оброци во денот, но изборот на намирници е клучен за долгорочното здравје. Американскиот гастроентеролог д-р...

Lifestyle6 часа

Девет несакани ефекти од прекумерен внес на кофеин

Кофеинот, кога се консумира во умерени количини, е генерално безбеден и има бројни придобивки, како подобрување на расположението, метаболизмот и...

Магазин6 часа

Како да ја играте тајната мини-игра на Google инспирирана од Squid Game

Google уште еднаш ги изненади корисниците со културно релевантно „Easter Egg“ изненадување. Овој пат, се работи за тајна мини-игра инспирирана...

НАЈЧИТАНИ