Следете не

Временска прогноза

До среда сончево, од четврток следува најавената промена на времето

Објавено пред

на

До вторник ќе се задржи сончево и топло време. Во среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд, соопшти УХМР.

Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.

Временска прогноза

Денеска спарно време со топол ветер, викендов дестабилизација

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и понатаму натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите, особено во северните предели ќе бележат тенденција на мало опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 36 степени, а УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има умерено висока вредност и ќе изнесува коефициент (6).

Услови за локална нестабилност за време на викендот ќе има и во Скопскиот регион, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 30 степени. Потоа во почетокот од следната недела времето повторно ќе биде претежно стабилно и суво.

Да напоменеме дека поради силното југозападно воздушно струење, од денес кај нас во атмосферата ќе биде присутна прашина и песок од Сахара, со што и времето ќе биде релативно мачно и спарно.

Инфо: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Период на топло време и надпросечни температури, според нумеричките модели дождот се подалеку од нашиот регион..

Објавено пред

на

Топлотен бран од југ и значително повисоки температури од просечните ќе ја одбележи новата седмица која што ни претстои. Температурите во текот на оваа седмица, повремено ќе бидат дури и за околу десет степени повисоки од нормалните за овој период од годината.

Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, што значи дека ГОЛЕМАТА СУША продолжува и во текот на оваа седмица. Ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Минималните температури во текот на следните денови ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во скопскиот регион, во текот на следните денови температурите исто така ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 33 степени.

Со оглед на тоа дека и понатаму продолжуваат вистинските летни температури, следните денови и со ЗГОЛЕМЕН ИНТЕНЗИТЕТ – ви препорачуваме МАКСИМАЛНО да ги искористете за прошетки, и секако за одмори (кој може да земе од своето работно место) и плажирање во нашите прекрасни езера.

УВ индексот и понатаму ќе има УМЕРЕНО ВИСОКА вредност (коефициент 6).

Пишува: Славчо Попоски / Метеоаларм
Фото: Pixabay

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски најавува температурен шок со температури до 35°C

Објавено пред

на

Во следните часови, облачноста од запад и југозапад ќе се зголемува и особено во јужните и југозападните предели ќе има услови за краткотраен локален слаб дожд.

Што се однесува до времето за новата недела која што ни започнува од понеделник, како што најавиме нашата територија ќе биде зафатена од ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, и истата ќе услови ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот.

Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 35 степени.

За време на овој топол бран и период, во Скопје и околината максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 31 степен.

НАПОМЕНА: Температурите на воздухот кој се очекуваат од понеделник па натаму, ќе бидат НАД ПОВЕЌЕ ГОДИШНИОТ просек. Што значи дека ќе биде натпросечно топло. Барем одсега гледано, позначителен пад на температурите на воздухот се очекува дури од следниот викенд.

УВ ИНДЕКСОТ во следните денови ќе има умерено висока вредност (коефициент 6)

/Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 3 часа

Денеска спарно време со топол ветер, викендов дестабилизација

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и понатаму натпросечно топло со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои...

На денешен денПред 8 часа

На денешен ден (17 септември)

1580 година – Роден е Франциско Гомез де Квеведо и Вилегас, голем писател на Златното доба на шпанската литература и...

ХороскопПред 11 часа

Хороскоп за денес (17 септември) петок

ОВЕН Денот е идеален за воспоставување нови деловни партнерства и за работа во која учествуваат повеќе од две лица. Се...

МакедонијаПред 14 часа

Коронавирус денеска, вкупно 557 новозаболени, починале 28 пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирање, а регистрирани се 557 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 268...

СпортПред 18 часа

Македонската репрезентација до 17 години поразена од Србија, додека повозрасните одиграа нерешено со Унгарија

Репрезентацијата на Македонија до 18 години и на вториот контролен натпревар против Унгарија во Ѓер одигра нерешено 2:2. Двете селекции...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден (16 септември)

1380.- Умре францускиот крал Шарл V Мудриот. Тој се качи на престолот во 1360 година, а во Стогодишната војна успеа...

ХороскопПред 1 ден

Денешен Хороскоп (16 септември) четврток

ОВЕН Не се потценувајте, туку поставете си цели што е потешко да се постигнат, бидејќи само тогаш ќе бидете целосно...

СпортПред 1 ден

Кај македонските фудбалски репрезентативци до 17 години владее позитивна енергија пред мечот со Србија

Македонската репрезентација до 17 години предводена од селекторот Тони Јакимовски денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” се подготвуваше за утрешниот...

МакедонијаПред 2 дена

Денес нови 617 заразени од Ковид-19, починале 32 лица – најмладите во билансот се од Кичево и Македонски Брод

Во последните 24 часа се направени 4.621 тестирање, а регистрирани се 617 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 314...

СпортПред 2 дена

Андонова: Не очекуваат два тешки натпревари. Шансата ќе ја бараме против селекцијата на Австрија

Женската А репрезентација на Македонија денеска го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Англија за воведниот меч од квалификациите за...

НАЈЧИТАНИ