Технологија
Новиот update на „Microsoft Word“ кој доаѓа следниот месец, ќе им се допадне на многу корисници
Новото ажурирање за Microsoft Word, кое доаѓа следниот месец, ќе имплементира функција што корисниците ја чекаа.
Функцијата за предвидување на текст автоматски ќе предложи нови зборови додека корисникот напишува реченица.
Иако одликата е нова за Microsoft Word, таа треба да биде слична на она што Google го нуди за Gmail и неговиот деловен пакет.
„Мајкрософт“ минатата година најави предвидувачки внес на текст за Word, а функцијата користи модел „машинско учење“ за да понуди предлози засновани врз она што го пишува корисникот. Ова значи дека со текот на времето, функцијата ќе напредува и ќе нуди подобри зборови. Функцијата треба да им помогне на корисниците да пишуваат поефикасно и прецизно со намалување на грешките.
Штом функцијата стане достапна за секого, корисниците ќе видат сиви предлози за зборови што можат брзо да се прифатат со притискање на тастерот Tab или одбивање со притискање на Esc копчето. Исто така, ќе има опција за целосно исклучување на предвидувањето на текстот.
„Мајкрософт“ исто така посочува дека на податоците, собрани за обука на моделот за машинско учење, други можат да пристапат само доколку корисникот ги одобри како дел од повратните информации.
Мајкрософт минатата недела објави дека ќе го објави Office 2021 за стандардни корисници и Office LTSC (долгорочен канал за сервисирање) за комерцијални / деловни цели подоцна оваа година, а пакетите ќе спроведат голем број подобрувања.
Технологија
nVIDIA отвора центри за податоци во Виетнам, а со договорот за соработка купен бил и здравствениот стартап „WinBrain“
Nvidia отвора центри за податоци во Виетнам. Nvidia и виетнамската влада заеднички основаат центри за истражување и развој на вештачка интелигенција и центар за податоци за вештачка интелигенција во таа земја. Потпишан е меморандум за заедничка соработка. По низа состаноци, Виетнам и Nvidia успеаја да се договорат и да ја формираат рамката на заедничка соработка.
Nvidia објави и дека го купила здравствениот стартап „WinBrain“, но дека ова купување не е поврзано со договорот за заедничка соработка.
Засега не се познати финансиските детали од овој договор, ниту пак деталите за планираната градба. Единствено што е претставено во јавноста е дека центрите за податоци и истражување ќе се напојуваат со чиста енергија. Бидејќи Виетнам нема многу развиена инфраструктура поврзана со користење на обновливи извори на енергија, се шпекулира дека Nvidia значително ќе инвестира во развојот на оваа форма на енергија.
Владата на Виетнам посочи дека благодарение на ваквите договори земјата ќе може да се најде на пазарот на иднината – микрочипови, пренесува Ројтерс.
Магазин
Microsoft ги укинува кредитите и специјалните телефонски броеви на Skype
Microsoft официјално ги укина две од главните премиум функции на Skype – кредитите за повикување и специјалните телефонски броеви.
Што значат овие промени?
Наместо кредити, корисниците сега имаат само месечни претплати за регионални или глобални повици, додека опцијата за користење телефонски број различен од мобилниот повеќе не е достапна на платформата.
Првата најава за промените дојде од модератор на Skype форум, кој потврди дека купувањето нови кредити веќе не е возможно:
„Само што добивме нови информации од Microsoft. Skype престана да овозможува купување кредити за сите корисници. Единствената достапна опција сега се месечните претплати за повикување,“ напиша модераторот.
Кога еден корисник праша дали ова значи дека не постои начин да се испраќаат СМС пораки преку платформата без кредити, одговорот беше едноставен: „Да.“
Изјава од Microsoft
Microsoft потврди дека промените се резултат на „постојано оценување на стратегијата на производот врз основа на користењето и потребите на корисниците“. Компанијата појасни дека:
- Постарите телефонски броеви на Skype ќе продолжат да функционираат.
- Преостанатиот кредит сè уште може да се користи, но кога ќе се потроши, повеќе нема опција за обновување.
Оваа одлука означува крај на една ера за Skype, платформа која некогаш беше еден од водечките играчи во светот на интернет комуникациите.
Извор: B92
Магазин
Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2
HDMI Форумот објави дека наскоро ќе го претстави новиот стандард HDMI 2.2, кој ќе донесе значајни подобрувања во резолуцијата и стапките на освежување.
Што носи HDMI 2.2?
Групата зад стандардот HDMI планира да ги открие деталните спецификации на HDMI 2.2 во јануари. Според изјавите, новиот стандард ќе овозможи:
- Поддршка за уште поголеми резолуции.
- Зголемени стапки на освежување.
- Подобрувања кои ќе елиминираат потребата од компресија на екранот при стримување.
Надградба од HDMI 2.1
За потсетување, HDMI 2.1, лансиран во 2017 година, поддржуваше:
- Бит-стапка до 48 Gbps.
- Променлива стапка на освежување до 120 Hz.
- Максимална резолуција од 10240 x 4320 пиксели.
HDMI 2.2 треба да ги надмине овие спецификации, носејќи уште поголеми можности за идните уреди.
Ќе биде ли потребен нов кабел?
Иако HDMI Форумот најверојатно нема да ја промени физичката порта, постои голема веројатност дека за користење на новите можности ќе биде потребен нов кабел. Ова потсетува дека, слично како кај USB-C, не сите HDMI кабли се создадени еднакви. Корисниците ќе можат да ја користат старата порта со ажурирани спецификации, но нов кабел би можел да стане неопходен за целосна поддршка на подобрените функции.
Новите спецификации на HDMI 2.2 ветуваат значајни подобрувања во искуството со гледање и користење на уредите, што ќе го направи важен чекор напред за дигиталната индустрија.
Извор: B92
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија1 ден
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Свет2 дена
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија1 ден
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“
-
Македонија1 ден
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Магазин1 ден
Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2
-
Македонија1 ден
Нормализиран сообраќајот према Стража, се укинува забраната за ТТВ