Следете не

Временска прогноза

Од ноќеска зголемената облачност ќе донесе локален дожд

Avatar

Објавено пред

на

До крајот на денов облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта, како и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека од утре ќе се намалат за неколку степени и истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Потоа во петок ќе дува умерен ветер од северен правец а времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Стабилното и суво време ќе се задржи и за време на викендот, но со услови за појава на магла по котлините во утринските часови.  Температурите на воздухот нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Извор: Метеоаларм / Славчо Попоски

Временска прогноза

Пролетни денови до недела, каде се очекува продор на северен ветер

Avatar

Објавено пред

на

До самиот крај на оваа недела под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето кај нас ќе биде сончево со мала локална облачност. Денес како и за време на викендот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен по интензитет. До сабота ќе биде натпросечно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Од недела под влијание на нешто постуден воздух од север температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Во Скопје и околината и понатаму времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала облачност.

Денес, како и за време на викендот ќе биде слаб до умерен ветер од северен правец, кој за време на викендот повремено ќе биде и засилен по интензитет. Температурите и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат некаде до околу 20 степени.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Времето денес ќе биде сончево и топло, поради порастот на температурите снежната покривка на планините се топи

Avatar

Објавено пред

на

Времето во нашата држава денес ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во главниот град сончево со услови за слаба магла во утринските часови. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Продолжува периодот на стабилно и потопло време. По котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела.

Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

За утрешниот ден се најавува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

/денешен

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Топло време и пролетни температури – Најнови детали за времето денеска

Avatar

Објавено пред

на

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Во текот на следните денови под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието ќе засилува.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност. Температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, што значи ќе бидат над просекот за овој дел од годината.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ГејмингПред 1 час

Денес по наше време доаѓа „Call of Duty“: Modern Warfare – Сезона 2

Играта која моментално е #trending во светски рамки денес ја започнува втората сезона. Овој Battle Pass нуди нацрти за оружје,...

На денешен денПред 2 часа

На денешен ден – 25 февруари

1570 година – Папата Пиус V ја екскомуницира англиската кралица Елизабета Прва за нејзината поддршка на протестантизмот и англиканската црква....

ХороскопПред 3 часа

Дневен Хороскоп -[ 25.02 ]- четврток

ОВЕН Без сомнение, Овни, сте дале се од себе во работата во последните неколку недели. Како што се приближуваат вашите...

ТехнологијаПред 4 часа

И „Google Maps“ ќе биде со нов интерфејс на „Темен режим“

Корисниците на Google Maps и Android Auto наскоро може да очекуваат нови корисни опции, за почеток, „Гугл мапс“ за Андроид...

МакедонијаПред 10 часа

Висока бројка и денес, 725 вкупно, додека починале 13 лица

Во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 274 -Прилеп...

АвтомобилиПред 12 часа

Пад од 75% во продажната индустрија, каква е судбината на оваа марка на автомобили?

Минатата година беше многу тешка за автомобилската индустрија во Европа, но еден производител забележа драстично поголем пад од другите. Автомобилската...

КичевоПред 12 часа

(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг

На Балканскиот полуостров, со исклучок на тунелот Караванки помеѓу Словенија и Австрија, долг 8 км, еден од најдолгите тунели е...

СпортПред 14 часа

(ВИДЕО) Србинот Јокиќ со 41 поен го демолираше Портланд на гости, О’Нил со транслатор на српски му порача „Играш одлично“

Легендарниот кошаркар на НБА, Шекил О’Нил имаше само пофални зборови за српскиот центар Никола Јокиќ. Асот на Денвер доминираше на...

ТехнологијаПред 14 часа

Која е разликата помеѓу „Crack“ и „Keygen“ во компјутерската индустрија

Бидејќи во пиратските игри, многумина наидоа на поимите „Крак“ и „Кејген“ и не знаеја што е тоа и што е...

БалканПред 14 часа

Тлото во Хрватска не мирува, пред еден час нов посилен земјотрес кај Петриња со јачина од 4,1 степен според Рихтер

Централна Хрватска околу 11 часот повторно беше погодена од посилен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала со...

НАЈЧИТАНИ