Временска прогноза
Денес топло, додека ноќеска во Кичево температурата се спушти до 3°C, а од петок очекуваме дожд
Времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје и Кичево сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Продолжува периодот на топло време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.
Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Кичево2 дена
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Автомобили2 дена
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин2 дена
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи6 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили2 дена
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?
-
Спорт3 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите