Следете не

Живот и стил

Од срце за Сара! Отворени броеви за донации, помалиот брат на Сара ќе донира коскена срцевина!

Avatar

Објавено пред

на

Од денеска започнаа да функционираат телефонските броеви за донации за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica.

Сите граѓани на државата можат да донираат на телефонските броеви 143 102 на Т-Mobile и 143 480 на VIP.

Се работи за болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па неопходна е трансплантацијата на коскената срж.

Преку писмо, родителите на девојчето раскажуваат дека болеста била утврдена во август, а нивниот 13-годишен син е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа.

„Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники“, велат родителите.

За да се изврши оперативниот зафат на трансплантацијата на коскената срж потребни се над 200.000 €, пари што родителите не можат сами да ги обезбедат. Сите кои се во можност можат да помогнат и со уплата на средства на следната жиро сметка: 200 001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка.

Живот и стил

Како да ја победите депресијата по одморот?

Avatar

Објавено пред

на

 

Годишниот одмор е прекрасно време за полнење на батериите и подготовка за нови предизвици. Но, еуфоријата и задоволството кои ги чувствуваме на одморот брзо спласнуваат откако ќе се вратиме во секојдневието, а тоа придонесува да чувствуваме депресивно и тажно. Еве што треба да направите за да го спречите тоа.

Контролирајте го немирот

Кога сме на одмор, обично правиме и уживаме во неколку работи во текот на денот, за разлика од тоа кога сме дома и седиме цел ден не правејќи ништо. Затоа и кога ќе се вратиме назад во нас се јавува немир од кој тешко се ослободуваме. За да си ги скратите маките, во првите денови  по враќањето од одмор, обидете се да одите на кратки излети за полека да се навикнете на секојдневнието.

Бидете поактивни

Дали некогаш сте се разбудиле со болки во мускулите откако сте пливале цел ден во морето? Одмор е обично времето кога сфаќаме дека не сме во форма, но и кога сфаќаме дека подобро се чувствуваме кога сме поактивни. Продолжите со вашиот забрзан ритам и кога ќе се вратите дома. Трчајте на кеј или почнете да се занимавате со некој спорт или зумба.

Исчистете го домот

Освен што е практично, чистењето на куќата е препорачлива активност затоа што ви помага да се чувствувате подобро во сопствениот дом. Особено ако за време на одморот сте биле сместени во хотелска соба која постојано била одржувана и средувана. Тоа е супер прилика и да се ослободите од сите работи кои веќе не ги користите.

Најдете ново хоби

За време на одморот сте се отвориле кон нови искуства и познанства, што дополнително го збогатило вашиот живот. Не престанувајте со ова однесување и кога ќе се вратите дома. Научете да готвите нови јадења, запишете се на курс за странски јазик или нешто сосема трето. И малите работи кои бараат минимална заложба ќе ви помогне да го добиете тоа стимулирачко чувство како да сте се уште на одмор.

Споделувајте ги вашите доживувања

Спомените траат засекогаш, а особено ако ги споделувате со семејството, пријателите и познаниците. Не се срамете и споделете ги своите искуства од патувањето и одморот со вашите најблиски за да можете повторно да ги преживеете најубавите, најсмешните или најинтересните моменти од одморот и на тој начин да го продолжите вашето задоволство од одморот.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Со мене треба да знаеш како…

Avatar

Објавено пред

на

Еден ден, додека седевме на една клупа во парк, тој се сврте и ми рече: „Кралице, со тебе човек треба да знае како…“

Претпоставив дека тоа значи: „Јас сега си заминувам.“ И си замина, уште пред да се случи нешто помеѓу нас. И тој беше во право. Ние сите треба да знаеме како едни со други, без оглед на тоа дали сум ја кралица или не.

Кога ќе се затворам во себе, треба да знаеш дали има смисла да се трудиш да ме отвориш или ќе биде доволно само да ми пријдеш, да ме погалиш по косата и да оставиш самата да се извлечам од мојата школка.

Кога се гледам во огледало, гледајќи ја кожата која старее, треба да знаеш дека е доволно да ми кажеш: „Убава си“, иако и двајцата знаеме што се случува со мене.

Кога ќе помислам дека сум промашен случај, треба да знаеш кои зборови ќе го ублажат тоа кукање, додека не ме фатиш за рака и не ме одвлечеш од рутината која ме гуши.

Кога крварам, треба да знаеш како и со што да ми помогнеш.

Кога ќе помислам дека сум во мрак, треба да знаеш дали да ги повлечеш завесите во соба.

Кога ќе те оттурнам од себе, треба да знаеш дека јас сакам да те привлечам, но не знам како да го покажам тоа.

Треба да знаеш дека јас не сум едноставна како некои жени, дека јас комплицирам сѐ што може да биде едноставно.

Љубовта станува комплицирана тогаш кога едниот од нас „не умее со другиот“.

Кога ти не умееш со мене, кога јас не знам како со тебе.

Кога моето отерување по ѓаволите не умееш да го чуеш како: „Ми требаш“.

Кога твоите раце не умеат да ги прочитаат знаците на моето тело.

Кога твоите усни не откриваат никакви тајни од моите усни.

Кога твоите прсти кои си ги вплеткал во моите, не чувствуваат што зборува срцето.

Кога во моите очи не гледаш ништо повеќе од подочњаци.

Кога бројот на моите воздишки ништо не ти значи.

Мора да знаеме како еден со друг.

Јас со тебе и ти со мене.

Инаку, подобро е да се разделиме пред да се раздени.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

7 докази дека сте супер тетка

Avatar

Објавено пред

на

Да се биде тетка е една од најубавите одговорности. Тетките развиваат многу убав однос со своите внуци. Тие се нивната најголема поддршка, нивни најдобри пријатели.

Ова се 5 докази дека сте супер тетка.

  1. Со нив разговарате како со возрасни. Се однесувате како да се рамноправни на вас, а децата тоа го обожаваат.
  2. Знаете да го изберете најдобриот подарок.
  3. Секогаш ги исполнувате желбите кои не им се исполнети од нивните родители.
  4. Ги носите на натпреври, концерти и местата каде што родителите немаат време да ги однесат.
  5. Го обожавате нивното друштво, а и тие вашето.
  6. Не се срамат и плашат да ви кажат некои работи кои не би им ги кажале на своите родители.
  7. Ги чувате нивните тајни.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 1 час

Поранешен сопруг на дебарчанка извршил полов напад врз нејзиниот син

На 18.08.2019 во 15.15 часот во Полициската станица Дебар, 50-годишна жена пријавила дека во периодот од 14.07. до 04.08.2019 во...

ХроникаПред 6 часа

Трагедија го потресе Ресен: Загина младо момче при удар на дрво во глава, додека работел

На 18.08.2019 во 15:40 часот во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во с.Брајчино, при сеча...

МакедонијаПред 6 часа

Вечерва дизелот поскапува, бензините остануваат непроменети. Ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страна го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила...

ЗабаваПред 8 часа

Миа Калифа откри колку пари заработи во порно индустријата

Поранешната порно ѕвезда Миа Калифа откри колку пари има заработено од порно филмовите кои ги сними пред 5 години, а...

Временска прогнозаПред 9 часа

Сончево со мала облачност, температурата до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец....

ХороскопПред 18 часа

Денешен Хороскоп (19 август) понеделник

Овен Ако очекувате прилив на пари, можете да се надевате на успех. Ви доаѓа можност на личноста која ви се...

БалканПред 1 ден

(ГАЛЕРИЈА) Македонци доминираа на „Night Car Meet 2k19“ во Врање, нашите „Car Club-Kicevo“ и останатите авто-клубови од Скопје и Охрид ги собраа пехарите!

И оваа година после како што најавија бурните периоди од убави случувања популарните „Major Team“ од Врање ни приредија одличен...

Живот и стилПред 1 ден

Како да ја победите депресијата по одморот?

  Годишниот одмор е прекрасно време за полнење на батериите и подготовка за нови предизвици. Но, еуфоријата и задоволството кои...

Живот и стилПред 1 ден

Со мене треба да знаеш како…

Еден ден, додека седевме на една клупа во парк, тој се сврте и ми рече: „Кралице, со тебе човек треба...

Живот и стилПред 1 ден

7 докази дека сте супер тетка

Да се биде тетка е една од најубавите одговорности. Тетките развиваат многу убав однос со своите внуци. Тие се нивната...

НАЈЧИТАНИ