Следете не

Lifestyle

Одбегнувајте сушење на алишта врз парно греење по дома

Објавено пред

на

Кога времето е ладно, многумина го решаваат проблемот за сушење алишта со парното. Така тие побрзо се сушат, но ова решение може да биде ризично за вашето здравје

Испарувањето на омекнувачот и прашокот за перење кое доаѓа при сушењето на облеката на парно го зголемува ризикот од појава на алергии.

До грејното тело секогаш треба да држите сад со вода, инаку воздухот толку многу се суши, што тоа негативно делува на слузокожата на органите за дишење. Таа станува толку сува што привлекува разни алергени и предизвикувачи на инфекција.

Поврзаноста на неквалитетиот воздух, сушењето на облеката на парното и иритацијата на органите за дишење ја откри истражувањето на Архитектонскиот Универзитет во Шкотска. Произлегува дека сушењето на облеката во становите ја зголемува влажноста за 30 проценти и со себе носи зголемен ризик од асма и алергии, кои особено лошо влијаат на младите.

Спротивно на предупредувањето на експертите да се пронајде подобар начин за сушење на облеката, од оваа метода не се откажуваат дури 87 проценти од домаќинствата во Глазгов, каде беше спроведено истражувањето. Фактот дека 75 од стотина домови имале влага, грини и зголемена концентрација на мувла, укажува на тоа дека лошите навики мора да се променат.

Показателите за инфекција се многубројни – хроничен замор, главоболка, кашлање, иритација на очите, грлото, кожата, како и мачнина.

Lifestyle

Кое сирење е најдобро за здравјето на срцето?

Објавено пред

на

Одржувањето на здраво срце зависи од многу фактори, а исхраната игра клучна улога. Диететичарите предупредуваат дека изборот на сирење може значително да влијае врз кардиоваскуларното здравје.

Најштетно сирење за срцето

Преработените сирења се сметаат за најлош избор за срцевото здравје. Според диететичарот Лори Вокер, овие сирења содржат:

  • Високо ниво на натриум: Оваа состојка, често додавана за вкус и подолг рок на траење, може да го зголеми крвниот притисок и ризикот од хипертензија и мозочен удар.
  • Заситени масти: Големите количини на заситени масти можат да го зголемат нивото на лош холестерол, што дополнително го оптоварува срцето.
  • Калории: Преработените сирења често се калорично богати, што може да доведе до зголемување на телесната тежина – уште еден фактор на ризик за срцеви заболувања.

Поздрави алтернативи

Диететичарот Ден Галагер препорачува да се избираат сирења со помала содржина на сол и масти, како што се:

  • Моцарела: Содржи помалку калории и натриум од повеќето сирења.
  • Фета: Идеална за салати и лесни јадења, благодарение на ниската содржина на масти.
  • Козјо сирење: Одличен извор на протеини и полесно за варење.
  • Пармезан: Добар избор поради релативно ниската содржина на калории и сол во мали количини.

Алтернативите од растително потекло, како веганското сирење направено од бадеми, се исто така здрава опција бидејќи содржат помалку заситени масти и често се збогатени со калциум.

Контрола на порциите и здрав начин на живот

Лори Вокер истакнува дека умереноста е клучна. Дури и поздравите сирења треба да се консумираат во разумни количини. Покрај исхраната, редовната физичка активност и балансиран животен стил се важни за одржување на здраво срце.

Заклучок:
Избирајте свежи сирења или оние со мала содржина на масти и натриум. Избегнувајте преработени сирења и обрнете внимание на големината на порциите за да го зачувате здравјето на вашето срце.

Извор: N1Info

Прочитај повеќе...

Lifestyle

7 намирници кои помагаат во намалување на крвниот притисок

Објавено пред

на

Високиот крвен притисок, или хипертензија, е значаен здравствен проблем кој може да доведе до сериозни компликации. Но, исхраната богата со одредени намирници може да помогне во неговото регулирање. Според д-р Ерик Берг, постојат намирници кои содржат високи количини калиум, есенцијален минерал кој игра клучна улога во одржувањето на здравјето на срцето.

Калиумот помага во намалување на крвниот притисок со отстранување на вишокот сол од телото преку урината и управување со количината на течности во крвните садови, спречувајќи прекумерен притисок. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува дневен внес од најмалку 3.510 mg калиум за возрасни.

Еве ги 7-те најдобри извори на калиум кои можат да помогнат во намалување на крвниот притисок:

1. Цвекло

  • Калиум по порција (40 грама): 1.300 mg
    Цвеклото е еден од најдобрите извори на калиум. Покрај тоа, неговите листови се богати со витамини Ц, К и растителни влакна.

2. Авокадо

  • Калиум по порција (150 грама): 975 mg
    Авокадото е кремаст и хранлив плод кој нуди повеќе калиум од бананите. Тоа е одличен додаток за салати, сосови и здрави пијалаци.

3. Лима грав

  • Калиум по порција (170 грама): 975 mg
    Овој вид грав е одличен извор на калиум, но содржи и високо ниво на јаглени хидрати.

4. Спанаќ

  • Калиум по порција (225 грама): 839 mg
    Лиснатиот зеленчук како спанаќот е богат со калиум и е совршен за здрава, балансирана исхрана.

5. Лосос

  • Калиум по порција (170 грама): 839 mg
    Лососот не само што е богат со калиум, туку содржи и здрави масти кои го подобруваат кардиоваскуларното здравје.

6. Мускатна тиква (сквош)

  • Калиум по порција (205 грама): 800 mg
    Овој зеленчук е богат со калиум, магнезиум и манган – есенцијални минерали за здравјето на нервниот систем и мускулите.

7. Брокула

  • Калиум по порција (88 грама): 504 mg
    Иако содржи помалку калиум во споредба со другите намирници, брокулата е хранлива и помага во подобрување на целокупното здравје.

Заклучок:
Редовното консумирање на овие намирници може да помогне во регулирање на крвниот притисок. Комбинирајте ги со други здрави навики за максимални резултати.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Сакате да живеете подолго? Еве колку кафе треба да пиете според науката

Објавено пред

на

Умереното консумирање на кафе може да ги продолжи годините на живот и здравјето, со значителни придобивки за срцето, мозокот и имунолошкиот систем, покажува ново истражување.

Кафето како еликсир за долг живот

Истражување спроведено од Универзитетот во Коимбра, Португалија, анализирало 85 студии со учесници од Европа, Америка, Австралија и Азија. Наодите укажуваат дека умереното консумирање на три шолји кафе дневно е поврзано со просечно зголемување на животниот век за 1,84 години.

Покрај тоа, редовното пиење кафе е поврзано со подобрување на здравјето – период на живот без сериозни болести.

Клучни здравствени придобивки

  • Подобрување на функциите на мускулниот, кардиоваскуларниот, менталниот и имунолошкиот систем.
  • Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар, респираторни болести, дијабетес, некои видови рак, деменција и депресија.
  • Противвоспалителни и метаболички ефекти, дури и кога се земаат предвид фактори како пушење и консумирање алкохол.

Што велат експертите?

„Нашите наоди ја нагласуваат улогата на умереното консумирање кафе во забавување на биолошките механизми што се влошуваат со стареењето,“ изјави неврологот Родриго Куња, автор на студијата објавена во списанието Aging Research Reviews.

Истражувањето вклучило широк спектар на варијабли, како што се видот на кафето, демографските податоци на учесниците и времетраењето на анализираните студии, со цел да се изолираат ефектите од кафето.

Резерви и идни чекори

Иако резултатите се ветувачки, повеќето анализи се потпираат на самопријавени податоци, а истражувањето беше финансирано од Институтот за научни информации за кафе, поддржан од големи компании за кафе. Важно е да се нагласи дека истражувањето покажува корелација, а не каузалност.

„Во време кога светската популација старее побрзо од кога било, потребно е да се истражуваат исхранбени интервенции што ќе им овозможат на луѓето не само да живеат подолго, туку и поздраво,“ додава Куња.

Извор: Science Alert

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт9 часа

Гвардиола: „Се е полошо и полошо, неможам да најдам решение“ – По водството Манчестер Сити за две минути прими два гола и остана без бодови

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола испуштија победа во градското дерби. „Сити“ водеше на „Етихад“ до 88. минута, за само две...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за понеделник (16 декември)

ОВЕН Денот е поволен за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со колегите или претпоставените. Ако сте во потрага...

Гејминг12 часа

Ќе има ли втор трејлер за долгоочекуваната „GTA 6“ ?

Rockstar и Take Two откриваат повеќе за „исклучителното“ продолжение на серијата GTA. Имено GTA 6, долгоочекуваното продолжение на една од...

Македонија19 часа

ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“

Имајќи предвид дека од денес започнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ...

Автомобили20 часа

Електричните возила и plug-in хибридите покажуваат повеќе дефекти од бензинските автомобили

Новата студија на Consumer Reports, спроведена врз повеќе од 300.000 автомобили, открива дека електричните возила и plug-in хибридите имаат значително...

Автомобили20 часа

Италија воведе драстични казни за сообраќајни прекршоци: Еве што треба да знаете

Италија значително ги зголеми казните за низа сообраќајни прекршоци, во обид да го намали високиот број на сообраќајни несреќи со...

Магазин20 часа

Цените на новите Samsung Galaxy S25 модели можеби нема да се зголемат

Samsung подготвува лансирање на новата серија Galaxy S25 телефони во јануари, а иако првите гласини сугерираа можни поскапувања, најновите информации...

Магазин20 часа

Microsoft ги укинува кредитите и специјалните телефонски броеви на Skype

Microsoft официјално ги укина две од главните премиум функции на Skype – кредитите за повикување и специјалните телефонски броеви. Што...

Магазин20 часа

Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2

HDMI Форумот објави дека наскоро ќе го претстави новиот стандард HDMI 2.2, кој ќе донесе значајни подобрувања во резолуцијата и...

Македонија23 часа

Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дебар, дури 53 литри, додека снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше...

НАЈЧИТАНИ