Спорт
Одбрани да не прими гол, ама го скрши голот (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација беше видена во чешкиот шампионат помеѓу Млада Болеслава и Жилина.
Фудбалерот на Млада Болеслава, Мараеш кон средината на првото полувреме се обиде да го изненади истрчаниот голман на Жилина, Зима и да го лобува од голема одалеченост. Сепак голманот успеа да го спаси својот гол, но и да го скрши.
https://youtu.be/wPrMz14hJbA
Спорт
Фудбалската федерација на Македонија го истакна својот најнов партнер и соработник

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го најавува најновото партнерство со еден од најпрепознатливите домашни брендови – Витаминка Прилеп. Соработката претставува поврзување на нашиот фудбал со компанија која претставува составен дел од животите на неколку генерации.
Витаминка ќе обезбеди финансиска поддршка за ФФМ за активности насочени пред се кон младинскиот фудбал и Детска лига. Визијата е заедничка: поддршка на младинскиот развој и здравиот начин на живот.
Производите на Витаминка, особено оние наменети за деца, ќе бидат дел од промотивните активности на ФФМ, со посебен фокус на ФФМ Детската лига – најголемата платформа за младински фудбал во државата, која инспирира илјадници деца да го следат својот спортски сон.
– „Чест ни е да ја претставиме Витаминка како нов член на фудбалското семејство на ФФМ. Како компанија која има долгогодишна традиција и грижа за здравјето на децата, Витаминка е идеален партнер во нашата мисија за поттикнување на детскиот фудбал и поддршка за младинскиот спорт. Заедно ќе создаваме услови за здрав раст и спортски развој на идните генерации.“ – истакна првиот човек на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис на ФФМ во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) ФК Ренова во финишот на мечот ги спаси трите бода во Кичево против ФК Напредок

Во рамки на денешниот ден беше одигран првенствен натпревар во третата македонска фудбалска лига – запад, помеѓу екипите на кичевски ФК Напредок и ФК Ренова каде што гостите славеа со 2:3 со постигнат гол од белата точка во самиот финиш од натпреварот.
Фудбалерите најпрво на теренот излегоа со маички кои го носеа натписот на градот Кочани и датумот на трагичниот настан, додека пред мечот со едно минутно молчење фудбалерите, стручниот штаб и гостите оддадоа почит према трагично загинатите луѓе во Кочани, воедно домаќините оддадоа почит и за смртта на поранешната фудбалска легенда на ФК Напредок, голманот Војче Угич кој во дамнешно време ги бранеше боите на кичевчани во спектакуларните натпревари.
– Мечот го отворија гостите со брзи два погодоци, така што во вториот дел од мечот кичевчани комплетно дојдоа до израмнување со головите на искусниот капитен Жарко Симјаноски и Мојсеј Зафироски, за на крај главниот судија да досуди пенал за гостите речиси во финишот на натпреварот, а таа шанса гостите не ја пропуштија, бетонирајќи ја победата од 2:3.
Во прилог галерија од мечот, преку нашиот објектив. Доколку сакате фотографија, преземете ја слободно од следниот линк ТУКА:
Спорт
Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.
Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.
Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.
Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи. ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.
ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.
Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.
Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи, стои во интегралното соопштение на „Куќа на фудбалот“
-
Кичево2 дена
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (11 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за сабота (12 април)
-
Хроника1 ден
(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД
-
Македонија20 часа
Од ноќеска ново намалување на цената на горивата
-
Дом и уредување2 дена
Дали имате мувла во домот? Овие три секојдневни навики можат да бидат причината
-
Lifestyle22 часа
Природно до најубави велигденски јајца: Четири методи за црвено бојадисување без хемикалии
-
Магазин2 дена
Дали полнењето на телефонот до 100% ја уништува батеријата? Еве што велат експертите