Следете не

Lifestyle

Одењето на работа со автомобил му штети на здравјето

Објавено пред

на

Работниците кои одат на работа со велосипед или пешки доживуваат помалку стрес од оние кои патуваат со јавен превоз, воз или автомобил – открива истражувањето на Универзитетот Лунд спроведено врз 12.000 работници на возраст од 18 до 65 години.

Освен тоа, вработените кои се рекреираат на пат кон работа се помалку уморни во текот на работниот ден и имаат повеќе концентрација – велат истажувачите.

„Генерално гледано, оние кои патуваат со моторни превозни средства имаат полош квалитет на сонот и повеќе се исцрпени. Тие негативни ефекти се зголемуваат правопропорционално со времето кое им е потребно да стигнат до работа“ – тврди авторот на истражувањето, Ерик Хансон.

Тој објаснува дека причината за тоа е недостатокот од рекреација и густиот сообраќај, кој придонесува за зголемување на стресот поради грижата дека можеби ќе задоцнат на работа и неудобноста која сообраќајот ја создава.

Епа, драги наши, размислете дали од пролет ќе почнете да одите на работа со велосипед или пак пешки. Сега, иако е ладно, исто така размислете.

Lifestyle

Без хемикалии и бои: Како природно да добиете виолетови велигденски јајца

Објавено пред

на

Доколку сакате оваа Велигден да изненадите со уникатна боја на јајцата, можете да добиете прекрасна виолетова нијанса – од лаванда до индиго – без користење хемиски бои. Потребна е само една природна состојка: сушен хибискус.

Состојки:

• 6 тврдо варени јајца на собна температура
• 950 ml вода
• 950 гр сушени цветови од хибискус
• 1 лажица дестилиран бел оцет (на секои 240 ml течност)
• Малку масло
• Хартиени крпи

Постапка за боење:

• Во тенџере ставете 950 ml вода и 950 гр сушен хибискус. Оставете да зоврие на средно-силен оган.
• Намалете ја температурата на минимум, покријте и оставете да се вари 15–30 минути, сè додека течноста не добие потемна боја од посакуваната.
• Капнете неколку капки на бел сад за да ја проверите бојата, па тргнете од оган и оставете да се излади на собна температура.
• Процедете ја смесата низ сито, добро притискајќи за да извлечете што повеќе течност.
• За секои 240 ml добиена течност, додадете 1 лажица бел оцет и промешајте.

Боење на јајцата:

• Во средна чинија ставете ги тврдо варените јајца. Внимателно истурете ја изладената боја врз нив, осигурувајќи се дека се целосно покриени.
• Ставете ја чинијата во фрижидер неколку часа или преку ноќ, додека не ја добиете саканата нијанса.
• Извадете ги јајцата, исушете ги со хартиени крпи. За поинтензивна боја, можете да ги потопите уште еднаш, сушејќи ги меѓу секое потопување.

Финален сјај:

• Кога ќе бидат обоени, нежно втријте малку масло во секое јајце и избришете со чиста хартиена крпа.
• Чувајте ги обоените јајца во фрижидер до нивна употреба.

Оваа природна метода не само што е безбедна и еколошка, туку резултира и со уникатни, елегантни јајца кои ќе бидат вистински украс на велигденската трпеза.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Домашен сок од цвекло: Го чисти црниот дроб и го намалува притисокот

Објавено пред

на

Сокот од цвекло е природен начин за зајакнување на имунитетот, подобрување на циркулацијата и прочистување на телото. Богат е со железо, витамин Ц, калиум и антиоксиданси, а помага и за намалување на крвниот притисок.

Поради специфичниот вкус, често се комбинира со лимон, јаболко или морков, за освежителна нота.

Рецепт за домашен сок од цвекло

Состојки:

  • 2 до 3 средни цвекла

  • 1 до 2 јаболка (по избор)

  • Сок од 1 лимон

  • Вода по потреба

Подготовка:

  1. Измијте го цвеклото, излупете го и исечете го.

  2. Варете го околу 30 минути, па оставете го да се излади.

  3. Во блендер ставете го вареното цвекло, јаболката и лимоновиот сок.

  4. Додадете вода и изблендирајте до мазна смеса.

  5. Процедете по желба и послужете разладено.

Може да се пие секој ден – самостојно или како дел од оброк. Телото брзо ќе ги почувствува придобивките!

Извор: Nova

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Оваа едноставна промена во исхраната може да го заштити вашето срце ако работите во смени

Објавено пред

на

Новите истражувања од Велика Британија и САД откриваат дека времето кога јадеме може да има големо влијание врз здравјето на срцето, особено кај оние кои работат во смени. Наместо само што јадеме – важно е и кога јадеме.

Работата во смени и ризикот за срцето

• Научниците од Универзитетот во Саутемптон (Обединетото Кралство) и Бригам и Женската болница (САД) потсетуваат дека работата во ноќни смени може сериозно да влијае врз кардиоваскуларното здравје.
• Деноноќната неусогласеност – кога телото е будно ноќе, спротивно на природниот биолошки ритам – може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

Едноставна промена – јадење само преку ден

• Во студијата учествувале 20 млади и здрави лица, кои биле изложени на симулирана работа во смени.
• Некои од нив јаделе и дење и ноќе (како што прават многу ноќни работници), додека други јаделе само преку ден.
• Научниците внимателно ги следеле факторите кои можат да влијаат врз срцевото здравје: крвен притисок, состојба на нервниот систем и ризик од згрутчување на крвта.

Резултатите се јасни

• Учесниците кои јаделе само во текот на денот немале зголемен ризик за срцеви заболувања.
• Кај оние кои јаделе и ноќе, биле забележани промени што може да водат до проблеми со срцето.

Научниците имаат појаснување

• „Сакавме да откриеме што може да се направи за да се намали ризикот од срцеви болести кај луѓето кои работат во смени,“ вели проф. Френк Шеер од Бригам и Женската болница.
• Д-р Сара Челапа од Универзитетот во Саутемптон додава: „Нашата студија покажува дека времето на внесување храна има големо влијание и може да биде клучен фактор за заштита на срцето.“

Извор: 24h

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин2 часа

Дали полнењето на телефонот до 100% ја уништува батеријата? Еве што велат експертите

Во денешниот динамичен животен стил, телефоните ни се секогаш при рака – дома, на работа, во теретана или на излегување....

Дом и уредување2 часа

Дали имате мувла во домот? Овие три секојдневни навики можат да бидат причината

Мувлата во домот не е само нешто што изгледа лошо на ѕидовите – таа може сериозно да му наштети на...

Lifestyle2 часа

Без хемикалии и бои: Како природно да добиете виолетови велигденски јајца

Доколку сакате оваа Велигден да изненадите со уникатна боја на јајцата, можете да добиете прекрасна виолетова нијанса – од лаванда...

Магазин2 часа

One UI 7 пристигна на серијата Galaxy S24: Што е ново во ажурирањето?

Samsung официјално го започна ширењето на One UI 7, новата верзија на својот кориснички интерфејс, која прво пристигнува на моделите...

Магазин2 часа

Snapdragon 8 Elite Gen 2: Моќен нов чип со поддршка за LPDDR6

Најновиот чипсет од Qualcomm, Snapdragon 8 Elite Gen 2 (SM8850), носи значајни подобрувања во перформансите и поддршка за најновите RAM...

Магазин2 часа

Како безбедно да ги исчистите USB-портите на компјутерот

Редовното чистење на USB-портите спречува дефекти и го продолжува животниот век на вашиот компјутер. Овие порти често собираат прашина и...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток (10 април)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Кичево20 часа

Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение...

Македонија1 ден

Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се...

Lifestyle1 ден

Домашен сок од цвекло: Го чисти црниот дроб и го намалува притисокот

Сокот од цвекло е природен начин за зајакнување на имунитетот, подобрување на циркулацијата и прочистување на телото. Богат е со...

НАЈЧИТАНИ