Магазин
Опасности кои ве демнат во хотелите

Ова се петте работи коишто за Ваше добро никогаш не би требало да ги правите додека престојувате во хотел во некоја странска земја:
Не потпирајте се на прозорците
Во последно време многумина предупредуваат на слабата безбедност на прозорците во хотелските соби. Во јуни годинава, двегодишно девојче падна низ прозорецот на хотел во градчето Хикли во Минесота. Таа преживеа, но во болница била однесена во китична состојба. Истата недела хотелот W во Аризона е затворен откако од балконите испаднале неколку стаклени огради, при што четворица гости биле повредени. Во истиот хотел, две жени паднале низ прозорецот на хотелската соба, а едната од нив загинала. Можеби ова не е доволно уверливо за Вас, но доколку на Гугл напишете „падови од хотелски прозорци“ ќе добиете прилично голем број на линкови. Затоа, не потпирајте се на прозорците во хотелските соби.
Држете се подалеку од минибаровите
Минибарот спаѓа во истата категорија како и прекривачот на креветот – постои, на дофат на раката е, но подобро е никогаш да не го користите. Многумина паѓаат во искушение да ѕирнат што сè се крие во малото ладилниче, но не се предавајте – прескапите чоколадца и пијалоци многу брзо можат да ја напумпаат Вашата сметка. Тоа навистина не Ви е потребно.
Избегнувајте да пиете од стаклени чаши
Хотелот е легло на микроорганизми кои зад себе ги оставаат гостите. Далечинскиот управувач, прекинувачите за светло, прекривачот на креветот – сите овие се полни со разни бактерии коишто не ги сакате во своја близина. На овој список треба да се додаде уште една работа околу која дури и оние помалку „загрижените“ гости треба да внимаваат – стаклените чаши. Сепак, ги допираме со усните. Постојат закони и правилници според кои тие чаши мора да се дезинфицираат, но никогаш не можете да бидете игурни дека персоналот тоа навистина го прави. Најдобро е да не ги користите стаклените чаши или пак неколку минути да ги миете со врела вода.
Бројот на Вашата соба нека биде тајна
Постои низа практични совети во Водичот за безбедност на хотелот, а едно од нив би требало да го знаат сите гости, особено жените коишто патуваат сами – не дозволувајте на рецепција гласно да се изговори бројот на Вашата соба. Ако се случи тоа, побарајте друга соба и клуч. Никогаш не знаете кој стои во лобито на хотелот и чека токму таква информација.
Не игнорирајте ги критиките за хотелот
Секоја година TripAdvisor објавува список на највалканите хотели во Азија, Европа, Индија и Америка. Верувајте, некои од тие искуства можат да бидат исти како кошмар. Избегнете да престојувате во некој од тие хотели, така што ќе проверите во каква состојба се и што за нив пишуваат специјализираните интернет страници.
Lifestyle
Како да ги одржувате вашите банани свежи подолго? Не ги ставајте на ова место

Ставањето зрели банани во фрижидер може да го одложи процесот на презревање.
Иако многу луѓе мислат дека бананите секогаш треба да се чуваат на собна температура, нивното чување во фрижидер всушност може да помогне да се продолжи нивната свежина. Кожата на бананата може да потемни, но самата банана внатре останува цврста и вкусна. Според експертите за управување со отпад во NRC Business Waste, ладење зрели банани може да го одложи процесот на презревање за една недела. Откако бананите ќе ја изгубат зелената боја, ставањето во фрижидер може да помогне во одржувањето на нивната цврстина.
Експертите од Wheeldon Brothers сугерираат дека ако успеете да ја поминете кафената кожа, ќе откриете дека бананата внатре е поцврста и повкусна од оние што се оставени да созреат на собна температура. Овој метод е особено корисен ако преферирате банани кои се само делумно зрели.
Еве уште четири методи кои можете да ги пробате за да ги одржувате вашите банани свежи подолго време:
-
Чувајте ги зелените банани надвор од фрижидерот
Зелените банани не се добро во фрижидер. Ниските температури можат целосно да го запрат процесот на зреење, оставајќи ви цврсти банани без вкус. Најдобро е да ги оставите зелените банани да созреат на собна температура додека не бидат подготвени за јадење. -
Не чувајте банани во сад со овошје
Ставањето банани во сад со друго овошје не е идеален начин за нивно складирање. Бананите ослободуваат етилен гас, природно соединение кое го забрзува зреењето. Кога бананите се чуваат во близина на други овошја кои исто така ослободуваат етилен, тоа може да предизвика плодот да созрее и да се расипува многу побрзо. -
Завиткајте ги стеблата за бавно созревање
Ако сакате да ги чувате бананите во овошен сад, размислете да ги завиткате нивните стебла во пластична фолија. Овој едноставен чекор може да ја намали количината на ослободен етилен гас, што пак помага да се забави процесот на зреење. -
Закачете банани за подобра циркулација на воздухот
Друг ефикасен начин за складирање на бананите е да ги закачите на кука. Овој метод овозможува воздухот слободно да циркулира околу бананите, што помага да се спречи нивното пребрзо зреење. Ги одвојува и од другите овошја кои произведуваат етилен, зголемувајќи ја нивната свежина.
Извор: Vecerni
Lifestyle
Како секојдневното консумирање на маслиново масло влијае на организмот

Маслиновото масло е познато по своите здравствени придобивки, без разлика на целокупниот квалитет на исхраната. Според едно истражување, редовната консумација може да биде поврзана со намален ризик од некои заболувања, вклучително и деменција.
Што покажуваат истражувањата
Студија која опфатила повеќе од 92.000 учесници во текот на 28 години покажала дека луѓето кои консумирале повеќе од седум грама маслиново масло дневно (околу половина кафена лажичка) имале 28 отсто помал ризик од смрт од деменција во споредба со оние кои ретко или никогаш не го користеле.
Сепак, ова е набљудувачка студија која идентификува поврзаност, но не и причинско-последични односи. Не е јасно дали маслиновото масло директно го намалува ризикот од смрт од деменција или дали тука играат улога и други фактори на животниот стил.
Придобивки од маслиновото масло
Експертите нагласуваат дека маслиновото масло може да помогне во:
• Намалување на нивото на лош холестерол
• Намалување на крвниот притисок
• Намалување на ризикот од срцеви заболувања
• Поддршка на когнитивното здравје
Истражувањата покажале дека луѓето со поголем ризик од срцеви заболувања имаат послаба когнитивна функција, што укажува на тоа дека она што е добро за срцето, е добро и за мозокот.
Не постои магично решение
Иако додавањето на маслиновото масло во исхраната е корисно, експертите советуваат дека не треба да се потпирате само на една намирница.
Најдобар начин за одржување на здравјето на мозокот и срцето е урамнотежена исхрана богата со здрави масти, овошје, зеленчук и цели зрна. Не постои поединечна храна која докажано спречува или лекува деменција, но целокупниот здрав начин на живот може значително да го намали ризикот од когнитивно опаѓање.
Извор: N1Info
Lifestyle
Киселата вода и вашето здравје – предности и недостатоци

Киселата вода, позната како „шампањ на водите“, е популарен освежителен пијалок кој често се консумира како замена за газираните сокови. Додавањето свежо овошје или зеленчук дополнително го зголемува нивото на антиоксиданси во неа.
Но, дали газираната вода е навистина здрава? Додека некои редовно ја пијат, други сметаат дека не е најдобар избор за организмот. Во продолжение, ќе ги разгледаме нејзините придобивки и потенцијални недостатоци.
Придобивки од пиењето кисела вода
• Освежува и хидрира, особено во топло време
• Содржи магнезиум, цинк и калиум, корисни за телото
• Го подобрува варењето и помага при запек
• Добра е за срцето, особено ако содржи магнезиум
• Ја подобрува густината на коските
• Создава чувство на ситост и може да помогне во слабеењето
• Идеална е како замена за газирани пијалаци со шеќер
Недостатоци на киселата вода
• Некои истражувања покажуваат дека може да влијае на здравјето на коските
• Го стимулира гладот преку зголемување на хормонот грелин
• Не ја хидрира телото исто како обичната вода
• По тренинг може да предизвика надуеност и непријатност во стомакот
Според научните истражувања, нема значајна разлика во густината на коските кај луѓето што пијат газирана и негазирана вода. Ако немате здравствени проблеми, слободно можете да ја консумирате, освен ако не чувствувате непријатност.
Извор: SD
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (17 февруари)
-
Кичево6 часа
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина
-
Временска прогноза2 дена
Ни претстои промена на времето од утре вечер, ова се последните информации кои ги истакна предмалку Славчо Попоски
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Стефан Лазаров и Тамара Тодевска со хит песна, приказна која ќе ве врати до сите блиски кои имаат посебно место во вашите срца!
-
Временска прогноза12 часа
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (16 февруари)
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден / 16 февруари
-
Спорт3 часа
Омерагиќ: „Очекувам секогаш да судите со праведност и непристрасност“. Кичевските професионални судии со поддршка за Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ