Следете не

Здравје и убавина

Оваа крвна група најдобро го толерира стресот!

Објавено пред

на

Многу е важно да знаете која е вашата крвна група, затоа што тоа може да ви каже многу за вашите тенденции кон одредена болест, но и за тоа како да се справите со стресот и како да се ослободите од него.

Научно е докажано дека луѓето со крвна група А го толерираат стресот најлошо. Тоа е затоа што тие имаат повисоко ниво на кортизол во крвта, хормон одговорен за чувство на стрес, што значи дека тие се поподложни на стрес отколку луѓе од други крвни групи.

Физичката активност е одличен начин за ублажување на стресот, а на лицата кои имаат крвна група А им се препорачува смирувачки физички активности како што се таи и јога, кои го намалуваат нивото на кортизол.

Луѓето со крвна група О, според истражувањето, најдобро толерираат стресни ситуации, но исто така им е потребна помош за да го извлечат хормонот кортизол од своето тело. За ова најдобро ќе им помогнат енергичните вежби кои брзо ќе го отстранат чувството на стрес.

Луѓето со крвна група Б претпочитаат јога и други поблаги форми на вежбање, додека лицата со крвна група АБ работат најдобро кога нивната дневна рутина е балансирана, без прекумерни осцилации на чувства на стрес.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт29 минути

Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!

Репрезентацијата на Македонија го постигна првиот бод на Светското првенство, бидејќи во првиот осминафинален натпревар ремизираше со Унгарија 27:27. Во...

Автомобили6 часа

Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена

Драматичниот скок на цените на новите автомобили во Европа открива загрижувачки тренд кој може да го промени начинот на кој...

Скопје7 часа

Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена...

Lifestyle12 часа

Најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот, тврдат кардиолозите

Утринските навики се важни за подобро расположение и мотивација. Тие исто така може да имаат различни здравствени придобивки и може...

Магазин12 часа

Не трошете пари за поправки! Шест знаци дека е време за нов мобилен телефон

Секој мобилен телефон има свој рок на траење. Еве како да препознаете кога е време да инвестирате во нов уред....

Магазин12 часа

Зошто корисниците на iPhone не се воодушевени од функциите на Apple AI?

Истражувањата покажуваат млака реакција од корисниците на iPhone кон функциите на вештачката интелигенција. Со лансирањето на iOS 18.1, Apple ги...

Магазин12 часа

OpenAI го претстави Tasks: Нов виртуелен асистент со вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција се пробива и во светот на виртуелните асистенти. OpenAI им зададе сериозен предизвик на технолошките компании што веќе...

Временска прогноза23 часа

Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини

Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за среда (15 јануари)

ОВЕН Ве очекува поволен период во кој ќе имате можност да извршите многу важни деловни обврски кои се пред вас....

Социјални мрежи1 ден

Иран ја укина забраната за социјалната мрежа „WhatsApp“ и „Google Play“

Иранските власти ја укинаа забраната за платформата за пораки WhatsApp и Google Play, што го означи првиот чекор кон олеснување...

НАЈЧИТАНИ