Временска прогноза
Продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време
Временска прогноза
До четврток речиси исто време, од петок нов влажен бран и дожд
Во текот на оваа работна седмица, односно до четврток во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност.
И во Скопскиот регион до четврток времето ќе биде стабилно, суво, сончево и со појава на мала до умерена локална облачност. Во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите, наутро ќе биде студено, но утринските температури ќе бележат тенденција на пораст и нема да биде толку многу студено како вчерашното и денешното утро, и температурите наутро од средината на оваа седмица на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за неколку степени над нулата. Под нулата ќе се спуштаат само на високите места и на планините.
Максималните дневни температури пак исто така ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Под влијание на нов влажен воздушен бран од запад, од петок попладне и навечер од западните предели од државава ќе започнуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во исто време, регионот ќе го зафаќа нов снежен бран, па така на повеќе места ќе има нови врнежи од снег, како и формирање на нова снежна покривка, на планините и позначителна, предмалку истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Силниот ветер го очисти небото, температурите паѓаат до -10°C
Под влијание на многу студена воздушна маса од север, но и поради влијанието на разведрувањето и ведрото време во Македонија, од претстојната ноќ, па во следните неколку ноќи и утра, се до вторник ќе биде особено студено со минимални температури кои на целата територија на Македонија ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени.
Во Беровскиот регион, како и на високите места и на планините температурите ќе се спуштаат дури и под -10 степени, што значи дека очекуваме појава на умерени до јаки мразеви.
Дневните температури пак во следните денови ќе бележат тенденција на постепен пораст, и до средината на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
По овој период на стабилно, суво и претежно сончево време, со појава на мала локална облачност, но и со многу ниски температури наутро, некаде на самиот крај од овој месец, како и во почетокот на месец Декември, барем одсега гледано ни следува нов студен и влажен бран кој ќе предизвика нови врнежи. Сепак околу ова официјални детали ќе имам во следните мои метео објави, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладниот бран се поблиску до нашата држава, ова се последните метео вести
Попладнево во Македонија на повеќе места дува силен ветер, над 60/70 км/час. Особено во Битола истиот носи кровови, а има и паднати дрвја. Пред да не зафати ладниот бран оваа ноќ, попладнево во Македонија имавме речиси пролетни температури на неколку места, а најтопло беше во Битола со измерени дури 19 степени.
Од друга страна пак, речиси целиот регион е под снежна покривка, што значи дека ладниот бран е се поблиску до нас, и во следните часови ќе започне да ја зафаќа нашата Македонија.
На повеќе места во регионот има минусни температури и појава на голомразица, информираше Славчо Попоски
АМСМ инфо предмалку:
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
-
Кичево12 часа
Започнува наградна игра во кичевскиот локал за брза и квалитетна храна „Kelly Doner“, направи сметка од 600 ден – добиј ваучер и учествувај за вредни награди!
-
Спорт2 дена
ФК Кичево денес освои службено 3 бодови, за гостинската екипа играа повозрасни играчи
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (24 ноември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за понеделник (25 ноември)
-
Временска прогноза2 дена
Силниот ветер го очисти небото, температурите паѓаат до -10°C
-
Временска прогноза3 часа
До четврток речиси исто време, од петок нов влажен бран и дожд
-
Македонија2 дена
ЦУК истакна информации за штети од вчерашното невреме во Македонија
-
Здравје и убавина12 часа
На колку време треба да се менува четката за заби?