Скопје
По скоро три децении: Перо Антиќ повторно ќе го облече дресот на Работнички!

Најтрофејниот македонски кошаркар на сите времиња и троен европски шампион, Перо Антиќ, утре (18 часот), по пауза од скоро три децении, повторно ќе го облече дресот на Работнички како дел од составот на ветераните на овој клуб кој ќе одигра натпревар од хуманитарен карактер против првиот тим на центарци.
Средствата кои ќе бидат собрани од овој настан се наменети како помош за Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца, која на 27 април минатата година имаше тешка сообраќајна несреќа по која остана неподвижна. Билетите нема да се наплаќаат, туку ќе се делат бесплатно пред салата „Градски парк“, а ќе бидат поставени кутии за донации според принципот „кој колку може“ од кои целиот приход ќе оди за нејзиното лекување во Русија со матични клетки по кое таа би можела повторно да застане на свои нозе.
Покрај Антиќ, кој првите кошаркарски чекори ги направи токму во Работнички (1999-2001 година) по што имаше блескава кариера со три титули европски шампион и две сезони минати во НБА, во составот на ветераните ќе настапат уште многу други имиња кои освоија многу шампионски трофеи во црвено-белиот дрес. На паркетот, меѓу другите, ќе се појават уште и Тодор Гечевски, Горан Веселиновски, Марјан Србиновски, Тони Симиќ, Борис Нешовиќ, Перо Блажевски додека овој ветерански состав од клупата ќе биде предводен од легендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ.
Носител на овој хуманитарен проект е општина Центар, која воедно е и сопственик на акционерското друштво Работнички, од каде што апелираат до сите спортски вљубеници и хумани луѓе да дојдат во „Градски парк“ и истовремено да уживаат во мајсториите на паркетот и во рамки на своите можности да помогнат околу лекувањето на 25-годишната Ирена за таа конечно да може да застане на своите нозе.
Sport1.mk
Скопје
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради мечот на Националната арена „Тодор Проески“

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (16.04.2025) со почеток во 20.00 часот поради одржување на меѓународен фудбалски натпревар на Националната арена „Тодор Проески“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР.
Скопје
МВР привремено одзеде 10 возила кои предизвикувале бучава и т.н. диви трки во Скопје

На 06.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Трета македонска бригада“, се одвиваат т.н. диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава.
Веднаш по пријавата од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што истите се сопрени и привремено се одземени 10 патнички моторни возила поради основано сомнение за техничка неисправност на возила.
Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот, истакна Министерството за внатрешни работи
Скопје
МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео снимка на социјалната мрежа фејсбук на 04.04.2025. На видеото се гледа како група граѓани бараат од полициски службеник, кој постапува со специјално возило „пајак“, да го подигне возилото „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што било паркирано на велосипедска патека, односно на коловоз.
Полициски службеници од ОВККИПС извршија проверки во ОБПС Скопје и утврдија дека од нивна страна е постапувано по прекршок за погрешно паркирање сторен од возач на патничко возило „порше каен“.
По извршен увид во службената документација, констатирано е дека полицискиот службеник С.Н. од ОБПС Скопје, на 22.03.2025 постапувал по Наредба за вршење дејност бр. 3626 од 21.03.2025 година за непрописно паркирани возила. Од страна на граѓанинот С.Н., на телефонскиот број 192 било пријавено дека на ул. “Орце Николов”, во близина на ресторан, непрописно било паркирано возилото „порше каен“.
Полицискиот службеник С.Н., со специјално возило „пајак“ и двајца вработени од ЈП за јавни паркиралишта на Општина Центар, се упатиле на наведеното место, каде што било затекнато возилото и револтирана група граѓани кои барале возилото да биде подигнато. На местото на настанот, од угостителски објект излегле две лица кои се легитимирале како полициски службеници и изјавиле дека возилото е службено. Полицискиот службеник С.Н. им наредил веднаш да го отстранат возилото и да го паркираат на соодветно место, по што влегол во кабината на „пајак“ возилото со цел да провери дали возилото навистина е службено.
Откако утврдил дека возилото не е службено и дека сè уште не е отстрането, на вработените од ЈП Јавни паркиралишта им дал наредба да го подигнат возилото, по што истото било пренесено во депото. Таму, од страна на полицискиот службеник Х.Ѓ. е составен записник за сторен сообраќаен прекршок по чл. 63 став 6 од ЗБСП, како и прекршочен платен налог, во кој е наведено дека сторител на прекршокот е С.К. (76) од Скопје. Сопственик на возилото е М.Т. (48) од Скопје.
Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило „форд мондео“ се упатиле кон депото. Полициските службеници од ОВККИПС извршиле проверки за возилото „форд мондео“ и констатирале дека истото го управувале полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на Претседателот на РМ.
Со овие полициски службеници е извршен службен разговор, при што е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина. Од страна на ОВККИПС до Одделот за дисциплински и судски постапки ќе биде поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност, велат од МВР.
-
Македонија2 дена
Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (15 април)
-
Временска прогноза2 дена
Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите
-
Македонија17 часа
Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, приведоа 13 албански државјани кои немале дозвола за работа
-
Македонија2 дена
Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час
-
Македонија18 часа
По 5 месеци денес промена на цената од авто-плинот на бензинските станици
-
Технологија1 ден
Поради царината на Америка ултра популарната конзола ја менува цената
-
Спорт1 ден
Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!