Здравје и убавина
Пешачење за подобро здравје и природна детоксикација
Eдноставна навика со која ќе го подобрите вашето здравје и ќе постигнете природна детоксикација: пешачете секој ден по 30 минути. Секојдневната прошетка ќе го исчисти вашето тело, ќе ве наполни со енергија и ќе ви го подобри варењето. Ако во месец јануари не започнавте да го практикувате ова, еве ви нова можност во февруари да се поправите. Имате уште два дена за физичка и психичка подготовка!
Прошетката, освен што ќе делува позитивно на вашето расположение, има и добар ефект врз лимфниот систем, циркулацијата и варењето.
Точно дека телото има природна способност да ги чисти органите и ткивата, но претерувањето со шеќери и маснотии, зачинети со стрес и токсини од околината го оневозможуваат природниот процес на детоксикација.
Физичката активност го “одзатнува” организмот и токсините полесно се отстрануваат. Иако пешачењето е лесна телесна активност, сепак е доволна за да го исчисти телото.
Др.Ни ве советува:
Пропуштивте ден? Не го чувствувајте тоа како неуспех. Простете си себеси и согледајте ги причините за тоа – обидете се да го поправите тоа и продолжете онаму каде застанавте минатиот пат.
Немате време? Доколку немате време, пешачете до или од работа. И не пропуштајте да се искачите по скали, секогаш кога ќе можете.
Зимата е ладна. Нека не ви биде тоа оправдување да се затворите дома. Облечете чизми, капут, се што е потребно и прошетајте. Уживајте во зимските бои на природата.
Не сте обожавател на пешачење? Доколку пешачењето едноставно не е за вас, одберете танцување, јога, пливање или некоја друга активност која ве интересира.
Немате друштво? Земете го со вас вашиот миленик и на него добро ќе му дојде, или понесете ја со себе вашата омилена музичка компилација која дополнително ќе ве мотивира.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Кичево2 дена
Со „Integral House“ – Кичево, се ѐ полесно, тимот на професионалци вашиот дом ќе го направат во чекор со модерната „smart“ технологија, во движење и на дофат
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија22 часа
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Македонија2 дена
Охриѓанка била измамена, лицето кое ја измамило и кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Свет1 ден
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија20 часа
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Македонија16 часа
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“