Следете не

Култура

Тажна вест: Почина нашиот славен актер

Објавено пред

на

По долго боледување, на 76-годишна возраст, почина актерот Салаетин Билал, доајенот на НУ Турски театар.

Од 1964 година Билал работи во Турската драма при Театарот на народностите – сегашниот НУ Турски театар Скопје каде со голема посветеност одигра голем број на улоги се до пензионирањето во 2007 година, но и потоа беше ангажиран во проектите во продукција на Турскиот театар.

Паралелно играше и во претстави на Албанскиот театар, во некогашниот Театар „Пралипе“, во независни проекти, во Македонскиот народен театар, во Драмскиот театар.

Седумдесет театарски ролји на македонските професионални сцени, 40 телевизиски и филмски улоги ја одбележуваат неговата респектабилна кариера.

Посветен на театарот како личен предизвик Билал се обидува и како режисер, потпишува режии на четири претстави, преведува драмски текстови и бил директор во еден период.

Бројни се неговите актерски остварувања: Себастијан (Дванаесетта ноќ, 1966), Врабец (Џумбус,1969), Јасон (Медеја, 1973), Слугата (Слуга на двајца господари, 1974), Хаџи Тома (Коштана, 1978), Хасанага (Хасанагиница, 1979), Омер (Омер и Мерима, 1979), Д. Б. (Дамокловиот меч, 1983), Хлестаков (Ревизор, 1985) Аздах (Кавкаски круг со креда, 1989), Кара Мустафа паша (Лудиот Ибрахим (1999), Дон Жуан (Дон Жуан, 2000), Максим Бродски (Р. Р.Р., 2001), Редарот во театарот (Министерот и јас, 2002), Вториот цариник (Куќа на граница, 2002), Ур Шабани (Гилгамеш, 2004), Алонсо (Бура, 2004),

Тересија (Цар Едип, 2004), игра во Тимон од Атина (копродукција на Народниот театар во Битола, Турската драма и Laboratorio Nove − Фиренца, Италија (2005), Џо Келер (Сите мои синови, 2012) Периплектомен (Војникот фалбаџија, 2014),  Пук (Сон на летната ноќ, 2015)

Во Детскиот театарски центар − Скопје во претставите Новиот сосед (2004) и Небо без рамка (2005), во Албанскиот театар играл во Полковникот птица (2007) и во Аквариум (2006). За Старецот во Аквариум ја доби наградата Златна маска на весникот „Вечер“ за најдобро актерско остварување на Охридското лето 2006.

Салаетин Билал е добитник на наградите: на списанието „Екран“ за најдобар актер во 1976 – за ликот на Ахмет Нурудин во Дервишот и смртта, 13 Ноември за Хаџи Трајко во Коштана (1977), 11 Октомври за А. Б. Во Дамокловиот меч (1983), две „Војдан Чернодрински“ за Ахмед Нурудин (1976) и за Аздах во Кавкаски круг со креда (1990), за епизода „Димче Трајковски“ за улогата Нуман во претставата Стари фотографии (Прилеп, 1993), наградата за животно дело (2014).

Билал снима и филмови: Најдолгиот пат (1976), Пукајќи се троши олово и Време води (1980), Полноќно сонце (1982), Македонска сага (1993), Зад непријателската линија и Ангели на отпад (1995), Џипси меџин (1997), Одмазда и Прашина (2001), Чекор пред времето (2003), Андер и Илузија (2004), Стапица (2006), Сенки (2007), Мајки (2010), Трето полувреме (2012), Балканот не е мртов (2013), Херој (2013) и До балчак (2014).

Голем број на ролји во телевизиски серии и драми: Волшебното самарче (1975), Итар Пејо (1977), Илинден (1982), Белото Циганче (1984), Солунски патрдии (1986), Тврдокорни (1988-1992), Македонски народни приказни (1994) и уште многу други.

Погребот на Салаетин Билал ќе биде денеска во 13.30 часот на градските гробишта Бутел по петочната молитва – џамија Бутел.

Култура

Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Објавено пред

на

©porta.mk

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.

На многаја и благаја лета, Владико наш свет, Епископ Партениј!

Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од Бигорскиот Манастир ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Кичевското архиерејско намесништво со известување по повод Задушница

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 21.02.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.

Другиот ден, на самиот ден Задушница, 22.02.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6, 7 и 8 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се најновите парцели).

Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен).

Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.

Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост како за починатиот, така и за растење во нашите добродетели. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим 14,17).

Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!

Вечен им спомен!

Соопштение од Кичевска Парохија

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

Објавено пред

на

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.
Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија.
Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес.
Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата.
Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.
Исто така денес име празнуваат и Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…
Честито име, да донесе здравје, љубов, среќа, душевен мир и благосостојба!
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Храна2 часа

(ВИДЕО) Мудар начин како да ја воочите разликата помеѓу природна и вештачка храна

Ова е начинот да забелижите која храна е природна а која вештачка, имено вештачката или ГМО храна е поубава, позаоблена,...

Спорт4 часа

Билети за мечот Македонија – Лихтенштајн пуштени во продажба

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц) од квалификациите за СП 2026 се...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за понеделник (24 февруари)

ОВЕН  Кога станува збор за правилна употреба на знаењата и талентите кои ги поседувате, денес ќе имате доволно инспирација да...

Здравје и убавина16 часа

Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор

Дијабетесот не е само смртна закана за сите оболени, туку предизвикува и многубројни тешкотии. За човек да продолжи да функционира...

Спорт18 часа

(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига

Кралскиот клуб оствари убедлива победа против Џирона на домашен терен со 2:0, додека со таа победа се израмни на врвот...

Здравје и убавина21 час

Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана

Иако често мислиме дека нема да почнеме да ја губиме меморијата додека не наполниме 70 или 80 години, но тоа...

Спорт23 часа

(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен

Спортски викенд, спортска недела. Во рамки на денешниот ден нашиот тим „ФК Кичево“ генерација 2014/2015 и генерација 2011 одиграа два...

Здравје и убавина1 ден

Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје

Забите можат да бидат добар показател за проблемите во вашето тело. Внимавајте на здравјето на усната шуплина бидејќи секоја промена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Временска прогноза2 дена

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

НАЈЧИТАНИ