Следете не

Временска прогноза

Попоски: Ветерот го носи најавениот снег и циклонот Инес

Објавено пред

на

Ветерот ја носи очекувана снежна покривка за време на најавениот циклон ИНЕС кој ќе ја зафати нашата држава уште од вечерва: Од 10 до 20 сантиметри во западните предели, на планинските места над 20 сантиметри. Во другите предели од државава, поточно во централните и во југоисточните локално формирање само на сосема мала снежна покривка.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради очекуваните НИСКИ температури на воздухот, понатаму се очекува појава на голомразица. На возачите им се препорачува да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ каде и како возат, особено доколку се движат низ планинските превои.

Пишува Славчо Попоски на својот фејсбук профил

Временска прогноза

Сончево и топло уште денес, од утре попладне и следните денови врнежи од дожд и пониски температури, ова се деталите..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа од утре попладне па во следните неколку денови кај нас ќе настапи ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето. Облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и во следните денови ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

И во Скопскиот регион од утре попладне па во следните неколку денови ќе има повремени врнежи од дожд, додека температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат до околу 22 степени.

Известува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Метео анализа: Денес и утре стабилно, од вторник голема промена на времето, дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

на

Во останатиот дел од викендов, како и во понеделник времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Температурите ќе бидат ВИСОКИ и над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје максимумот на температурата ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во вторник во текот на денот, а особено попладнето ќе биде нестабилно на повеќе места со дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Максималните температури во вторник ќе бидат во опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Уште поголем пад на температурите ќе има од среда па натаму кога времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и тоа под влијание на влажен и постуден воздушен бран. На некои места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

Од среда температурите повторно ќе бидат ПОД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени. Во опаѓање ќе бидат  и минималните утрински температури на воздухот.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викендов вистинско лето, од вторник нова поголема промена на времето и есенски температури, ова се најновите детали..

Објавено пред

на

За време на овој викенд нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните температури повторно ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје максималната температура за време на овој викенд ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа во понеделник времето ќе се задржи претежно стабилно и суво, иако попладне и навечер не се исклучува можноста за локален краткотраен дожд и грмежи.

– Од вторник кај нас се очекува НОВА ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето и ВИСТИНСКА ЕСЕН. Попладнето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град, додека од среда, па се до петок времето ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Одсега гледано, за време на следниот викенд повторно ќе имаме стабилно, суво и сончево време, но со просечни температури за овој дел од годината.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СкопјеПред 33 минути

Денес поради работа на ЕВН Скопје, неколку општини ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, денес 28.09.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

На денешен денПред 7 часа

На денешен ден (28 септември)

48 п.н.е. – Гнај Помпеј Велики, еден од најголемите римски државници и воени водачи, е убиен во Египет, кој го...

ХороскопПред 8 часа

Денешен Хороскоп (28 септември) вторник

ОВЕН Дејствувате многу претпазливо и не сакате да преземате премногу ризици во деловните и финансиските преговори. Сепак, ќе мора да...

СветПред 9 часа

„Фајзер“ објави дека започнува големо истражување кое тестира орален лек за спречување ковид инфекција на прележани од Ковид-19

Фајзер објави дека започна големо истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со ковид кај оние...

МакедонијаПред 18 часа

РКЕ донесе одлука, од ноќеска дизелот поскапува, додека цената на бензинот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

СкопјеПред 18 часа

МВР по распишана потерница, приведе двајца измамници од Скопје

Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана...

Временска прогнозаПред 24 часа

Сончево и топло уште денес, од утре попладне и следните денови врнежи од дожд и пониски температури, ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден (27 септември)

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, еден од најмоќните европски монарси. За време на неговото владеење (1610-43), тој воведе...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (27 септември) понеделник

ОВЕН Бидете внимателни ако планирате да ги правите работите поинаку или едноставно денес одлучите да промените нешто во вашиот секојдневен...

КичевоПред 1 ден

Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници...

НАЈЧИТАНИ