Спорт
Поповски: Десет илјади долари за секој клуб од Прва женска лига како помош и поддршка од ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука секој клуб од Првата женска лига да добие финансиска помош во висина од 10.000 илјади долари во денарска противвредност како поддршка од „Куќа на фудбалот“ за административни потреби (закуп и оддржување на терени, тренери, подготовки и слично) на 15. клубови од 1 ЖМФЛ.
–Во насока на создавање на стратегијата за развој на женскиот фудбал на овој начин даваме дополнителна поддршка и поттик за женските клубови од Првата лига да продолжат со напредокот преку оваа помош пред сѐ во логистичка смисла. Нашата федерација навистина се труди и издвојува средства за развој на женскиот фудбал, но треба да бидеме реални – клубовите се темел за подобри резлутати и со поголема ангажираност и сериозност во работата ќе придонесат за напредок во иднина. Клучно за сите нас е да напредуваме од година во година, женскиот фудбал е специфичен, посебно кога се работи со млади категории, но важно е да покажеме дека се третира на вистинско ниво и ќе продолжиме во таа насока, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Начинот на трошење на средствата кои ги добијат клубовите ќе бидат предмет на преглед и проверка од независни ревизорски куќи.
Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири и трошоците за патувања на екипите од лигата во женска конкуренција, а исто така ги покрива и целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите од ЖМФЛ.
Спорт
ФФМ со реакција: Закажаното Собрание на ОФС Охрид не е според Статутот на сојузот

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.
Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година.
Како што велат во интегралното соопштение на Фудбалската федерација, одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.
Извор: ФФМ
Спорт
Судијата погрешил за поновениот пенал на мечот Вардар – Шкендија, одлучи ФФМ судиската организација и комисија

Судиската организација и комисија на Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение по добиениот писмен допис од страна на ФК Шкендија, и како што наведуваат во текстот истиот гласи вака:
– Пред да го добиеме истиот ние како судиска организација и како комисија за делегирање на судии, а во координација со официјалните лица на натпреварите направивме анализа на одиграните натпревари, а посебен фокус е ставен кон дуелот Вардар – Шкендија (1:2).
Ние како надлежни тела на ФФМ, како судиска организација сме, исто така, сериозно загрижени за Ваквиот однос од Ваша страна. Фудбалот е спорт во кој треба стручните лица да ги решаваат спорните моменти, а не тоа да се прави со тенденциозни и намерни критики без притоа да се остави на надлежните органи да се справат со анализа на натпреварите.
Со овој допис, а по консултација со официјалните лица на споменатиот натпревар се донесени следните заклучоци.
Во прилог целосниот текст погледнете го на официјалниот натпис ТУКА
Спорт
Женската репрезентација на Македонија в петок ја дочекува селекцијата на Косово во Лигата на Нации, Андонова поради повреда без ангажман на овој меч

Македонската женска „А“ репрезентација на Македонија на 21-ти февруари на домашен терен, со почеток од 14:00 часот ја дочекува селекцијата на Косово во рамките на стартот на новото издание на Лигата на Нации.
Нашата женска селекција се наоѓа во групата 6 од сегментот „Ц“ заедно со селекциите на Косово и Летонија. Селекторот на Македонија, Александар Андов за претстојната пресметка со Косово се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Берна Кабакчи Карсон Њумен, САД
Викторија Панчурува Тиверија Брера
Кристина Павлоска Топ Гол
ОДБРАНА:
Ана Милчевска Ланчхути, Грузија
Ане Бошевска Тиверија Брера
Павлинка Николовска Тиверија Брера
Елена Панеска Олимпија, Словенија
Бојана Петкова Полонија Срода, Полска
Сара Коларовска Скопје 2014
Викторија Недева Тиверија Брера
Александра Јовановска Љуботен
СРЕДЕН РЕД:
Хава Мустафа Љуботен
Александра Марковска Љуботен
Симона Ребека Меијер Макаби Кишронод Хадера, Израел
Ленче Андрееска Уние Кадин , Турција
Икмете Лимани Швеинфурт 05, Германија
НАПАД:
Јилза Максути Уние Кадин, Турција
Гентијана Рочи Купс, Финска
Лора Сулејмани ГПСО 92, Франција
Јована Павловска Легија, Полска
Марјана Нацева Борусија Дортмунд, Германија
Билјана Панева Тиверија Брера
Поради повреда, нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Александар Андов за дуелот против Косово.
Инаку нашите фудбалерки денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје официјално ги започнаа подготовките за претстојните предизвици од новиот циклус на „Лига на нации”, известија од Фудбалската Федерација на Македонија.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија18 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Lifestyle1 ден
Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје
-
Македонија29 минути
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo