Скопје
Следете не на Фејсбук, ПортаМК ќе се вклучи во живо од пречекот на ВАРДАР

Нашиот тим допатува до аеродромот каде специјално само за нашите читатели ќе се вклучиме во живо на нашата официјална фејсбук страница.
Бидете во тек и следете не на Порта.МК
Скопје
(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира хуманитарен меѓународен натпревар помеѓу екипите „ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот Св. Јован Бигорски“ и гостите од Р. Србија – поклоничко друштво „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Победник на натпреварот беше гостинската екипа „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од несреќата во Кочани.
Преку нашиот медиум, екипата домаќин упатува голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа.
Галерија од настанот:
Скопје
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Скопје
Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 21.50 часот во Скопје, на крстосница од ул.„Адем Демачи“ со ул.„Методија Митевски“, со патничко возило „фиат“ со скопски регистарски таблички удрил во пешакот А.А.(57) од Скопје.
Пешакот е пренесен за укажување на лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје И.С. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.
Исто така, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Х.(52) од Република Турција, со живеалиште во Скопје, затоа што на 27.03.2025 околу 17.30 часот во Скопје, на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ со ул.„Мирче Ацев“, со патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички удрил во Л.М.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во ГОБ „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот е задржан во полициска станица, а возилото е одземено за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, за јавноста велат од МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (30 март)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!
-
Временска прогноза2 дена
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации
-
Lifestyle2 дена
Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Lifestyle2 дена
Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек
-
Lifestyle2 дена
Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?
-
Спорт8 часа
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар