Здравје и убавина
Постои можност за 10 секунди да се спаси човек од срцев удар, на овој начин
Кај многу луѓе нападот се случува токму тогаш кога се сами, без никој, кој би можел да им помогне. Срцето започнува неправилно да чука, а вие имате само 10 секунди пред да изгубите сознание.
И покрај тоа, вие можете да си помогнете со силно зачестена кашлица. При секое искашлување треба длабоко да дишете, а кашлањето треба да биде длабоко и во продолжение.
Таквото вдишување и кашлица треба да се повторуваат на секои две секунди, без сопирање, додека не почувствувате дека срцето стабилно чука.
Длабокото дишење ги снабдува белите дробови со кислорот, додека кашлањето го притиска и го масира срцето .
Може да помогне и притискање на зоната околу срцето. На тој начин може да се “одложи” таа состојба до заминување во болница.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (21 декември)
-
Временска прогноза23 часа
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Временска прогноза2 дена
Од вечерва започнува вистинската зима, врнежи од дожд и снег ќе зачестат во зависно од регионите ширум Македонија
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Автомобили2 дена
Зошто не е добро да се мие автомобилот на ниски температури? Совети од Германскиот автомобилски клуб (ADAC)
-
Автомобили2 дена
Volkswagen го заврши производството на легендарниот VR6 мотор по 34 години
-
Lifestyle2 дена
Варениот џин – празничен пијалок што ги загрева душата и сетилата
-
Временска прогноза27 минути
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот