Кичево
Изгореници и пепел од цела заштеда. Кичевчанец моли за помош поради пожар во својот дом (ГАЛЕРИЈА)

Денес бевме во посета на несреќното семејство Мечановски на кои пред неколку дена им се случи пожар во својот дом, па огнената стихија го однесе во неповрат целиот дом, инвентар и заштедата која работеле со децении.
Несреќниот настан се случил многу брзо, така што младиот Ерташ спасувајќи ја неговата мајка, едвај извлекол жива глава, па завршил со изгореници по рацете и своето тело.
Мечановски кои живеат во месноста „Влашки Пат“ важат за чесно семејство, секогаш биле тука да помогнат кога е потребно за некого, сега дојде време и за нив да се мобилизираме – додаде најблискиот комшија.
Бидејќи финансиската состојба е многу лоша, како и нивното живеалиште упатуваме апел до сите кои можат да помогнат со било каква финансиска помош за ова семејство да застане на здрави нозе тоа да го сторат на трансакциската сметка на Ерташ или лично да го контактира на 070/670-829
Банка: NLB Tutunska Banka
Име презиме: Ertash Mechanovski
Т-ска сметка: 210-501676594609
Споделете го линкот нека го видат што повеќе луѓе и да помогнеме!
Во прилог галерија од несреќното семејство кое се надеваме дека ќе бидат повторно среќни, благодарение на нашата хуманост..
Кичево
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).
Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.
Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.
Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.
– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)
– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.
Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.
Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати
Кичево
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота, 12.04.2025г.).
Воедно, и ве повикуваме, што побројни, сите кои сакаат да земат учество во свечената Поворка, во Четврток на 10ти Април, во 18:30ч. во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” да ги испееме најрадосните Каланди кои ни го навестуваат Воксресението Христово и да ги оцелосиме подготовките за Лазаревата Сабота.
🗓10.04.2025г. – ⏰️18.30ч во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” – Кичево – Втора проба.
Ве очекуваме, истакнаа од Хорот Митрополит Козма Пречистански
Линк до објавата ТУКА
Кичево
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”. Овој проект има за цел да ги обедини младите од различни етнички и културни заедници во Кичево преку активности поврзани со уметноста и науката за вселената.
Проектот опфаќа 4 работилници, од кои едната веќе беше реализирана (тука можеш да видиш повеќе информации https://fb.me/e/9u4QXdzsS).
Втората ќе се одржи оваа сабота итоа во два термини, има уште многу малку места, на база на „прв дојден – прв услужен“ регистрирајте се навремено на линкот подоле:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScLhJgOvuDYrC0kZ878C035T8-oP0RXYWv9DpniJ-EajP-Ifg/viewform?usp=sharing
Ова е Фејсбук Настанот: https://www.facebook.com/share/164Kja16UU/
🎨✨ Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо! ✨🌌
Овој уникатен настан им овозможува на децата и тинејџерите да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Преку водена сликарска сесија, учесниците ќе научат како ноќното небо ги инспирирало уметниците низ историјата и ќе создадат сопствени уметнички ремек-дела инспирирани од ѕвездите.
🌠 Што ќе правиме?
🖌 Истражување на ноќното небо како уметничка инспирација
🎨 Креирање на сопствена галактичка уметност
📖 Запознавање со познати уметнички дела инспирирани од ѕвездите
👩🎨 Забавно и интерактивно учење за врската меѓу науката и уметноста
📅 Датум: 5 април
🕘 Сесија 1: 11:00 – 13:00 (возраст 8-12 години)
🕞 Сесија 2: 14:00 – 16:00 (возраст 13-18 години)
📍 Локација: Китино Кале
⚠ Ограничен број места! Пријавете се сега за да ја резервирате вашата уметничка авантура! 🎨✨
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (10 април)
-
Кичево21 час
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за петок (11 април)
-
Хроника8 часа
(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД
-
Дом и уредување1 ден
Дали имате мувла во домот? Овие три секојдневни навики можат да бидат причината
-
Lifestyle1 ден
Без хемикалии и бои: Како природно да добиете виолетови велигденски јајца
-
Магазин1 ден
Дали полнењето на телефонот до 100% ја уништува батеријата? Еве што велат експертите
-
Магазин1 ден
Snapdragon 8 Elite Gen 2: Моќен нов чип со поддршка за LPDDR6