Македонија
Предмалку почуствуван земјотрес во нашата држава
Предмалку почуствуван земјотрес во нашата држава.
Официјалните информации говорат дека епицентарот е во с.Леуново – Маврово.
Станува збор за земјотрес со јачина од 5 степени по рихтер.
Дополнително, добивме информација дека предходно имало два последователни земјотеси со епицентар во Албанија, додека третиот да биде лоциран на наша територија и исто така да биде почуствуван и во соседна Албанија.
Засега не е познато дали се причинети материјални штети.
Дел од граѓаните преку социјалните мрежи коментираат дека доста добро се тресело тлото што до сега и не почуствувале ваков изразито силен земјотрес.
Seismically confimed. Around M5 felt in several countries #Albania & #North Macedonia https://t.co/eGhTE2ZUCi
— EMSC (@LastQuake) November 11, 2020
Македонија
МВР добива нова современа машина за печатење лични документи
Македонија
Од утре започнува законската одредба за поседување зимска опрема
Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи (Службен весник бр. 31 од 2010 година).
Согласно Правилникот, како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
Како зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала ( 4×4 ) се подразбира:
· зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
· пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 кг. се подразбира:
· зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
· пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала
· автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M & S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Македонија
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона
Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од општините Охрид и Дебрца, одговорни за зимско одржување на улиците и патиштата како и со градежните компании кои, работаат на изградба на автопатот Охрид-Кичево.
Целта на состанок е координација и дефинирање на предлог мерките за поуспешно дејствување на сите надлежни субјекти повикани за зимското одржување на патиштата и безбедно одвивање на патниот сообраќај во зимски услови.
Притоа, беа ажурирани работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона и прецизно се дефинираа задачите и обврските на сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика.
На работниот состанок беа утврдени материјално техничките средства и човечките ресурси со кои располагаат надлежните јавни претпријатија за одржување на патиштата и улиците, нивната подготвеност за преземање на мерки за зимско одржување на патиштата, навремено известување и координација за состојбата на патиштата.
Работниот состанок значи уште еден обид за синхронизирање и координирање на мерките на сите субјекти поврзани со зачувување на употребната вредност на патиштата и високо ниво на функционална состојба што треба да овозможи непречен и безбеден сообраќај во зимски услови, за Порта.мк денес истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево8 часа
(ВИДЕО) Ново име на музичката сцена, кичевчанецот Христијан Трајаноски ја преработи „Само за тебе“ од доајенот на македонската народна песна Круме Спасовски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (14 ноември)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (15 ноември)
-
Хроника2 дена
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
-
Временска прогноза20 часа
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали
-
Спорт13 часа
Младата репрезентација на Македонија до 18 години на тренинг камп во Кичево, каде ќе одиграат и контролен меч против тимот на Арсими
-
Македонија1 ден
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона
-
Спорт1 ден
Милевски и Димитриевски со позитивна енергија го дочекуваат утрешниот меч против Летонија