Следете не

Скопје

Предновогодишна треска со DJ Deborah De Luca во Скопје!

Објавено пред

на

Таа е дефинитивно најбрзо растечкиот талент на светската техно сцена. Deborah De Luca е на бесконечна светска турнеа додека во исто време ја раководи својата издавачка куќа Sola mente records каде ја пласира музиката што ја продуцира…

Во моменти кога е на самиот врв во оваа индустрија и настапува на најголемите и најважните подиуми ширум светот Deborah De Luca повторно решава да го стави Скопје како една од последните станици од оваа година.

Со овој гест таа покажува почит кон една од најдобрите публики во Европа, публика која таа почит ја заслужи на претходните настапи во нашата земја и со право ја стави на пиедесталот на омилени музичари кои некогаш настапувале кај нас.

Таа е миленик кај повеќе генерации, а моментално е една од најабараните артисти, неодамна шпански Vogue ја опиша како “Италјанската Dj-ка Deborah de Luca, една од денешните најголеми кралици на техно музиката“.
Настанот ќе се реализира на 28 декември во големата сала на А1 Арена (екс. сала Борис Трајковски) со почеток од 22:00.

Влезниците во претпродажба се со промотивна почетна цена од 600 денари.

Македонија предновогодишно ќе има можност да се забавува со урбан звук како примерот на големите светски метрополи, а за заокружување на оваа урбана приказна најавуваме беспрекорна организација со високи стандарди која за момент ќе Ви овозможи да се чувствувате како да сте дел од најголемите музички настани во светот.

Ние дел од медиумските покровители ќе бидеме дел од овој гламурозен настан, не пропуштајте и вие!

Скопје

(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/youtube

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.

Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи. Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе...

Скопје

(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Објавено пред

на

©porta.mk

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира хуманитарен меѓународен натпревар помеѓу екипите „ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот Св. Јован Бигорски“ и гостите од Р. Србија – поклоничко друштво „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.

Победник на натпреварот беше гостинската екипа „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.

Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од несреќата во Кочани.

Преку нашиот медиум, екипата домаќин упатува голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа.

Галерија од настанот:

Прочитај повеќе...

Скопје

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

Објавено пред

на

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт12 минути

Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на...

Македонија4 часа

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија6 часа

Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија6 часа

МВР санкционира 2.508 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава во текот на продолжениот викенд

Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд (28/29/30/31.03) во рамки на редовните сообраќајни контроли...

Македонија6 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“

Во прославениот и прекрасен духовен дом на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица одекна моќниот благоѕунлив звук на новата камбана–благовесник,...

Магазин8 часа

BlackBerry повторно на пазарот: Дали легендарниот бренд се враќа со 5G смартфон?

Легендарниот телефонски бренд BlackBerry, познат по своите физички QWERTY тастатури, би можел да се врати на пазарот со нов модел....

Автомобили8 часа

BYD ја надмина Tesla: Полнач што е четири пати побрз од Supercharger?

Новата технологија на кинескиот производител BYD овозможува електричните автомобили да добијат автономија од 400 километри за само пет минути полнење!...

Магазин8 часа

Instagram додава можност за забрзување на Reels како TikTok

Instagram, во сопственост на Meta, повторно копира функција од TikTok. Овој пат, платформата воведува опција што им овозможува на корисниците...

Здравје и убавина8 часа

Apple подготвува AI асистент за здравје – пристигнува следната пролет

Apple активно ја проширува својата улога во вештачката интелигенција и дигиталното здравје, а најновиот чекор во оваа насока е Project...

Магазин8 часа

4 графички картички како алтернатива на RTX 5070

Новата Nvidia RTX 5070 не е единствената опција во својот ценовен ранг. Иако не е лоша графичка картичка, на пазарот...

НАЈЧИТАНИ