Следете не

Скопје

Вчера: Детали од прекршоци во Скопје од сообраќајната полиција

Објавено пред

на

Во текот на изминатиот ден (28.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 35 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, еден возач на моторцикл поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.

Извор: СВР Скопје

Скопје

(ФОТО) На „Бит Пазар“ пронајдени и одземени 10,000 пиротехнички средства наменети за продажба

Објавено пред

на

Денеска (20.03.2025), полициски службеници од СВР Скопје на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.Д. (53) од Скопје. При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.

По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето е задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

ФОТО: МВР

ФОТО: МВР

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

Објавено пред

на

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР за јавноста.

Прочитај повеќе...

Скопје

ЗНМ и ССНМ бараат објаснување од МВР и АЦВ за информативниот разговор на новинарите во врска со летањето дронови

Објавено пред

на

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост поради повикувањето на информативен разговор на новинари, меѓу кои и претставници на меѓународни медиуми, по синоќешниот собир во Скопје.

Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси два часа откако протестот веќе започна. Дополнително, во соопштенијата на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, за градот Скопје воопшто не беше спомената ваква забрана. Ова отвора сериозни прашања за правната основа на постапката кон новинарите, целосното соопштение прочитајте го на официјалниот проглас на ЗНМ, ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура45 минути

Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост,...

Временска прогноза12 часа

Доаѓа медитерантски циклон кој носи големо количество на врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност, од недела (23 март), а особено во текот на следната седмица (во периодот од 24...

Спорт12 часа

Голем гест за почит, средствата од билети на мечот Пелистер – Вардар ќе одат за семејствата на загинатите во Кочани

ФК Пелистер вечерва ја извести јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло...

Македонија14 часа

(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се...

Спорт16 часа

Македонската фудбалска репрезентација утре стартува со првиот меч во квалификациите за СП 2026, Милевски се надева на победа со која ќе се продолжи серијата позитивни резултати

Утре македонската „А“ фудбалска селекција ќе го одигра првиот квалификациски меч против Лихтенштајн во Вадуц за пласман на СП 2026....

Автомобили21 час

Дали знаете за што служи ова копче во автомобилот? Повеќето луѓе го користат погрешно

Со порастот на температурите, вклучувањето на клима уредот во автомобилот станува неопходно. Сепак, многумина не добиваат брзо и ефикасно ладење...

Магазин21 час

Рецепт од нашите баби: Како да направите домашно кисело млеко?

Иако денес киселото млеко лесно се наоѓа во продавниците, вкусот на домашното кисело млеко не враќа во детството. Процесот на...

Lifestyle21 час

Оревите за појадок – тајната за здравје и брзо слабеење

Ако сакате да ја подобрите когнитивната функција, да одржувате високо ниво на енергија и истовремено да поддржувате здрава исхрана, јаткастите...

Магазин21 час

Intel со раст на акциите од 16% по назначувањето на нов извршен директор

Акциите на Intel забележаа раст од над 16% откако компанијата го именуваше Лип Бу Тан за нов извршен директор. Инвеститорите...

Автомобили22 часа

Како да ги поправите малите гребнатини на автомобилот (и што да избегнувате)

Гребнатините на автомобилот се неизбежни, без разлика дали се резултат на невнимание или надворешни фактори. Пред да одите во сервис,...

НАЈЧИТАНИ